Имам земено Мандарина, незнам дали е соодветна тема да поставам тука, Но ми се исушија лисјата и паднаа... Дали постои некое чаре, да го повратам? и како да знам дали е сеуште живо? Го поливав секоја 2ра вечер.
Се работи за џуџеста мандарина
Мој другар мислам дека има таква мандарина. Со години му седеше дако исушено мало дрвце кое имаше по некој лист и суви гранчиња. Еднашка почна да го шиша. Ги отсекување крајните делови од сувата “грмушка“, па почна да зазеленува и да раѓа по некоја мандаринка.
Jas rabotev vo cvekjara, i nikogas nemav slusnato bambusot da se sadi vo saksija.
Go cuvas vo voda, i ne mu ja menjavas, samo koga kje vidis deka se namaluva doturas nova. Bambusot saka necisto, zatoa sto e rastenie koe raste vo bari/mocurista.
Имам другар во Скопје, кој дворот има насадено бамбус. Мене лично не ми се допаѓа. Не бара посебни услови. Го има добиено од комшијата , кој во дворот има бамбус. Така да, пробај насади бамбус во двор. Не ти треба саксија или нешто екстра услови.
Некој да има садено лимон? Искуства?
Дома 20 години имавме лимони. Јас не се грижев за нив. Ни беа на источната страна од куќата. До 11 саатот ако ги грееше сонце, потоа цел ден беа под сенка. Зимскиот период беа сместени во внатрешните скали од северниот дел на куќата, без греење, колку да не премрзнат. Сонце скоро ич не ги фаќаше, но имаа доволно светлина. Внатрешните скали ни се со сталкени ѕидови и се наоѓаат на северната страна од куќата. Во зимскиот период, исто така растеа лимони (тоа го имам приметено). Кога ги имаат фрлено моиве, немам приметено.
Некој Авокадо да одгледува? Како иде со садењето на земјата? Што земја користите за садење? Веќе стеблото порасна околу 40 цм и горниот дел почна да се разгранува со доста листови. Е сеа, на интернет што читав требало да го скратам на околу 6 инчи кога ќе потпорасне. Дали да го сторам тоа или нема потреба? Пошто вака доста е убаво, и разгранувањето му е прекрасно.
Еве ти слика од моето авокадо.
На
Св.Трифун ќе наполни 2 години откако изрти семката. Вчера го сликав. Првата година израсна 1.3 метри, до црвената линија на сликата. Зимскиот период го шетав по соби да му најдам место кое одговара. Додека му најдов место, пола од листовите станаа кафеави. Се сушеа. Така останаа засекогаш, се гледа на сликата што остана читаво. Мислев дека е од ладното, но сега мислам дека му требаше сонце. Авокадото е како сончоглед. Стави го обратно од сонцето , тоа ќе се сврти кон него. Во моментов има висина од 2- 2.2 метри. Многу сака сонце и вода. Има нежни гранки, мислам дека не треба да се чува изложен на ветер. За да се раѓа авокадо , треба да имаш повеќе дрвца авокадо. Да се збиени едно до друго и кога ќе дувне ветер да се опрашат меѓусебно. Тешко се опрашувале. Во континентален дел од Европа, му успеало на некој во Хрватска, кој го има засадено во двор и му опстојува. Јас планирам да го засадам во двор следната година.
Засега добро поднесува ладно, само не знам како и дали би го преживеал минусниот температурен период од зимата.
Имам ананас , ми се фати во мај.
Пред 20 дена го внесов дома под клима на топло. Почна да пожолтува, па од цел зелен остана ваков каков што е на сликава. Го вратив надвор и веќе 10 дена не жолтее. Сега стагнира. Во двор ќе го оставам . Ако перзими, негова среќа. Барем ќе научам нешто од него.
Имам изртено мали ананаси, од семка.
Ми останаа само 2 вакви. Досега не ми успеало некој ананас да ми презими. Некогаш ми го јадат црви, мувла ќе го исуши, саксиите со ананас по случајност ќе ги превртам наопаку, ... итн.
Од семки досега имам изртено и пораснато: манго, киви, кајсии, јаболко,цреши, мандарини, портокали, лимони , цитрони, мандарини. Само кајсиите преживејаа, другото се се исуши. Летниот период не сум дома и нема кој да внимава на нив. Од сето ова наброено, само мангото го поклонив на тетка ми, но не успеа. Изгледа кога парното го исклучија април, се суши за кратко време.
Сега имам намера од семка да изртам маслинка, крушка и лубеница. Кога ќе најдам пау пау ( индијанска банана ) , желба ми е и тоа да го изртам од семка. Има два вида на семки, само досега не сум нафатил да го најдам на ова овошје.
А може во блиска иднина да пробам со обична банана . Баш денес читав за обична банана.
Поздрав.