Ножеви

Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117
Dali moze nekoj da predlozi kade moze da se najde soliden LEGALEN noz do 500 denari max ?? fala odnapred
Па солиден и 500 денари баш не одат заедно, пробај на бувљак. Или некој швајцарец од поедноставните, ако не го изгубиш ќе те служи цел живот. Се друго од пазарските е кинески квалитет, што зависно од тоа што мислиш кога велиш солиден може и да биде сосема ок.
 
Член од
31 мај 2015
Мислења
121
Поени од реакции
129
Исто и јас мислам. Кај нас солиден и легален само швајцарец. Ама па тие се поскапи. Можеш opinel некој од помалите да бараш, тие се околу 600-700ден. По продавници ги нема, евентуално од Грција или Бугарија, или да си нарачаш од нет.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Нема легален нож кај нас, извртоперен е законот се може да се смета за ладно оружје
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117
Нема легален нож кај нас, извртоперен е законот се може да се смета за ладно оружје
Така е, ама за преклопни од типот швајцарец полесно ќе помине човек него со некој над 7-8цм со кочница па уште и ако личи тактички или бодеж...
 
Член од
6 април 2017
Мислења
10
Поени од реакции
9
Имам нож за продавање од Гербер. Не знам каде гледав во Скопје, но беше онака висока цена. Овој ми е порачан од USA додека бев на мисија во Афганистан. Бидејќи ја имам поновата верзија, а имам и неколку Ka-bar, овој ми е некако од вишок. Која би била цената за во Македонија? Доколку има некој желба нека пише.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117
Еве ефтина варијанта, локална. Швајцарци од бувљак џа 50-100 ден. Средниот од Прилеп на пазар за 200. Човекот ги прави од пила за мермер. Порано сите носеле такви, имав и јас еден од дедо ми, го загубив и си купив нов.
По мое мислење ова се повеќе од солидни ножиња за секојдневно носење до 500 денари.
 
Член од
31 мај 2015
Мислења
121
Поени од реакции
129
bojadva , дали можеш да ми најдеш како тој во средина? Имам еден таков, ама ми треба уште еден....
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117
bojadva , дали можеш да ми најдеш како тој во средина? Имам еден таков, ама ми треба уште еден....
Веројатно да, одамна не сум го побарал мајсторот, ваљда уште ги прави. А во Прилеп планирам тек крај на август да одам.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.830
Dali moze nekoj da predlozi kade moze da se najde soliden LEGALEN noz do 500 denari max ?? fala odnapred
Солиден нож до 500 денари е само шведската "мора" ако ја најдеш толку ефтино кај нас и ако ги задоволува твоите критериуми за солиден нож.
Што подразбираш под "легален" нож?
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Се сложувам со @eMilanist за мората ,Mora 711 го користам една декада за секакви активности за време на кампирање/риболов дури и за дрва цепење се нашол, супер нож и за почетник па и за поискусните.
 
Член од
5 август 2019
Мислења
5
Поени од реакции
0
Солиден нож до 500 денари е само шведската "мора" ако ја најдеш толку ефтино кај нас и ако ги задоволува твоите критериуми за солиден нож.
Што подразбираш под "легален" нож?
so "legalen" sakav da objasnam nekoj za edc so ne mnogu dolgo secilo (se nemam izrazeno dobro so ova legalen :D)...ne noz vo smisla za ribolov,lov i tn
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.830
so "legalen" sakav da objasnam nekoj za edc so ne mnogu dolgo secilo (se nemam izrazeno dobro so ova legalen :D)...ne noz vo smisla za ribolov,lov i tn
Тогаш фиксните отпаѓаат. Преклопен нож за приближно толку пари е опинел или Sanrenmu 710 ако уште ги прават.
Преклопните ножеви се скоро секогаш поскапи од фиксните.
На погрешно место секој нож е нелегален, внимавај каде се движиш со нож. Стадион, спортска сала, дискотека и слични места не се идеално место за нож.
 
Член од
6 август 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Dali moze nekoj da predlozi kade moze da se najde soliden LEGALEN noz do 500 denari max ?? fala odnapred
Proveri na gearbest ganzo f759m ili f753m, dolzinata na seciloto e dovolno za edc i se prilicno kvalitetni za cenata sto ja plakjas. Za 1200 denari na fasttech mozes da zemes ganzo fh11 so podobro d2 secilo.
 
Член од
5 август 2019
Мислења
5
Поени од реакции
0
A ovie nozovive na net po 3-4 dolari sto se,dobri se ili sranje (od ovie us stranicive)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom