Veke koga se prasuva off-topic tema, podobro postavete inteligentno prasanje ko na primer: "Na let za Anglija, pri online rezervacija i check-in dali e dovolno da se vnese samo brojot na BG licna karta kako dokument. I sto se slucuva na izlez od MK kaj carinikot koj ke pobara da vidi viza vasiot MK pasos.'" Toa e moment koga po nekoja logika ke treba na nasive kopuci da im se identifikuvate kako dvojni drzavjani za da vi dozvolat da prodolzite.
Да не бидам кретен, еве благодарам за времето и трудот да одговориш, ама истовремено извини, но по малку оф топик е токму твојот одговор.
Еве ќе се потрудам да звучам поинтелигентно:
Значи бугарскиот пасош и неговото првично користење не е оф топик прашање, туку напротив - составен дел од „бугарско државјанство“. Никој не започнува процедура за да стигне до удостоверение и да си се врати со него во МК и да си седи. Целата поента е да се извадат бугарски лична карта и пасош.
Прашањето е: Поседуваш само МК пасош и одиш во БГ да си го земеш бугарскиот, по првпат, да. И сега додека си во Бугарија во раце држиш два пасоши, македонски и бугарски. И треба да си доаѓаш дома во МК и да преминеш две граници, бугарска и македонска. Кој поединечно или заедно од двата пасоши ги даваш на која граница?
Тоа е прашањето.
А потпрашањето е поврзано со исходот од она погоре: Земајќи во предвид со кој пасош и каде си поминал, кога си сега веќе вратен во МК и сакаш да идеш за Германија, за работа и преселба, не за до 3 месеци, повторно, кој од двата пасоши на која граница го користиш.
Од се претходно, зависат и техничките детали за: купување на билет при заминување од МК, пошто се бара точно да се наведат податоци како од пасош. Значи, можеби може да се користи МК пасош да се купи билет и да се излезе од МК, а при влез во Германија да се користи бугарскиот. Незнам, затоа прашувам.
И молам да одговори некој кој знае и има искуство, а не некој што си мисли нешто.
Инаку одговорот на прашањево/ата не се одразува само на една личност туку веројатно на секој кој тргнал да вади БГ државјанство/пасош, пошто кога ќе го извади, ќе се соочи токму со оваа проблематика.
БЛАГОДАРАМ!