Анализа на крв - толкување резултати

Член од
10 февруари 2013
Мислења
30
Поени од реакции
8
И што предложи педијатарот кога ја виде крвната слика или само ти рече дека не е добра?
Боже.
Рече дека неможе да ни каже,да не не плаши. Може многу работи да се во прашање. Јас инсистирав да ни каже дали може да е нешто сериозно,остана на тоа дека сепак не е толку стручна за да погодува. Не праша дали докторката од доенче не препратила на хематологија. Јас и реков дека не ни предложи такво нешто..Инаку важи за многу добар педијатар и ретко кога греши...затоа сум многу исплашена. Според вас крвнава слика? Викенд фаќа за да појдам пак на доенче,а без ум сум..
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727

Оди на хематологија.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Имам близок човек што се плаши од вадење крв. Како или по која метода би му помогнал за да го победи стравот и да извади крв?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Не ми е мерен хдл, лдл туку само вкупен холестерол. Во граници 4.1-5.2, најдено ми е 2.8 и пишува low. Дали е опасно (не можам да правам повеќе лаборатории за хдл и лдл, се измрцварив 3 дена по лекари) ако е низок и како да се покачи. И б12 ми било пониско. Триглицериди се во нормала, 0.68.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Не ми е мерен хдл, лдл туку само вкупен холестерол. Во граници 4.1-5.2, најдено ми е 2.8 и пишува low. Дали е опасно (не можам да правам повеќе лаборатории за хдл и лдл, се измрцварив 3 дена по лекари) ако е низок и како да се покачи. И б12 ми било пониско. Триглицериди се во нормала, 0.68.
Опасно?? Одличен резултат е тој.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Дали може некој да ми ја прочита крвната слика? Се работи за 3 месечно бебе. Од оддел Доенче и метаболизам ми рекоа дека е добро освен што е слабокрвна. Ама педијатарот кога ја виде рече не е добро. Ме преплаши.Прегледај го приврзокот 215225Прегледај го приврзокот 215227
... што направивте? како е бебчето?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.899
Поени од реакции
8.476
Рече дека неможе да ни каже,да не не плаши. Може многу работи да се во прашање. Јас инсистирав да ни каже дали може да е нешто сериозно,остана на тоа дека сепак не е толку стручна за да погодува. Не праша дали докторката од доенче не препратила на хематологија. Јас и реков дека не ни предложи такво нешто..Инаку важи за многу добар педијатар и ретко кога греши...затоа сум многу исплашена. Според вас крвнава слика? Викенд фаќа за да појдам пак на доенче,а без ум сум..
Од сликата се гледа дека има анемија, која може да хемолитична (за ова е потребно дополнително доуточнување) и дека има покачени параметри на холестаза што може да бидат во рамките на хемолитичната анемија или пак во рамките на обструкција на жолчни патишта што во случај на доенче е малку веројатно или пак црнодробна инсуфициенција (мада и за ова требаат дополнитени испитувања) толку може да се каже од овие слики.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Не ми е мерен хдл, лдл туку само вкупен холестерол. Во граници 4.1-5.2, најдено ми е 2.8 и пишува low. Дали е опасно (не можам да правам повеќе лаборатории за хдл и лдл, се измрцварив 3 дена по лекари) ако е низок и како да се покачи. И б12 ми било пониско. Триглицериди се во нормала, 0.68.
просечната стапка на вкупен холестерол во крвта на мажите изнесува
3,6-5,2 mmol / l. све што е под и над не е добро, да не се лажеме!
...иако се смета дека тоа НАД е поопасно по здравјето, но и тоа ПОД не е за потценување, холестеролот околу 20% се внесува со исхрана (путер, жолчка од јајца, свинско и говедско месо, масна риба,а другите 80% холестерол го создава самото тело-јетрата, значи можно е проблем со јетрата штом е низок холестеролот ако исхраната не е диетална и се внесуваат продукти кои содржат холестерол!
... нискиот холестерол може да доведе до намалување на сексуалната активност и неплодност, депресија, намален имунитет, заборавност и намалено психичко расудување, проблеми со штитна жлезда, анемија, пукање на крвните садови- хеморагии, зголемен ризик од зависност од алкохол (неколку пати повеќе од обично) !
така да, не треба да внимаваме само кога е покачен холестеролот, туку и кога е намален, оти холестеролот е потребен да функционира телото посебно мозокот и создавање на хормони дали од надбубрежната жлезда дали репродуктивни... итн.
...минималната количина на холестерол во крвта е 2,9 единици и тоа кај деца при раѓање, а све друго треба да се превземат мерки!

