Ѓорѓи не знам колку твојата професионална едукација е блиска со економија планирање и развој, но ако си економист искини диплома ако не си, тогаш се е во ред.
Постојат тнр. микро и макро егрегати кои се темел за било каков сериозен пристап кон стопански структурни промени...
Постојат краткорочни (верувам си слушнал за петтолетки и други видови на ...) и долгорочни планови, се изработува и стратегија од која се изведуваат...
Да се вратам на твоето дека 4 години се малку, НЕ 4 години се доволен временски период во кој може да се отпочне со било каков економски процес кој би дал видливи резултати за краток период 1-2 години.
Со го спомнал земјоделството инаку базична гранка од која зависи колку една земја ќе биде самостојна но претходно е потребно да се изврши комасација (таа нпр во Германија е извршена пред 350-380 години), кај нас не постои никаков интерес да се унапреди тој сектор кој знае зошто..
Покрај финансии постои и монетарнокредитна политика, таа е основна алатка за раст и развој и пред се економска сувереност, и повторно никој за неа не збори...
И? Што има врска ова со она што јас сум напишал? Јас реков дека кога политичка партија доаѓа на власт, треба да има веќе планови како ќе ги водат одредени министерства. Да не почнуваат тогаш да прават проекти.. глобални, се разбира. Ако прават проекти по стапување на власт, ќе мине време, ќе нема доволно време за „евалуација“, корекции... Па ќе нема време за реализација. Владата има мандат од 4 г., но реално, тоа не е толку, дали 3 ефективни има.
Ќе искинам дипломи, и за средно, и за основно, што ќе ни се кога си ти стручњак за се и на сите ни солиш памет. Мојата бранша е информатиката, тоа сум завршил. Јас не пишував што треба да се прави во земјоделие, финансии, економија.. туку мое видување како мислам дека треба да функционира. Не може спортска екипа да излезе на натпревар и тренерот тогаш да им кажува стратегија... Тоа се прави претходно, на натпревар се укажува на инцидентни моменти, на нови моменти...
Мислам дека кој и да дојде за министер за финансии, може да спроведе инцидентни „акции“, потези, а не систематски проекти... Време има најмногу до следниот мај-јуни, после тоа следат избори, техничка влада... ако нема предвремени избори. Ако има предвремени, не знам дали вреди да се назначува нов министер, сем да се пополни местото.