Пола од тие "мажјаци" што глумат сега, не фатиле да се испеглат, средат креветот или собата целосно, немаат пржено јајца еднаш во животот, сакаат да бидат алфа фактор во врската или бракот.
Цело време им било - Нека сине, мамичка ќе среди, мама ќе ти зготви, мама ќе те испегла, ти поспиј си, уште е рано. Дојде време за спорт на тв, нозе на маса, пиво и разни грицки, алишта на сите столови, мајката трча да среди, ќе биде чисто се до следниот ден.
Тие навики, се пренесуваат во врска/брак. На почеток ќе глуми посветен, подоцна и не така.
Ќе биде научен секогаш да трчат по него, да биде среден и испеглан, влакно да не му фали. Такви има со лопата да ги ринеш.
Сакаат да се извадат со цепење дрва еднаш годишно, ете јас како женско научив да цепам дрва некогаш кога ми било потребно за потпалок на оган па не се фалам со тоа.
Но.. да бидам искрена, не значи дека не постојат и од женскиот пол такви лиглиња кои се фалат дека не знаат да готват, смешно им е, а ги мрзи да се потрудат да направат нешто, се будат на пладне, лутат до раните утрински часови, пијанчејќи се мислејќи дека тоа е прејако, големо достигнување, what a life, dude.
Не дека во врска не можеш да увидеш кој каков е, но некој е толку способен да се крие што нема да го препознаеш во брак, сериозно.
Друго, за жал, живееме во таква средина, со заостанат менталитет дека на жената местото и е во кујна, на мажот пред тв или да дреме во кладилница со пиво пред него 3 часа лигавејќи го со мисли во глава, ме кутна една утакмица, ќе одам дома да јадам, женичката зготвила и исчистила, хехе. И така секој ден.
Срамота било, мажот да готви, измие садови, фати прашина, чисти со правосмукалка, па затоа земал жена, да му слугува дома, како што правела претходно мајката.
Мене како женско, не ми пречи воопшто да готвам или исчистам, да средам куќата, ама ако поминува во навика, не прави ништо туку цел ден да јаде пие и спие а јас да трчам по него, нечеш брате.
Ништо нема да те чини да ги прибереш алиштата, или поминеш еднаш со правосмукалка или крпа, би ми било од помош, многу, ама некои се навикнати цел живот да бидат третирани како кралеви не кревајќи потешко од вилушка.