Дали има шанси да добијам БГ пасош со следната ситуација?
Прабаба родена околу 1910 во БГ попишано целосно христијанско село. Го најдов селото во следната книга:
Македонија. Етнографија и статистика - В. Кѫнчов'
Не знам кое и е моминско презиме на прабабата, за така да ја барам по институции и немам никакво крштениче или нешто слично од неа. Никакви документи.
Прво прашање, дали можам тоа да го најдам во подрачната служба за издавање на такви изводи на родени?
Второ прашање, (уште позначајно)... после прабаба ми (нејзиниот син, мој дедо) самоволно во СФРЈ го променил презимето и има сосема различно презиме од својата мајка.
После дедо ми, неговата ќерка (мајка ми) го менува - крати своето презиме без „СКИ“ и сега сум Крстев наместо Крстевски.
Дали има шанси ова некако да се поврзи преку документи и уште ПОВАЖНО, дали истото би го важеле во Бугарија или за џабе ќе потрошам време, нерви и пари?
Доколку некој бил во слични срања нека пиши.
Посредниците нека ме одбегнат бидејќи и онака не планирам процедурата да ја терам преку посредник.