СЈО е пропала прича ... се сеќавам пред 4 години летото 2015 кога се формираше СЈО нели за време на тие Пржинските преговори народот гледаше во СЈО како во господ, народот имаше големи очекувања дека конечно после скоро 3 декади самостојност на ова државиче конечно и не само обичните граѓани туку и оние крупните риби политичарите од највисок формат, премиери, претседатели на држава, претседатели на парламент, министри и градоначалници, а да секако и олигарсите ќе одговараат за своите недела но еве после повеќе од 4 години постоење и неколку десетици милиони евра државни пари профуцкани за џабе ниту еден случај од сите тие фамозни ТТТТТТТТТТТ случаи што ги отворија Катето и нејзините компањонки не процесуираа докрај и ниту една крупна ѕверка не стрпаа во затвор, џабе толку Заев пред да стане премиер лаеше и покажуваше мускули, ќе ладел живи луѓе, ќе апсел, ќе си лежите и.т.н.
И по којзнае кој пат политичарите и олигарсите победија, а народот си остана извисен, разочаран и со прстот во уста !
Бесцелно е без разлика дали и понатаму ќе постои ова СЈО или како што најавија дека сите предмети ги превзема и официјално ОЈО веќе е бесцелно и после толку години дрн-мрн дури и мислам дека веќе овие предмети/случаи се застарени, без докази освен оние ало-ало началниче лаф-муабети и глупости што ги слушавме во бомбите на Заев и треба конечно да се прекине со оваа фарса и траги-комедија и сите овие судски предмети да се прогласат за невалидни, пропаднати и затворени случаи !
Малку му е на народот.
Тоа и го пишував пред некој ден, народот даде огромна поддршка на Заев и СЈО само да го види Груевски зад решетки. Веруваше на сите спинови и лаги на Заев и СДСМ кои створија таква слика за Грујо и Вмро као да се најголемите клетници на овој народ.
Народот веруваше во тие работи и потпиша договор со ѓаволот само да го види Грујо како лежи.
Арно ама веќе 4 години гледаме како тоа фамозно СЈО, со цела поддршка на јавноста, со подршка од власта, со подршка од Американската Амбасада и Европа, со толкав буџет не успеа да го фати Грујо за некаков криминал и да го осуди.
И сега ние како народ не сакаме да признаеме дека сме направиле грешка, односно без издржани докази сме верувале во лагите на Заев и сдсм дека Грујо е најголемиот олош и дека заслужува, не затвор туку бесилка.
Можеби требаше да замине од власт, но тоа требаше да биде на фер и демократски избори, а не присилно симнување од власт со притисоци и апсења.
Барем мене, и тогаш ми беше јасно, а сега на сите им е јасно ,дека СЈО беше форимрано само да гони наводен криминал на ВМРО и да го бутне Грујо од власт.
Но, ете што се роди договорот меѓу 4те партии, кога формираа толку моќна институција со неограничени овластувања и моќи. Се роди монструм.
Е затоа сега народот плаќа и допрва ќе плаќа за сопствените грешки.
На крајот на денот знаеш како викаат, секој народ заслужува власт онаква каква што има.