Let’s talk about реалноста baby…
Пред многу години гледав еден филм. Ја заборавив неговата содржина, ги заборавив глумците па дури и самиот наслов на филмот, но филмот почнуваше со една реченица, мислам дека беше од некој важен лик од историјата но можеби и грешам а реченицата одеше вака:
„Реалноста е производ на човековиот ум, и како што не постојат два идентични ума така не постојат ни две исти реалности. Така реалноста на еден ум може да биде лудост за друг…“
Реченицава остана се што од филмот остана во мојата меморија од тинејџерските години до денес. Изгледа дека имало причина за тоа. Во бесконечниот универзум на реалности, мораше токму нам да ни се падне реалноста на господинот Мицковски, попознат меѓу народот како #Жмиц. Од толку реалности на светов, нам ни се погоди „лидер“ на опозиција кому
преспанскиот договор му е реалност, оној кој ја поништува нашата целокупна идентитетска и генетска суштина, кој од битија не прави небитија, вчера создадена ГМО нација без корен и иднина. Тоа е ставот на Мицкоски, преспанскиот е реалност и ако сакаме да се поништи (тој и неговата опција да го поништат)
мораме да му дадеме две работи, 80 пратеници и Бадинтер. Тоа е. Според него нема друг пат.