Јас имам вакво мислење:
Министер нема магично стапче да дојде „апансас“ и да работи. Мислам дека партија уште во опозиција треба да гради политика во областите (земјоделие, здравство, образование...) и да има замисла што ќе прави кога ќе е на власт. Кога ќе формира влада, политиката веќе треба да е конструирана, а министерот треба да е политичар, секако инволвиран во областа, кој ја создавал програмата и политиката за одредена дејност. Не мора да е тоа врвен професор или стручњак. Никој не може да дојде и да создаде нешто трајно, може краткотрајна шминка. Кога почне мандатот, да почне реализација на плановите, а тие планови да се презентирани и во изборните кампањи, а и не само таму. Ако министерот допрва прави планови, мал е мандатот за нешто да се стори (може екстерно да се укине, може РД такса да се укине...).
Затоа, ништо не ми значи името на новиот министер за финансии, кој и да е... НЕМА ВРЕМЕ за реално водење на секторот со некаков резултат.