Единствено е подобрена дефанзивната линија. Мек Томинеј ќе игра повеќе утакмици, ама Матиќ делува споро и уморно, Фред не знае главата кај му е, а Ерера замина и најверојатно нема да биде заменет. Од Џејмс не очекувам многу искрено, ќе се користи кога ќе напаѓаме преку контри и тоа е тоа, освен брзина нема некои кој знае какви квалитети.
Ако замине Лукаку, реално нападот ќе ни биде далеку послаб од претходната сезона. Гринвуд е млад и е океј, ама дали можеш да се потпреш на него? Не верувам. За жал, неможеш да се потпреш ниту на Марсијал, ниту на Рашфорд кои се сеуште незрели и неконстантни. Вака со еден класа играч до нив, кој ќе знае што сака и што бара од нив мислам дека може многу побрзо да го достигнат посакуваното ниво.
Переира и Лингард не би ги ни коментирал со оглед на тоа колку се просечни, за Мата сите сме сложни дека не е за прв тим. Санчез...ќе изигра 3 утакмици по ред и ќе го поебе мускулот.