Секој апарат за крвна слика и клиничка хемија си има СВОИ референтни вредности и си користи дадени реагенси и производителот ги дава вредностите и тие се земаат како вредност. Не ставај кумплунг од фиќо у Мерцедес.
се оградувам од твое мислење (некогаш се сложувам со тебе, некогаш не) и сега јас само си го кажувам моето мислење што е различно од твоето!
...табелата е дадена за финесите во резултати на педијатриска возраст изразена во иста мерна единица, не можеш да бараш исти гранични параметри како возрасна особа, тука не зборуваме за лаборатории и нивни апарати и реагенси!
...вниманието кон „анемијата“ на детето, а не се гледа приоритет на факт дека има покачен билирубин (двете форми- конјугираниот билирубин уште се нарекува директен, а неконјугираниот индиректен), што ова клиничното значење за покачена вредност на билирубинот се однесува на дијагнозата-жолтица!??
...значајно е испитување на билирубинот во урина (не е направено кај бебето или не е постирано) оти ТУКА во урината се појавува само директниот билирубин и е параметар за јетрено заболување со што ќе се знае со точност што се случува ако ги споиме и покачените вредности на хепатални трансаминази, но не му направиле лабораториска анализа на уринарен статус на бебето со што ќе се видеше тој параметар!
... потоа мајката не даде опис на било што околу бебето што симптоми има дали има светла столица, дали има пожолтена белка на очи, по телото, температура итн, туку само ги покажа лабораториските резултати!
...тоа не е новородено, па да биде оправдано покачениот билирубин поради да речеме физиолошка жолтица која трае недела дена кај нормално новородено (зголемено создавање на билирубин поради пократкиот век на еритроцитите на новороденото, нарушување во транспортот на билирубинот, неговото прифаќање во црниот дроб, како и намалена можност за неговата конјугација, зголемена апсорпција на билирубинот од цревата!( каде ќе го вметнам и фактот како последица на предозирање со Витамин К инјектирано „од око“ на новородено за 24 ч !)
...јетрата на новороденото презема многу од виталните функции коишто порано ги извршувала јетрата на мајката додека бебето си беше во постелката и во тој периодот на адаптација на новите услови на живот се појавува незрелоста на црниот дроб на новороденото)! но, тука се работи за тримесечно бебе!
... можно е, доколку бебето се родило предвремено да биде тој период на исфрлување на билирубинот од телото наместо за една недела продолжено за два месеци (пролонгирана физиолошка жолтица) или пак стекнато нарушување во излачувањето на конјугираниот билирубин од хепатоцитите во жолчните каналчиња или пак поради нарушување во истекувањето на жолчката низ жолчните канали, дали тоа е предвремено родено, не е кажано од мајката!
... можно е, доколку мајката нема доволно млеко, а со тоа и бебето не внесува доволно млеко тогаш нема можност на исфрлување на билирубинот од телото, па да се задржи повеќе од недела дена па да тера до три месеци! со препорака за почесто доење и давање на дополнителна млечна формула, како и давање на глукоза 5% р-р(во 100ml вода за бебе се додава равна кафена лажичка шеќер) која помага да се предизвика честа столица и преку неа да се исфрли што повеќе билирубин!
... можно е, бебињата од мајки со Рх фактор сензибилизација, значи мајки Рх негативни што родиле Рх позитивни деца, а при тоа не добиле заштита, како и бебиња од мајки со О крвна група, а бебињата се со друга крвна група наследена од таткото, кај ваквите релации и состојби доаѓа до побрзо распаѓање на еритроцитите при што доаѓа до ослободување на поголемо количество на билирубин! ама мајката не ги назначи крвните групи!
... како и да е, кај ова тримесечно бебе педијатарот може и МОРА да препише фототерапии (светлосни терапии), под кои се подразбира ставање на бебето само во пелена под посебно плаво светло кое помага неговото тело да се избори со билирубинот, така што ќе се излачи или во домашни услови бебето само во пелена се остава до прозор (без завеса) да се сонча 10 минути на грб и 10 минути на стомак еднаш дневно, оти билирубинот е токсичен за мозокот има разни компликации па се до тешки енцефалопатии!
а не тука се зборува за некоја анемија, а билирубинот и покачените јетрени ензими не ги приметуваат и, тука се работи за тримесечно бебе, ама вака без да приметат дека бебето е жолто (белка на очи, тело) и да се превземат мерки, мислам нема смисла! посебно што истото е подложно на редовна имунизација што при ВАКВА СОСТОЈБА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ВАКЦИНИРАНО!
Еритроцити дека не ти биле у ред ти нае бијонс па сеа ти види.
...ти слободно кажи си го своето мислење, не ме цитирај!
Па земаш терапија и очигледно делува, што проблем гледаш сега? Со оглед на новите гајдлајни
лдл треба да биде кај коронарна атеросклероза околу 2,6 . Резултатот ти е супер. Ако сакаш да го качиш онда земаш 500 грама чварки ударна доза
кхх, кхх кх, се извинувам, тука зборуваме за направена анализа на вкупен холестерол, а не за ЛДЛ!