Нека ни е господ на помош годинава. Осеќам ќе биде можда и полоша од онаа на Мојс. Сите сакаме да се отараси клубот од ѓубрето што веќе долго време е тука. Од сите нив, се отоарасивме само од две, Санчез и Фелаини. Лукаку никако не можам да го стаам у оваа категорија, колку и да не одговараше на замислите на Оле, сепак ни беше единствен напаѓач што може 20+ гола да даде. Сега сме во ситуација да имаме 7 стопери за 2 позиции. Од кои 3 спаѓаат у губрето, а еден се повредува и кога ќе дувне ветер. Средината катасрофа, имаме мањак 2 играча во моментов, а имаше некои шпекулации дека може и Фред да биде продаден. Следна сезона големи се шансите и Погба да иде, па така следна сезона во средина ќе треба у еден преоден рок да купиме 3-4 (ако иде и некој од Матиќ или Фред) квалитетни играчи. Нешто што ни на Фудбал менаџер не може да се деси. Е за тоа беше битен овој трансфер период да биде скоро перфектен. Очекувањата и за следната сезона ми се дека во средина ќе бидеме мањак со играчи. Во напад ситуацијата е исто критична. За 3 позиции останавме со само 5 играчи. Марсијал, Рашфорд, Џејмс, Гринвуд и Чонг. Последниве двајца не можат да имаат никаков импакт во ПЛ, а со оглед на тоа што се уште се деца, тешко дека ќе можат и во куповите и ЛЕ да ги одморат Марсијал и Рашфорд. Продавањето на Лукаку и Санчез, без носење замена е толку аматерски, дебилен потег, што е под ниво дури и на Мак. втора лига. И за ова кривицата треба да си ја сносат и тие у управа ама и Оле. Искрено, у моментов, не гледам што му е замислата на Оле за во иднина. Дебилниве потези, заеднички, и на управата и него и повторувањето на истите грешки од лани, ми ствараат ептен големи сомнежи за тоа дали Оле е способен да го врати Јунајтед на врвот. Жал ми е, легенда е на Јунајтед, али мислам нема да го дочека крајот на сезоната во Јунајтед, ако не смени нешто пред се во пристапот и тактиките, а реално и нема баш избор за да го направи тоа.