...затоа велиме холестеролот треба да е во таа нормална граница ни под, ни над!
Дали може некој да ми ја прочита крвната слика? Се работи за 3 месечно бебе. Од оддел Доенче и метаболизам ми рекоа дека е добро освен што е слабокрвна. Ама педијатарот кога ја виде рече не е добро. Ме преплаши.Прегледај го приврзокот 215225Прегледај го приврзокот 215227
... не знам зошто не се земаат во превид покачените лимфоцити и тромбоцити?
покачениот билирубин ( директен,тотален) може да е последица од предозирање на внесениот Витамин К кој што „удри“ на јетрата како новороденото, AST, GGT како хепатални трансаминази покачени, алкална фосфатаза дупло покачена!
... со право се загрижил педијатарот, анемијата е секундарен проблем тука!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.899
Поени од реакции
8.476
просечната стапка на вкупен холестерол во крвта на мажите изнесува
3,6-5,2 mmol / l. све што е под и над не е добро, да не се лажеме!
...иако се смета дека тоа НАД е поопасно по здравјето, но и тоа ПОД не е за потценување, холестеролот околу 20% се внесува со исхрана (путер, жолчка од јајца, свинско и говедско месо, масна риба,а другите 80% холестерол го создава самото тело-јетрата, значи можно е проблем со јетрата штом е низок холестеролот ако исхраната не е диетална и се внесуваат продукти кои содржат холестерол!
... нискиот холестерол може да доведе до намалување на сексуалната активност и неплодност, депресија, намален имунитет, заборавност и намалено психичко расудување, проблеми со штитна жлезда, анемија, пукање на крвните садови- хеморагии, зголемен ризик од зависност од алкохол (неколку пати повеќе од обично) !
така да, не треба да внимаваме само кога е покачен холестеролот, туку и кога е намален, оти холестеролот е потребен да функционира телото посебно мозокот и создавање на хормони дали од надбубрежната жлезда дали репродуктивни... итн.
...минималната количина на холестерол во крвта е 2,9 единици и тоа кај деца при раѓање, а све друго треба да се превземат мерки!

...затоа велиме холестеролот треба да е во таа нормална граница ни под, ни над!

... не знам зошто не се земаат во превид покачените лимфоцити и тромбоцити?
покачениот билирубин може да е последица од предозирање на внесениот Витамин К кој што „удри“ на јетра како новороденото AST, GGT како хепатални трансаминази покачени, алаклна фосфатаза дупло... анемијата е секундарен проблем тука!
Покачените лимфоцити и тромбоцити се нормална реактивна реакција на коскената срж при акутна анемија поради нејзиното компензаторно стимулирање.

И анемијата доаѓа од вит К?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Покачените лимфоцити и тромбоцити се нормална реактивна реакција на коскената срж при акутна анемија поради нејзиното компензаторно стимулирање.И анемијата доаѓа од вит К?
1567894998035.png

да видиме поконкретно за вредности кај бебчињата според возраста!

1567895080296.png

ако се спореди со приложената лабораториска анализа на тримесечно бебе слободно може да се каже дека нема воопшто анемија? или има? со што се оправдува високите вредности на лимфоцити и тромоцити?
и ДА, приложените високи резултати на билирубин и хепатални трансаминази укажува на предозирање на првичната доза на новороденчето со Витамин К, а проблем со анемија не би рекла да има, нели?! или?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.899
Поени од реакции
8.476
Прегледај го приврзокот 216809

да видиме поконкретно за вредности кај бебчињата според возраста!

