Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Овој Јурина на Вардар добро ќе им дојде на овој тим што го имаме сега.Што викате?
 
Овој Јурина е страшен 25 год,прав гол играч.Но пратен е на позајмица во Шкупи ќе си го приберат тие Челик.
Стојановски десниот бек е дете на Вардар треба да си се врати дома.Oдиме утре на 3 бода..Го немаме Мицевски но тука е Адем и Најдовски најверојатно а позади ќе си почне Серафимов.
 
Одма се гледа дека е една класа подобар од напаѓачите од нашава лига ама не знам зошто е пратен на позајмица овде.Во најмала рака може да игра во прва хрватска лига.
 
Овој Јурина е страшен 25 год,прав гол играч.Но пратен е на позајмица во Шкупи ќе си го приберат тие Челик.
Стојановски десниот бек е дете на Вардар треба да си се врати дома.Oдиме утре на 3 бода..Го немаме Мицевски но тука е Адем и Најдовски најверојатно а позади ќе си почне Серафимов.
Kolku desni bekovi da imame Imame dva dosta se! Utre mora da se pobedii!! Samo me plashi pomosh od sudii na akademija !!
 
Стојановски десниот бек е дете на Вардар треба да си се врати дома.
Му ебам румениот образ, ни затребал во тимот. Просечен играч.
 
Денеска е најважната утакмица,ако сега тепаме со Шкенди во Тетово ќе одиме многу слободни и гарант бод ќе освоиме.
Автоматски споено мислење:

Шо не почнува бе шо кур прават овие?
 
Последно уредено:
Не сме лоши, одбраната ни е цврста, позитивно сум изненаден од Адем.
Очигледно ни фалат напаѓачи за повисоки дострели, али за во лигата ќе поминеме.
Со Аврамовски пред двајца добри напаѓачи ќе газиме све пред себе.

Некој да пише збор - два за Комити? Колку се на трибина?
 
Околу 200+ слободна проценка.
 
Според мене рутинска победа иако на моменти можевме да испуштиме големи 3 бода.Сега во Тетово со Искра можеме многу лагано да играме и цел притисок е кај нив така да со малку среќа може и да се вратиме со 3 бода ама и бод би бил одличен.Само искуството е нивна силна страна во моментов и на наши грешки може да не победат.Од другите не очекувам некоја битка за титула мислам дека се далеку од тоа.

Сеуште не верувам колку добра екипа направивме во ваков тежок период за Вардар и дека сме на +9 од "европска" Чкендија.Покрај традиционалните непријатели на Вардар и Комити најмногу умираат од мака и оние партиски ботови кои мислеа дека Вардар оваа сезона ќе испадне од лигата,а тие беа најгласни до пред два месеца.

Се надевам дека и со Матеј не е нешто сериозно,многу недостаауваше денеска.
 
Добар натпревар денес, иако немаше многу шанси.
Аврамовски и Тошевски беа најдобри поединци, а и Адем беше на ниво. Адем ти е СЕОСКИ ШУМУЛИКОВСКИ, само клиза. По 15 фаули во полувреме прави :D
Цветановски се повреди рано, а Колевски го замени. Ме изненади Тетовче што во 70-та минута го извади од игра Колевски. Тој Велковски некако е многу ситен, тешко ќе се снајде во сениорскиот фудбал.
Попзлатанов малку потфрли денес, мораше да реализира барем една од двете шанси кои му ги направија. Имавме и поништен гол по една одлична акција на Аврамовски и Попзлатанов, но се чини дека Јовче беше во офсајд. И Жуниор немаше некоја експлозивна партија, иако мислам дека токму него го бутнаа за пеналот. Многу течна акција имавме при голот, а и општо одлично комбинираме во нападот. Како што кажа тренерот на Пандевци, акциите ги сечеме уште на средина од теренот. Еден куп пати Најдовски и Адем пресекоа, па дури и Аврамовски им зема неколку топки на нивна половина, а и Тошевски правеше пресинг и не само што украде некоја топка, туку и поведуваше акција, доаѓаше дури до нивни гол.
Мислам дека Пандевци немаа ниту една посериозна шанса, а ние покрај пеналот имавме една добра шанса на Адем во првиот дел и две добри шанси на Попзлатанов во вториот дел. Исто така и Брдаровски имаше еден соло продор, но шутот заврши крај стативата.
Многу сигурно играме, со само една постава. Добро е што по дуелот со Шкендија следува пауза.
Видете ја само клупата за резерви, мислам дека само Илиќ има над 20 години.
Секоја чест за она што го играат и за првото место. На пауза сигурно сме први, да видиме дали ќе извадиме барем бод од Тетово следно коло.

На трибина одлична атмосфера, не ги осеќаш 90-те минути како летаат :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom