Време е да се разложи темата за трговија со дрога, досега само објективен поглед сме давале на тема трговија со дрога а всушност е широк поим. На субјективен поглед не мислам на тоа како се "сечел" хероинот а како кокаинот, туку видови (начини) на трговија.
1. Принцип на Франкфурт Мафија.
На Ф.М. бизнисот се одвиваше само во странство, Франкфурт и Виена, делувале така што кога дилерот пратен од водач на група (бос) стигне таму, од босот од МК има организирано од кого да земе хероин а обично постарите дилери ги спремале за тоа и ги учеле на сечење и класифицирање на робата. Кога на која улица дилаш си одредуваш сам, а често имало и конфликти за "термин" со други дилери од некоја друга земја. Кога одиш ти, а некој дилер се враќа од "тура" горе, обично си ги препродавале тел. броеви од џанките, што значи добиваш и работа на улица и плус работа на телефон.
2. Принцип на Локални Дилери.
Марихуана, хероин, кокаин и скоро се останато се одвива на истиов начин. Ако сакаш да продаваш, се распрашуваш кој носи поголема количина за препродажба, го контактираш и зимаш од него, па шириш муабет по зависници дека си во игра (Појаките дилери земаат од странство). Припремањето "сечењето" односно класифицирањето на робата се учело последователно. Кај нас улично дилање речиси нема, се се одвива по телефон.
3. Принцип на Големопродажба и Транспорт на дрога.
Секој слушнал за давање на големо, тоа е принцип на препродажба на дрога ама некогаш е во игра и голем транспорт и обично во игра е хероин или кокаин.
Буревесник повеќе пати пишува за тоа дека главни за големопродажба и транспорт на дрога во и низ Македонија се Сашо Мијалков, Илија Малинковски (Ики Микеи) и Лазим Дестани (Шкендија, Еколог, Авард Продукција). "Свадбата на Сафет Калич" сите ја имаме гледано, и ретко кој не слушнал за тоа дека западните доминантни служби ја организираат трговијата со дрога во светот, што е и објаснето на видеото. А со оглед на тоа дека овие тројца имаат големо интернационално реноме многу веројатно да е вистина дека се задолжени за тоа по пат на шпиунажа. На што беше директор Мијалков и каков капитал има знаеме, за Дестани освен овие три работи горе, знаеме дека наводно е најбогатиот албанец во светот и дека со Еколог снабдува десетици, стотици американски бази низ светот, а Ики Микеи е помалку експониран, но не помалку битен, сопственик е на монопол за оружје Микеи и се зборува дека ради него воената индустрија на вие простори неможе да просперира, ги снабдува МВР и со оваа и со претходната власт на секој тендер со се што им е потребно, (кој го гледал War Dogs 2k16 знае колку матна приказна е трговијата со оружје и кој само добива дозвола за тоа) а освен што има елитен ресторан со стрелиште и вип простории за врвот на власта и елитата, винарија, милионска вила во Маврово, скап возен парк... Една од тајните е дека приватниот авион на Мијалков гласел на Микеи односно на некоја негова фирма (скандал од 2013та).
Слики од авионот.