Прегледај го приврзокот 216810

ако се спореди со приложената лабораториска анализа на тримесечно бебе слободно може да се каже дека нема воопшто анемија? или има? со што се оправдува високите вредности на лимфоцити и тромоцити?
и ДА, приложените високи резултати на билирубин и хепатални трансаминази укажува на предозирање на првичната доза на новороденчето со Витамин К, а проблем со анемија не би рекла да има, нели?! или?
Секој апарат за крвна слика и клиничка хемија си има СВОИ референтни вредности и си користи дадени реагенси и производителот ги дава вредностите и тие се земаат како вредност. Не ставај кумплунг од фиќо у Мерцедес.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Мојата исхрана по инфарктот се сведува на многу малку лебасто и тесто (лебот најчесто ни мувлосува од "користење"), повеќе кисело млеко, тенко кашкавалче, сиренце или павлака (повремено не секој ден, @Psyside не ме карај, многу ретко вечерам :)) и тоа се кравјо, доручек пример на работа интегрално мало геврече или некое готово манџиче или ориз со зеленчук), попладневен ручек потпечени зеленчукови тави, ориз, компир...и еднаш неделно 2-3 парченца бело пилешко печено. И обавезни секој ден сезонски салати (што има, првенствено зелка, рукола, домат со магдонос и кромид, пиперка свежа). Реков вечера скоро ич..еднаш месечно си дозволувам хамбургер или бурек што сметам не е премногу. Алкохол за мене не постои, газирано 2 голтки 2 пати месечно како врабец, не се некоја количина. Кафе и обичен шеќер пола година немам пробано, само какао 2 пати дневно и стевиа. И месо и газирано и слично не ми пречат што скоро не ги консумирам. Освен кебапите од Пчела и Убац :vozbud:
Истовремено наутро за одмор или викенд кога можам, пешачам до веро тафталиџе и назад, тоа се негде 7 км. Така да веројатно ваква храна во комбинација со аторвастатинот ми е намален вк холестерол и Б12. Инаку шеќери и други ствари све ми е во нормала, не е ни до висока граница.
Е сега, по 1 месец сум на контрола, меѓутоа летимично погледнато од докторот, рече железото е одлично. Дали тоа е заради какаото, не знам.
Знам дека жена ми се закани дека ќе ми го качува холестеролот, а кога таа ќе се закани богами бегајте...:) се шалам.
Во суштина се хранам и живеам сосем обратно од пред МИ од зимоска.
Не споменав дека покрај лековите по МИ, сега земам и Клоназепам и Асентра затоа што има веројатност големо влијание врз МИ имало тоа "растропување" на срцето. Као кога ќе те удри кило адреналин, бам. И заради треморите (кои ги имав од млад во поблага форма, ги имал и татко ми). Односно секој стрес или психолошка состојба кај мене чувствував забрзана/неправилна работа на срцето и појачани тремори. Не физички страв, со тоа немам проблем, него психичко делување. Дали и тоа влијае врз вакви резултати не знам.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.899
Поени од реакции
8.476
Не ми е мерен хдл, лдл туку само вкупен холестерол. Во граници 4.1-5.2, најдено ми е 2.8 и пишува low. Дали е опасно (не можам да правам повеќе лаборатории за хдл и лдл, се измрцварив 3 дена по лекари) ако е низок и како да се покачи. И б12 ми било пониско. Триглицериди се во нормала, 0.68.
Па земаш терапија и очигледно делува, што проблем гледаш сега? Со оглед на новите гајдлајни лдл треба да биде кај коронарна атеросклероза околу 2,6 . Резултатот ти е супер. Ако сакаш да го качиш онда земаш 500 грама чварки ударна доза :)
Автоматски споено мислење:

Еритроцити дека не ти биле у ред ти нае бијонс па сеа ти види.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Секој апарат за крвна слика и клиничка хемија си има СВОИ референтни вредности и си користи дадени реагенси и производителот ги дава вредностите и тие се земаат како вредност. Не ставај кумплунг од фиќо у Мерцедес.
се оградувам од твое мислење (некогаш се сложувам со тебе, некогаш не) и сега јас само си го кажувам моето мислење што е различно од твоето!

...табелата е дадена за финесите во резултати на педијатриска возраст изразена во иста мерна единица, не можеш да бараш исти гранични параметри како возрасна особа, тука не зборуваме за лаборатории и нивни апарати и реагенси!

...вниманието кон „анемијата“ на детето, а не се гледа приоритет на факт дека има покачен билирубин (двете форми- конјугираниот билирубин уште се нарекува директен, а неконјугираниот индиректен), што ова клиничното значење за покачена вредност на билирубинот се однесува на дијагнозата-жолтица!??

