Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
А која е поентата да го отстраниш законодавниот дом од најважните одлуки за државата? Тогаш нека си вратат статус на монархија....и тоа, европските монархии делуваат по препораки на парламентите, практично монархот, само става параф на нешто што е веќе разработено на пониско ниво и само пресекува кога ситуацијата е блиску до нерешена.
Со втор референдум има бетон да стават и да се забрани да се проговори на оваа тема уште 100 години.

Да, одлуката не е лесна и едноставна но треба да се земат сите факти до сега. Одлуката за Британија да ја напушти ЕУ е донесена на референдум со непосредно гласање во јуни 2016 година. Денес сме скоро септември 2019 година и после повеќе од 3 години Британија е сеуште дел од ЕУ. Што направи парламентот да ја спроведе референдумската одлука? Зошто наместо да се спроведе одлука донесена на референдум, се туркаа лични и партиски агенди на политичари. И за крај, парламентот во мај одби да усвои договор постигнат со ЕУ и наместо да ја напушти ЕУ го одложи напуштањето со што практично одби да ја спроведе референдумската одлука.

Така да во ваква ситуација каде што парламентот не постапува по референдумска одлука не постои многу избор. Кралицата практично се става на страната на непосредно изразената волја на граѓаните, што на долг рок ќе се покаже како исправна одлука за зачувување на политичкиот и демократски систем.

Во спротивно ова ќе трае до недоглед а конфликтот помеѓу спротиставените страни ќе се влошува се повеќе, демократскиот процес ќе биде изигран и земјата ќе функционира без знаење што ќе се случи во иднина.
 
А кога престанале да бидат монархија ??
 
Кралицата го одобри барањето на Борис Џонсон за суспендирање на работата на парламентот во Септември. Со тоа практично целиот процес на напуштање на ЕУ е во рацете на Владата на УК.

Сега најјако ќе биде како и секој гомнојадач конзервативец да го спроведе истиот деал на Тереза Меј, без да му пречи парламентот ...
 
Ова што се случи е само доказ дека брегзит е дело на лордовите и дека англиската кралица не е баш "англиска кралица"...

а причината, тек ќе ја видиме.
 
Борис Џонсон со Амин од кралицата ќе го спроведе Brexit, let that sink in :icon_mrgr:

Не озбило, незнаев дека Кралицата има сеуште овластувања да го блокира цел Парламент... мислев дека кралствово семејство одамна нема никаква врска со политиката, и служат само како англиска традиција и забава за народот. Е не било така :/
 
Замисли да им ги пуштиме нашите “шаренковци“ има пепел да ги сторат.
Само нема да можат да го сменат уставот значи и името, Британија нема Устав!
Инаку како главна причина за излегување од ЕУропска, барем оние кои стојат зад тој процес, наведуваат дека ЕУропска се претворила во четврти рајх, и јас делам исто мислење.
Не треба да се потценува империјата сепак има под целосна контрола има 3 континента а под делумна уште 2, уште многу рабоќе ќе има.
 
Премиерот е главен советник на Кралицата, неговиот "совет" е всушност формалност, тој ја "советува" Елизабета и она само дава амин. Круната е аполитичка и само формалност. Технички Кралицата се уште има мала моќ како на пример да го одбие Премиерот но моментот кога Кралицата ќе го направи тоа ќе остане и без тоа право а веројатно и без круна.

Пред 5-6 години Кралицата имаше за право да свика избори кога ќе посака но Парламентот и го одзема бидејќи зошто да не, замисли што ќе и се деси ако отворено се спротистави на Владата на УК. Елизабета буквално има повеќе моќ во Канада отколку во УК.
 
Последно уредено:
Сега најјако ќе биде како и секој гомнојадач конзервативец да го спроведе истиот деал на Тереза Меј, без да му пречи парламентот ...

Не верувам дека истиот договор ќе го прифати. Ама може да го прифати со мала измена ако му попуштат во делот за границата со Ирска.
 
Замисли да им ги пуштиме нашите “шаренковци“ има пепел да ги сторат.
Само нема да можат да го сменат уставот значи и името, Британија нема Устав!
Инаку како главна причина за излегување од ЕУропска, барем оние кои стојат зад тој процес, наведуваат дека ЕУропска се претворила во четврти рајх, и јас делам исто мислење.
Не треба да се потценува империјата сепак има под целосна контрола има 3 континента а под делумна уште 2, уште многу рабоќе ќе има.

Сега баш и не е, ама кога ќе си отидат англичаните, ќе биде. Ќе и остават бришан простор на Германија.

Инаку, изгледа дека се во право тие што викаа дека брегзитот е борба помеѓу старите и новите елити на островот. Старите се за Брегзит, а новите против.
Е сега, зошто и како, тоа е друга приказна, ама, настрана од елитите, кои си имаат свои причини и интереси, изгледа дека со брегзитот УК си пука во нога.

Од економски аспект, за кратко време на сите им стана јасно дека можат само да изгубат, па сега буткаат некоја пропаганда како тоа што ќе го изгубеле со ЕУ, ќе го добиеле со САД, ќе носеле кинески инвеститори, итн..
Е сега, енглезиве се докажани во привлекување на капитал, цела источно-европска олигархија ја прибраа таму, за арапите па, ич да не правиме муабет.
Како ќе им оди тоа после брегзитот, ќе видиме.

