Капитализмот ќе еволуира или ќе умре. Трето нема. Капитализмот претпоставуе акумулација на капитал како трајна и конечна вредност. Уште во 90те Петер Друкер тврдеше дека знаењето а не капиталот ќе игра главна улога во економијата. Гејтс, Безос, Брин, Маск, Закерберг и компанија го потврдуваат тоа. Какви знаења се потребни за да имаш саглам работа во 2075 или 2100? И какви вештини? Јувал вика побрза адаптација и сопствена реинвенција. Сигурно ќе требаат и други кои сега не можат да се предвидат.
Тоа е концептот за интелектуален капитал. Дефиницијата за „капитал“ се има проширено вон општоприфатеното толкување. Идејата е да те плаќаат за твојот потенцијал да создадеш нешто ново (услужен процес, производ, информации и др.), со што се губи концептот за интелектуална сопственост бидејќи имаме интернет и нема бегање од пиратирање. Физичката сопственост пак ќе игра улога според мене, посебно ако е во форма на енергенси бидејќи имаме потреба од истите. Газдата со „физички капитал“ ќе купува луѓе кои можат да произведуваат вредност во форма на услужен процес, информација или производ и ќе им плаќа. Ако он има права над истото, ќе заработи и ќе собере повеќе капитал за да најми нови или истите. Од друга страна, тие може да си бидат сами на себе работодавци и да си ги продаваат информациите, па така ќе се сведе се' на некоја форма на интелектуален капитализам, мислам дека вака го нарекуваше Шермер у некој напис што му го читав.
Инфото го добиваме сè побрзо, а времето за процесирање и носење одлуки е преспоро во однос на приемот на инфо. Затоа ни е неопходна технологија, да ги процесира информациите и да ни даде параметри врз кои бргу и точно можеме да донесеме информирани одлуки. Неизбежно е АИ да донесува одлуки за нас, бидејќи може далеку побрзо и поефективно да процесира инфо и избира точни одлуки и решенија.
Една од илузиите е дека човечкиот мозок е незаменлив и е најдобар критериум за сопствената добросостојба. Харари укажува дека либералната идеологија се базира врз илузија дека желбите/чувствата на индивидуата и слободната волја/одлуки се правилен начин да се избере кариера, да се регулира економијата, бизнисот, па и да се носат одлуки во приватниот живот.
Бихевиоралната економија ги експлоатира овие човечки слабости и укажува на тоа дека човекот не е рационален агент, односно хомо економикус, а неговите одлуки се мотивирани од различни несвесни/свесни пориви кои може да се контрапродуктивни за него.
Секој од овие сегменти ќе биде битно модифициран со настапувањето на АИ, бидејќи квантумот на инфо и процесирањето на тие информации ќе ги врши АИ. Има тука заебанции: потребата од агентност, т.е., да контролираме и управуваме, често ќе иде контра објективно добиените инфо и понудени решенија. Примери има веќе денес.
Пр. 1: Сајтови за наоѓање партнер. Сите овие сајтови работат со софтвер кој процесира инфо и нуди оптимални потенцијални партнери врз основа на личните податоци (интереси, персонални преференции, итн.) Идните софтвери ќе имаат многу повеќе инфо за секоја индивидуа (генетски предиспозиции, наследни болести, психолошки матрици, тракатанци) и ќе нудат избори на партнери според многу пообемна анализа на податоци. Да речеме, сајтот ќе ти понуди некоја образована девојка, со слични интереси и лајфстајл, генетски компатибилна, инт. И све тоа може да е џабе, пошто тебе може а ти изгледа контраинтуитивно или едноставно да не ти се свиѓа. И на крајот ќе ја избереш некоја фризерка со најголеми цицки.
Но од друга страна АИ-то треба да е омнискиентно за да ги пресмета сите фактори и да знае како ќе ми се одвива врската во иднина. Како мисловен експеримент тоа е изводливо, но практично малку потешко. Сето тоа работи на база на веројатност, но има огромни проблеми со бајасова статистика и како АИ-то ќе ги пресмета шансите јас да имам добра врска. Во примерот што го наведе, сајтот што ќе ги земе мојот психолошки профил и моите преференци предвид (како и се' останато) ќе ми најде девојка во која ќе се заљубам кога ќе ја видам бидејќи сајтот ќе го има мојот емоционален профил предвид. Ако не се затрескам инстантно во интелектуалката, очигледно сајтот прави пресметки изоставајќи многу релевантен и значаен фактор во една врска, а тоа сексуалната атракција и романтичните чувства. Мислам дека у такво сценарио што можеби е изводливо, АИ-то ќе ме мечне со типка што ќе ми одговара повеќе од фризерката. Али ти ја разбирам поентата. Можда фризерката ми дава инстантна градификација, а после ќе ме сјебе зашто е блутна, а интелектуалкава ќе ми пружа боље секс и разбирање ако и' дадам шанса. Ако не си ја гледал, глеј ја „Осмосис“, нова сај фај серија на „Нетфликс“, баш за темава е.
Пр. 2: Во капиталистичката економија, клиентот е госпот – не е битно каков е производот, битно е дали на клиентот му се бендисуе и дали се продава како алва. Клиентот носи профит, и шо сака клиентот, тоа ќе му дадеме. Ако сака гомна, ќе му дадеме купишта гомна. На денешните колеџи и универзитети, студентските евалуации одлучуваат дали професорот е квалитетен, добар. А студентот е по дефиниција клиент, бидејќи знаењето е производ кој се продава на пазарот. А клиентот е секад во прво. Значи, ти моеш да имаш генијален професор, кој не ги забавља студентите, не кажуе вицеви и не ги шали. Наместо тоа, професоров дава кондензирани, точни информации, поставува релевантни прашања и ги насочува студентите каде може да ги бараат решенијата и одговорите. И очекува сериозно да работат и да решаваат проблеми. За многу студенти, ваквиот професор ќе биде сафра или удав, дава многу тешки задачи, ги збунуе, и затоа ќе добие негативни оценки. Налет тоа, доста е шо не е забавен, а тоа е битен критериум за евалуација. Џабе шо тој професор им помага да се здобијат со потребни знаења и вештини за идниот пазар на трудот. Клиентот е нездоволен и точка.
У случајов мислам дека професорот греши. Пренесувањето информации го вклучува и начинот на изведба. Луѓе се помотивирани да учат кога им е забавно и ќе научат многу повеќе. Честопати интересите за некои теми се поттикнати од естетски фасцинации, нешта со кои ученикот се идентификува и ред други субјективни фактори од емотивен карактер што се пресудни за тоа дали некој ќе сака да се заинтересира повише или ќе му скурчи и ќе го замрази предметот. Тоа е една од основните причини зошто многумина мразат математика, хемија и физика од средно, а многумина ги засакуваат тие работи откако ќе изгледаат „Crash Course“ видеа, „Кurzgesagt“ „Кhan Academy“ или ќе го прочитаат серијалот „Big Ideas simply Explained“, нешто фор дамис. Можеби е посиромашно со информации, но забавата може да поттикне интерес што ќе го натера студентот да навлезе многу подлабоко и да научи повеќе откако ќе се заинтересира наспроти монотоното предавање што ќе му го убие интересот дури и да го имал. На крајот имаме резултат „студенти кои знаат многу повеќе ако предавањето им било забавно“, наспроти другите кои едвај чекаат да заврши часот за да идат на кафе. Но од друга страна, професорот може да почне полабаво, да ги заинтересира и полека да ја качува комплексноста на материјата за студентите откако ќе станат заинтересирани да вложат многу повеќе за да научат. Но тоа се веќе стилови на предавање и бегам од твојата поента. Јас веруем дека образованието ќе се децентрализира, и за многу работи, формалното образование такво какво што го знаеме ќе исчезне. Денес има милион онлајн курсеви, туторијали и тристо други чуда што ефикасно објаснуваат се' што е потребно. Секако, ова не важи за сите струки. За некои струки се потребни практична обука и ред други работи.
Има и башка муабет – капитализмот произведуе потреби кои создаваат пазар на кои се шиткаат куп непотребни ствари кои се плаќаат со пари кои луѓето уствари ги немаат.
Основниот проблем со конзумеризмот е што го намалуе вниманието на 0 и го цеди цел допамин од мозокот исто ко слотовите у касино. Ствара парализа за опции и тристо други срања. Тоа се гледа и во уметноста. Функцијата на уметноста е и забавата, посебно денеска. Луѓе трзаат на лесни работи што не траат долго, ги забављаат и после може да си тераат со работата. Но не тврдам дека забава е лоша работа или дека уметноста не треба да има и таква функција. И не веруем дека капитализмот нема добри страни. Мене повеќе ме плаши акумулацијата на капитал и тоа што корпорациите не почитуваат никакви еколошки правила и основни човечки права и ваљда рестрикциите треба да дојдат од некој поголем авторитет како државата или друга структура, се' додека не е водена од абдали со сурферска шишка што негираат глобално затоплување. Такви работи се огромен проблем и се дешаваат низ цел свет, не само во капиталистички земји, пошто луѓето се мајмуни кои ќе го сјебат било кој економски систем што трга од премисата дека се рационални агенти, бил тој капитализам, комунизам или нешто друго. И нордиските системи што си функционираат супер таму у Скандинавија (они не се луѓе и тоа не се рачуна!) ако ги примениме тука, ќе потонат у жива кал. Проблемот е длабоко во нашите несвесни адаптивни механизми.
Најбољи е роботи да ни праат интересни производи што ќе не забављаат, а ние да сме уштекани у ВР, да живееме у комплетен хедонизам, среќни, најадени, напиени и генетски модифицирани! Еве и ја еден цитат ко Шемса што праи!
„Cyberspace. A consensual hallucination experienced daily by billions of legitimate operators, in every nation, by children being taught mathematical concepts... A graphic representation of data abstracted from the banks of every computer in the human system. Unthinkable complexity. Lines of light ranged in the nonspace of the mind, clusters and constellations of data. Like city lights, receding...”