...значајно е испитување на билирубинот во урина (не е направено кај бебето или не е постирано) оти ТУКА во урината се појавува само директниот билирубин и е параметар за јетрено заболување со што ќе се знае со точност што се случува ако ги споиме и покачените вредности на хепатални трансаминази, но не му направиле лабораториска анализа на уринарен статус на бебето со што ќе се видеше тој параметар!

... потоа мајката не даде опис на било што околу бебето што симптоми има дали има светла столица, дали има пожолтена белка на очи, по телото, температура итн, туку само ги покажа лабораториските резултати!

...тоа не е новородено, па да биде оправдано покачениот билирубин поради да речеме физиолошка жолтица која трае недела дена кај нормално новородено (зголемено создавање на билирубин поради пократкиот век на еритроцитите на новороденото, нарушување во транспортот на билирубинот, неговото прифаќање во црниот дроб, како и намалена можност за неговата конјугација, зголемена апсорпција на билирубинот од цревата!( каде ќе го вметнам и фактот како последица на предозирање со Витамин К инјектирано „од око“ на новородено за 24 ч !)

...јетрата на новороденото презема многу од виталните функции коишто порано ги извршувала јетрата на мајката додека бебето си беше во постелката и во тој периодот на адаптација на новите услови на живот се појавува незрелоста на црниот дроб на новороденото)! но, тука се работи за тримесечно бебе!

... можно е, доколку бебето се родило предвремено да биде тој период на исфрлување на билирубинот од телото наместо за една недела продолжено за два месеци (пролонгирана физиолошка жолтица) или пак стекнато нарушување во излачувањето на конјугираниот билирубин од хепатоцитите во жолчните каналчиња или пак поради нарушување во истекувањето на жолчката низ жолчните канали, дали тоа е предвремено родено, не е кажано од мајката!

... можно е, доколку мајката нема доволно млеко, а со тоа и бебето не внесува доволно млеко тогаш нема можност на исфрлување на билирубинот од телото, па да се задржи повеќе од недела дена па да тера до три месеци! со препорака за почесто доење и давање на дополнителна млечна формула, како и давање на глукоза 5% р-р(во 100ml вода за бебе се додава равна кафена лажичка шеќер) која помага да се предизвика честа столица и преку неа да се исфрли што повеќе билирубин!

... можно е, бебињата од мајки со Рх фактор сензибилизација, значи мајки Рх негативни што родиле Рх позитивни деца, а при тоа не добиле заштита, како и бебиња од мајки со О крвна група, а бебињата се со друга крвна група наследена од таткото, кај ваквите релации и состојби доаѓа до побрзо распаѓање на еритроцитите при што доаѓа до ослободување на поголемо количество на билирубин! ама мајката не ги назначи крвните групи!

... како и да е, кај ова тримесечно бебе педијатарот може и МОРА да препише фототерапии (светлосни терапии), под кои се подразбира ставање на бебето само во пелена под посебно плаво светло кое помага неговото тело да се избори со билирубинот, така што ќе се излачи или во домашни услови бебето само во пелена се остава до прозор (без завеса) да се сонча 10 минути на грб и 10 минути на стомак еднаш дневно, оти билирубинот е токсичен за мозокот има разни компликации па се до тешки енцефалопатии!

а не тука се зборува за некоја анемија, а билирубинот и покачените јетрени ензими не ги приметуваат и, тука се работи за тримесечно бебе, ама вака без да приметат дека бебето е жолто (белка на очи, тело) и да се превземат мерки, мислам нема смисла! посебно што истото е подложно на редовна имунизација што при ВАКВА СОСТОЈБА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ВАКЦИНИРАНО!
Еритроцити дека не ти биле у ред ти нае бијонс па сеа ти види.
...ти слободно кажи си го своето мислење, не ме цитирај!
Па земаш терапија и очигледно делува, што проблем гледаш сега? Со оглед на новите гајдлајни лдл треба да биде кај коронарна атеросклероза околу 2,6 . Резултатот ти е супер. Ако сакаш да го качиш онда земаш 500 грама чварки ударна доза :)
кхх, кхх кх, се извинувам, тука зборуваме за направена анализа на вкупен холестерол, а не за ЛДЛ!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom