Потребен прибор, алат и материјал како и просторни услови за чистење на хладњакот се следни:
1 пар гумени ракавици
3 литри HCL раствор(солна киселина за домаќинства)
клуч за одштрафување на шрафовите што го држат хлањакот
две парчиња жица или конопчиња со должина околу 30 цм
Чешма со текушта вода со добар притисок(градски водовод)
Одводна шахта
1 Гумено црево долго од чешмата до шахтата
-Го вадиш надвор хладњакот одкако предходно ке ја испуштиш течноста од системот за ладење заедно со цревата за довод и одвод. Ако е 128 тоа малку ќе те измачи можеби, можеби ќе има и лежење под аутото ама не е страшно
Ако неможеш да го извлечеш заедно со цревата тгаш одкачи ги но извади ги и нив па одкако ќе го ивадиш хладњакот намести ги пак цревата на него и убаво стегни ги со стегите. Истури го остатокот течност која се наоѓа во него. Со конопчињата или жицата стегни ги(подврзи ги) цревата за довод и одвод кои предходно ке ги превиткаш(прекршиш) за да не се исправат. Ова е потребно за да спречиш истекување од него. Не е лошо ако во на крајот од секое црево ставиш парче најлон кој ќе го зацврстиш со гумичка за тегли
. Одкако ова си го направил, стави во хладњакот од солната киселина до самиот врв и НИКАКО НЕМОЈ ДА ГО ЗАТВАРАШ СО КАПАЧЕТО!!! Ако го затвориш ќе се створи притисок од рекцијата на киселината со наталожените минерали кој може да ти направи беља! Остави го така наполнет, со отворено капаче, исправен и подпран на нешто за да не се истури. После 20-30 минути земи го цревото в рака и донеси го заедно со хладњакот до шахтата за одвод се разбира на рацете имај ги цело време гумените ракавици. Внимателно отвори го долното црево за одвод, горното не го пипкај сеуште и нека истече содржината целосно во шахтата. За тоа време нека тече и вода од цревото со поголем млаз кој ке се влева во хладњакот истовремено. Многу е битно да не останат ѕидовите внатре без течност непосредно после празнењето на киселината зашто така ќе остане и дел од талогот залепен па ќе биде како да не си го чистел воопшто. Штом по твоја проценка киселината ќе истече цела(обично има зеленкаста боја од реакцијата), затвори го повторно долното црево и наполни го со вода хладњакот, истреси го малку така наполнет и пак истури ја водата. Повтори го плакнењето неколку пати, па потоа отвори ги двете црева и со најсилен млаз на вода од цревото плакни низ отворот кај капачето и низ отворите за цревата кои ќе ги тргнеш предходно. Одкако со ова ќе завршиш, хладњакот од внатре ќе биде како солза чист, остави го да се изцеди и врати го на свое несто од каде што го извади, намести ги цревата, ако мислиш дека се стари набави нови и замени ги, стегни ги убаво со стегите и стави течност за ладење во системот. Аирлија чистење!