Овие на Фокс последните не викаа така.
Патем, кои се тие ветувања што ги исполнил, главното и најизвиканото еве уште не е ни почнато, освен намалувањето на даноците, јас не видов ништо друго исполнето.
Не знам јас тоа. Гледам дека Бајден, Ворен, Сандерс и Харис се пред сите други. Бето (2-3%) и Кастро (2%) едвај ќе се протнат на следната дебата, а на некои анкети и тие се пред Трамп!
Економијата е во раст. Најниска невработеност меѓу црнците, азијатите и хиспаносите во историјата. Најниска невработеност на жените последниве 60 год. 4 милиони креирани работни места откако стана претседател (да, не се сите благодарние на него, но секој претседател си го препишува тој успех). Затворската реформа, која се подготвува веќе 2 децении, е на повидок. Голем дел од НАТО членките започнаа да си го плаќаат својот дел благодарение на притисокот на администрацијата на Трамп. Ја запре војната во Сирија, која претходната администрација праќаше трупи да го уништат ИСИС!, но и да го симнат од власт Асад. Скрати неколку регулативи и потпиша многу извршни наредби (неколку и поврзани со здравствената заштита). Започна со депортација на илегалните мигранти. Па и ветувањето дека ќе ја префрли амбасадата во новиот главен град на Израел-Ерусалим. И пробува да ги стабилизира односите со С.Кореја.
Сега најважно е да направи договор со Кина, кој верувам дека ќе биде наскоро поради лошата економска клима која владее во светот последниов месец, но и поради протестите во Кина. Ѕидот ќе биде до крајот на неговиот мандат, колку што знам веќе половина и е завршен. Со победата на Трамп против Калифорнија и таа дупка ќе се затвори. И многу битно за него, мора да направи каков-таков договор со Иран, кој ќе биде голема победа за него. Со оние 3 достигнувања, а престојат 2 тешки битки за него (Кина и Иран), што повторно верувам дека и ќе се случај во блиска иднина, Трамп ќе го затвори поглавјето на своите ветувања. Дури и со ИСИС, ѕидот, даноците и невработеноста може да ја тера кампањата.
Ќе има дебата околу Обамакерот, но Трамп тука направи се што можеше. Бајден смета дека истиот треба да остане каков што е, а Трамп смета дека треба да има одредени измени. Во која насока се движат тие, ниту знам, ниту ме интересира.
Немам намера да ти враќам цепка по цепка од мојот коментар. Да, некои негови достигнувања и мене не ми се допаѓаат, но да речеш дека се’ ти се допаѓа или дека се’ не ти се допаѓа значи дека не ја гледаш големата слика, сега имаат малцинство во Претставничкиот дом, (но и мнозинство во Сенатот кое мора да го задржи) што е дополнителен притисок за него. Башка ова се дел, оние кои ми текнуваат во моментот, има уште поврзани со ветераните и воениот буџет, но искрено ме мрзи да пишувам и мислам кога нема да прифатиш ништо, претпоставувам поради позицијата која ја зафати од самиот старт. Важно е што мислам америте, а не ние, сепак на крајот на денот они ќе го имаат последниот збор, а како што стојат работите ќе добие уште 4ри години, иако ќе го чека многу тешка борба со Бајден.