Од политички аспект, настрана од тоа болдираното, што не е ама ич мала работа, си отвараат проблеми и дома, со Шкотска и С. Ирска.
Се уште се е можно таму. Изгледа дека ова е последната епизода од брегзит сапунската опера, ама може и некое изненадување да има :)
 
Сето напишано стои. Околу елитите и кој бил за а кој против не знам, и сметам дека не е релевантно.
Но постои и прашањето: зарем навистина некој мисли дека излегувањето од ЕУропска не е покриено барем со 5-6 чекори што потоа, и дека не е до најситен детал анализирано кост-ot/бенефит-ot туку дека ете на некој си таму шарлатан му паднало на памет и ќе работи по свое, па не зборуваме за IQ33 и неговата екипа туку за империја стара со векови.
Во моментов имаме глобално пресложување и повторно разгледување на интересните сфери, а развојот во техносферата граби со крупни чекори напред... така да сметам дека Бритите многу добро знаат што прават тоа што нам не ни е видливо и настојуваме со проекција да го затвориме не значи дека сме на прав пат.

...само да додадам едно мое размислување, онаа што најмногу им сметаше на Бритите е што Германија сакаше преку нив да пенетрира во нивните сфери (на другите 2 континента) и почуствува дека е загрозена па мораше да го напушта бродот.
 
Тоа околу елитите е релевантно баш поради болдираното прашање, кое го поставуваш. Интересот, кост -бенефитот, ако сакаш, не е ист за тие две групи, старата аристократска, и новата бизнис-менаџерска елита. Па и не само тоа, туку мислам дека и менталитетот, начинот на размислување, на тие две групи е многу различен.

Тоа дека не се они ЗЗ, дека се стара империја, стои, нема муабет за тоа, ама секоја империја прави грешки, се има свој крај, а и комплексни им се односите како внатре, така и надвор. Така да, штознам, можеби си во право, можеби има нешто што не го гледаме, што го занемаруваме, а ќе стане очигледно во наредните години, ама мене ми се чини дека на крај ќе излезе дека се заебале малку во калкулациите.

... Тоа околу пенетрирањето на Германија преку нив, незнам, може и така да е, ама пак, од друга страна, исто и нив, УК ги кочеше во однос на соработката/остварувањето на интересите со Русија. Без УК во ЕУ, и тој однос ќе се промени.
 
Мислам не сум бил доволно јасен, па да појаснам што сакав...
Состојбите беа такви да и во едниот и во другиот случај империјата губи (и да излезе и да остане во ЕУропска) исто како и тнр запден свет (што и да значи тоа), па така имаше можност да се бориш и да изгубиш или да се предадеш без да се бориш, тие се одлучија за првото.
Сега се прават обиди да империјата во новото пресложување ги задржи некои свои “права“ и влијанието во одредувањето на правецот по кој ќе се одвива развојот или барем да влијае врз интензитетот со кој тоа ќе се случува.
Не случајно го потенцирав развојот на техносферата, кој во последните 50 години го смени начинот на живеење повеќе отколку за последните неколку милениуми. Ако некогаш имаше време да се вршат експерименти и симулации пред да се имплементира денес тоа не е случај па експериментите се вршат на “живо“ без анестезија, а потоа се врши корекција преку механизмите (повратна спрега)... Со развојот на ЦНЦ машините се дојде до оној степен на развој каде работната сила е потребна само за контрола, автоматизацијата си го направи своето, во Шведска ми се чини веќе се воведуваат норми со кои работел не работел примаш плата, колку и да се шират терцијарните дејности не можат да ги апсорбираат тие маси, потребни се темелни промени кои нема да се темелат на сегашните општествени модели и монетарниот систем.
Промените кои се во тек се огромни и коренити, светот и цивилизацијата ќе ја изменат во непропознатлив за денешните генерации, нешто повеќе за тоа имаше од информациите од конфернециите на ОН во '90те во Рио ми се чини и во Кјото-1997, таму беа поставени темелите на онаа што го имаме денес а онаа што ќе го имаме утре е видливо веќе денес.
 
6FB8A672-9F43-4390-82E5-2C46BDA2CD89.jpeg

Корбин и конзервативните пратеници кои сакаат да го блокираат Брегзит преку парламентот се ставени во многу незгодна позиција (посебно the rebels conservatives).

Доколку изиграат со блокирање на no deal брегзит ќе му дадат пол позиција на Џонсон да оди на брзи избори со што ќе ги збрише бунтовниците од своите редови и ќе добие стабилно мнозинство составено во најголем дел од hard brexit пратеници.

Ако одат на избори ќе бидат Конзервативците, Џонсон, спроведувањето на референдумот со јасно утврдена агенда од една страна и непопуларен Корбин без никаков план за спроведување на Брегзит од другата страна.

Ќе го намачка како нутела на топол леб.
 
Прегледај го приврзокот 216475

И после ќе продолжат да мантраат како народот бил против Брегзит, ама тоа младите не излегле на референдумот и затоа така. :(
 
Прегледај го приврзокот 216475

Корбин и конзервативните пратеници кои сакаат да го блокираат Брегзит преку парламентот се ставени во многу незгодна позиција (посебно the rebels conservatives).

Доколку изиграат со блокирање на no deal брегзит ќе му дадат пол позиција на Џонсон да оди на брзи избори со што ќе ги збрише бунтовниците од своите редови и ќе добие стабилно мнозинство составено во најголем дел од hard brexit пратеници.

Ако одат на избори ќе бидат Конзервативците, Џонсон, спроведувањето на референдумот со јасно утврдена агенда од една страна и непопуларен Корбин без никаков план за спроведување на Брегзит од другата страна.

Ќе го намачка како нутела на топол леб.

Абе и Меј така мислеше, ама...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom