Пендаровски, каков таков, е Претседател на Македонија, не е работник пред кооперација. Резил, името на својата држава и својот народ да не го спомнеш ниту еднаш макар па и Северна Македонија. Исто ко амебине што скандирале северна северна - самоомаловажување до максимум. Слушни говор на Трамп, Макрон, Путин, Меј, Јипинг - името на својата држава не го вадат од уста али океј Пендаровски е паметниот; Трамп, Макрон, Путин, Меј и Јипинг се глупаци невидени, треба кај наш Стево Пендаровски да одат лекции да им држи од што се пацери. Патетика од држава, кога самите не си се почитуваат себе, никој друг нема да ги почитува, ама па поради група на неиживеани имбецили цела планета се исмејува на сите нас и нашата земја. Битно сендвичи даваа денес и се играше шота а работи како државотворност, традиција и култура не се ни afterthought.
Присуствував еднаш на спортски настан во Унгарија. Знамињата ја допираа земјата, мечот не беше почнат бидејќи луѓе ги креваа знамињата погоре бидејќи не доликувало тоа, било навреда знамето да се валка. Ама тие да ти биле глупи и небањати Унгарци, Полјаци и Австријци, паметни луѓе како граѓаните на Северна Македонија името на државата и идентитетот го даваат за беспари - овие за знамињата што им допирале на земја. Епа затоа они ќе имаат држава а ние "држава".