сакаш да кажеш дека за плус 8000 денари отприлика за 2 вработени, фирмите ќе стават клуч на врата? Ами како не ставија клуч со утврдување 12000 минималец, ако знаеме дека претходно се исплаќаше по 9-10000 туку напротив невработеноста се намали, вработеноста се качи?
Или како тоа пред тие 12.000 минималец, од 8000, минималната
плата се качи на 10080 денари (со план до година доколку земеле мандат на 13500), а во истиот тој период исто се зголеми вработеноста, се намали невработеноста?
Или од каде годишното покачување на пензии од 5% па од 2016 за 10 години просена пензија пораснала за 80%, а најниската за 95%, посебно ако знаеме дека придонесите се намалени?
И тоа изјави од човек кој кога министеруваше во 90тите, платите во јавните, подоцна и реалниот сектор беа качени во просек 50 и повеќе проценти?
и Муцкоски е машинец па не гледам да е проблем и за земјоделие да дискутира. Па и Шеќеринска електричар и икс персони беа еднаш доктори па наставници....
кои се тие професии, во кои фирми и во какви услови работат? за да знам на кои мислиш.
1, 3 вработени не можат да работат 4 работи ниту 2 смени. Затоа ќе си намали од џиповите и одморите по Хаваи, ручеци и пијанки по кафани и швалерки, ќе зголеми плати. Парите се тука, нерамномерно се распоредени, личната потрошувачка на узда се намалува, домашното производство и трговија ради тоа исто имаат последици. Кога се држат плати на узда долго време, сите имаат проблем.