Завчера по грешка, на една моја колешка Албанка, која не ја ни знам туку чисто онака ја имам на фејсбук, и испратив многу многу срциња на сторито. Стварно не знам како дојде до тоа и што направив, и ми падна малку незгодно, кога типката ми праќа смајли. Аха, ок, прекрасна си, извини за толку многу смајлиња, вика уживај немај гајле. Велам некое кафе да пиеме, и така сме комшии, те гледам често во Чаршија, таман е сега при крај па можеме да се дружиме. Вели не ми е комшика, од Сарај е, ама одела навака кај некоја другарка, и сега доаѓа интересниот момент - вели обавезно ќе пиеме кафе, ама не во Чаршија, туку во Центар, поубаво е. Ок и пишав, и пишав број, не го побарав нејзиниот, и пишав што и да праиме меѓу нас да остане да не се шири муабет на работа, вели ок ок и прати смајли. Е од играчка може и нешто да падне, а типката е авион. Секако, ќе ја чепнам деновиве да не ме заборави