Дефрел оди во Каљари за 3мил евра позајмица со обавезен откуп до 12мил плус 3мил евра во бонуси, значи вкупно 18 мил евра
И таман денес сакав да го пофалам нашиот нов дс, за тоа како добро го чисти ѓубрето на шпанскиот маг, читам информација каде Рома била заинтересирана за Дејан Ловрен
Се надевам дека е шпекулација, пошо на еден сајт имаше и демант, демек Рома одбила и да преговара со неговиот агент кој го нудел а нашите не биле заинтересирани.
Некој да ми кажеше дека ќе извлечеме 18мил евра од Дефрел ќе го направев луд, исто и од Герсон делумично си вративме голем дел од сумата која ја плативме. Сега останаа Олсен, Гоналон и Нзонзи. Олсен лесно ќе се продаде, не е многу платен, а го бараат некои англиски тимови и Порто и Бенфика, истото важи и за Гоналон кој е купен за кило семки, не е проблем и на позајмица да се даде, али што правиме со Нзомби, кој има огромна плата и е платен со бонусите скоро 30мил евра. Ќе се најде ли доволно луд клуб кој ќе искешира барем 20мил за него??
Пасторе не го ставам во оваа група бидејќи ни е еден од најдобрите на подготвителните, а се шпекулира дека и Фонсека барал да остане.. само незнам што ќе правиме со тројца добри играчи на иста позија, Пасторе, Пелегрини и Заниоло, сите тројца се перфектни на позиција АМФ во 4231 формацијата. Вајда рачунаат на тоа дека Пасторе често се повредува, а Заниоло можат да го користат како десно крило кога Ундер нема да биде на лаѓер, а Пелегрини пак може да се користи и подефанзивно на позициите на Верету и Диавара.
Што се однесува до Заниоло она шпанското гомно му ветило покачување уште на почеток на пролетта од 1.8-2мил евра, додека Петраки му нуди 1.5мил со бонуси.
Џанлука Петраки ваков таков одлично се сносува со целиот хаос кој го направи шпанецот. Има уште многу работа ама не верував дека ќе игра хардбал за многу работи, дури почнува и да рескира во случајот со Џеко, исто и за Заниоло, прва конфереција тој јавно кажа дека играч дебитант во сериа а на 19-20год. со една добра полусезона не може да бара огромно покачува, го спушти на земја детето пред цела јавност. Еве сега нешто пробува и за Алдервилд, ако успеат да го земат него и еден од Игуаин или Икарди, па и Хисај(и да не си оди повеќе од уште еден битен играч) и Фонсека убаво ги вклопи може да гледаме реприза на сезоната кога дојде Гарсија и да одиме на плус 85 поени.
Еве сега за пола саат конечно имат сериа б противник Перуџа, досега најсилен, па ќе ги видеме до кај се и што се.