Мислењето на
@Löwe кое поттикнува самоубиство е отстрането од форумов, но ќе го имаме во предвид доколку нешто немило му се случи на членот, а во евентуалната истражна постапка на МВР/ЈО се побара одговорност за причините кои довеле до тоа. За ова несоодветно мислење, членот е казнет со 2 казнени поени. Доколку продолжи вака во иднина, следува забрана за пристап на форумот.
Ne bi napravila takvo nesto iako patam od depresija i anks srpak drcata mi sr na prvo mesto sakav ssmo da vidam dali nrkoj znae sto znaci sonot no sepak ima nesovesni lujge sto nesnaat sto e strav depresija anks sepak vi blagodaram mnogu od srce :* toj odgovor stvarno mi dade voznemirenost mn bidejki pisuva da sigurno smrt a za covek so anks toa e mn bolno
Бидејќи темава од некоја причина не ми беше отворена подолг период и го немав видено мислењето на членката дека ја вознемироло морам да дадам алиби за во евентуална постапка. Во продолжение ќе следи копија од моето извинување кон госпоќата кое содржи 2 3 реални примери околу тоа зошто соновите не треба да се земаат во предвид, личен фамилијарен лош пример за самоубиство и какви последици носи.
За да не биде мислењево земено за оф-топик ќе напишам една докажана реченица од врвни и докажани психолози, психоаналитичари и психијатри - ВО СОНОТ ГЛАВНИ ИГРАЧИ СМЕ ИСКЛУЧИВО НИЕ САМИТЕ, НАШИТЕ ПОТСВЕСНИ МИСЛИ И НАШИТЕ СВЕСНИ МИСЛИ. Баталете толкувања на сонови, ниту еден човек не може преку сон да ја предвиди иднината. Да беше така денес немаше да постојат авионски несреќи. Ќе им се сонеше на пилот/копилот/ екипаж и немаше да полетаат. Излезете понастрана малце од Сивилото наречено Северен Фиромистан во кое секој се замара со сонови. Излезете понастрана од сивилото наречено МПЦ и сонувањето светци и манастири и покасно давање жртви. Дури едно време имаше чисто паро перачка емисија со Дракче која вршеше квази толкување. Бидејќи госпоќата е сеуште жива овој пост го сметам како моја самоодбрана за евентуална иднина, за која позитивно се залагам тоа да не случи.
Значи како краток вовед во писмпото ќе кажам дека тогаш со тој краток "невкусен" коментар имав исклучително добри намери а тоа е така бидејќи сум ироничен човек по природа и сакам пат на иронија и алегорија да им ги укажам маните и недостатоците на луѓето и да им поттикнам нивно проширување на гледиштата по пат на самоистражувачка дејност. Во тој момент најверојатно сум немал време за ваков реферат за кој сум сега приморан, туку истата порака сум сакал да ја кажам на многу краток начин. Се надевам сепак во ниту еден случај нема да биде избришан бидејќи има дузина корисни совети.
Во продолжение следи копија од моето писмо кон госпоѓата
==============================================================================
Здраво,
Би сакал со сигурност да Ви се извинам поради тој мој невкусен коментар околу твојот сон со 26 бројот. Значи имав ИСКЛУЧИТЕЛНО ДОБРА намера преку исмевање на сонот да ти кажам дека тоа е огромна глупост и да не веруваш во тоа бидејќи ништо апсолутно не значи сонот за еден човек и иднината не може да сс претскаже. Во сите соновници убивањето на змија значи смрт на близок (слободно отвори и прочитај), а јас 2 3 пати во блиско минато сум го сонувал тоа веројатно од причина што сум се плашел од тоа да не изгубам близок. За среќа, тоа не се случи досега. Истотака, мојата најголема неостварена љубов со која заради Х причини денес она е со друг а јас со друга, а имавме шанса да бидеме денес заедно - ја имам сонувано во најразлични варијанти преку 10 пати. Од љубовни, до сексуални до кафе пиење и слично. Слободно разговарај со некој психијатар или психологот да ти каже дека СОНОТ не е ништо друго него ТИ и твојата потсвест. Од тие причини јас ја сонувам бившата љубов иако сега да имам шанса денешната да ја заменам за бившата - НИКАД АПСОЛУТНО НИКАД не би го сторил тоа. Али сепак она останала некаде во мојата потсвест.
Те молам поразговарај за соновите со стручно лице и пишими секако како си прошла.
Има една изрека "The chase is better than the catch" или на нашки "Потрагата е подобра од целта" или во твојов случај потрагата ти се децата. Од како нив ќе ги извадиш на прав пат следна потрага или бркање ти се внуци па правнуци, т.д. во просечен животен век ти никогаш нема да ја достигнеш целта, секогаш ќе имаш за нешто да се бориш.
Јас по природа сум ироничен човек и сакам по пат на иронија да им ги плеснам недостатоците и заблудите на луѓето.
И да уште еден мотив за живот да ти биде тоа да не ме ставиш во затвор бидејќи сакав да те поттикнам да размислиш дали има причина да веруваш во соновите. Самоубиство не е решение, јас имав тетка од прв ред која ги остави 2 девојчина на удолница сами да растат бидејќи тетинми мораше да работи и денска и ноќна смена за да им обезбеди прехрана. И да тогаш не сонував змии. Девојчината се плашеа да спијат сами па долг период мораа да спијат по роднини.
Уште еднаш, мојот ироничен коментар беше исклучително добронамерен ама лошо делува и ти не си ја сфатила иронијата и она што ми беше целта да те поттикнам да се откажеш од верби во сонови. Мислам дека доволно насоки ти дадов и се надевам дека ќе ги прифатиш, ќе ја излечиш депресијата и анк, ќе ми бидеш благодарна за ова и ќе ме побараш за кафе. И да постов касни бидејќи имав доста обврски периодов и ја немав отворено темата.
Уште еднаш НАЈИСКРЕНО СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МОЈОТ НЕВКУСЕН НО КРАЈНО ДОБРОНАМЕРЕН КОМЕНТАР, кој за жал не беше сфатен така како што очекував да биде, а така беше напишан бидејќи немав време да го пишувам рефератов на кој на крај бев принуден да го напишам.
Поздрав, секое добро.
==============================================================================
П.с. извинете за работите што се повторуваат, сакам да сум сигурен дека вовед ќе ве поттикне да го прочитате цело писмо.