Помош, софтверски проблеми и совети

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Прегледај го приврзокот 212103
Дечки дали смеам да ја намалувам моќноста на процесорот на ваков начин, и дали постојат некакви сајд ефекти од истото?
Ова го правам со цел да редуцирам температура и да заштедам батерија на лаптопот.
Батеријата нема многу да ја заштедиш.
Освен успорување, не би требало да има друг сајд ефект ама кој го знае.
Најдобро ти е да го однесеш некаде на сервис лаптопот на чистење и паста да ти сменат за 500-600 денари отколку да праиш вакви експерименти кои скоро безначително би направиме промени за она што го сакаш.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325

Нов ми е, досега немам користено лаптоп така да не се секирав многу за температурата на персоналниот.

Сакав да го продолжам векот на батеријата а општо и на лаптопот користеќи го на пониска температура, а можеби и немам потреба. CPU/GPU температура во просек 65C на CS GO.

Можеби некој целзиус пониска температура приметив, али па затоа fps многу ниско ми падна и стварно е поспор лаптопот.

Јбг, сакам да најдам некој баланс измеѓу батери сејвинг - темп - fps...
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550

за температура и батерија само undervolting
во зависност од тоа кој процесорот го имаш може да се намали волтажата на процесорот, а ќе си работи исто како и претходно. можно е исто и на gpu да се намали волтажа.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751
како и да е секако ќе ти ослабе батеријата после година две, мојата пред месец дена скроз цркна после 7 години и нон стоп 0% покажува.
 
Обична web работа - отприлика 2 саати со балансиран мод
Гејминг - пола саат

Еден месец откако е купен.
Мислам дека не е задоволително, многу брзо ми паѓа батеријава.

А проблем ми е исто така што не знам како е подобро да гејмам. Нонстоп на полнач, или да чекам да наполни, да го исклучам па да гејмам?
 
Не гејмаш на батерија, перформансите на батерија и на полнач не се исти. Гејминг на батерија 50% од силата на лаптопот дали користиш. Кога сакаш да играш ќе го приклучиш у штекер.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Обична web работа - отприлика 2 саати со балансиран мод
Гејминг - пола саат

Еден месец откако е купен.
Мислам дека не е задоволително, многу брзо ми паѓа батеријава.

А проблем ми е исто така што не знам како е подобро да гејмам. Нонстоп на полнач, или да чекам да наполни, да го исклучам па да гејмам?
ако е Intel пробај со Intel XTU намали ги напоните. прво види на интернет кои напони успеале да ги добијат другите со процесор како твојот.
еве еден tutorial за undervolt
https://www.notebookcheck.net/Intel-Extreme-Tuning-Utility-XTU-Undervolting-Guide.272120.0.html
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.557
Денес решв да инсталирам Bandicam програмата за снимање декстоп. Сакав нешто да снимам но предходната верзија која ја имав не беше активирана целосна верзија. Најдов една ја инсталирав ја активирав и не сака никако да се уклучи, пробав пак од друг сајт да симнам, инсталирав но пак не сака да се уклучи. Што може да биде знае некој?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Денес решв да инсталирам Bandicam програмата за снимање декстоп. Сакав нешто да снимам но предходната верзија која ја имав не беше активирана целосна верзија. Најдов една ја инсталирав ја активирав и не сака никако да се уклучи, пробав пак од друг сајт да симнам, инсталирав но пак не сака да се уклучи. Што може да биде знае некој?
Марсело, Bandicam.
Па побогу Марсело, не сме 2010.
Користи OBS.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.557
Марсело, Bandicam.
Па побогу Марсело, не сме 2010.
Користи OBS.
Пробав ОBS но никако не успеав да се снајдам да наместам да го снимам декстопот. Ако знаеш како да наместам пиши.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
И јас пробував со некој туторијали ама не можев да се снајдам и го избришав. Ќе пробам пак некој ден.
Марсело, кога станува збор за множина треба да го користиш зборот „некои“ а не „некој“.
Обиди се со првиот туторијал од срчот, односно овој:
https://www.youtube.com/watch?v=DTk99mHDX_I
Доколку нешто не се снајдеш, напиши кој дел од туторијалот не го разбираш и што се случува на твојот компјутер кога се обидуваш да го направиш истото.
Ако најдам време ќе ти снимам и јас туторијал.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
507
Поени од реакции
1.770
Имам проблем некаков со windows 10 скоро цела година има проблем со wifi-то , поврзан сум на домашното wifi на мобилен брзината 87mbps a на лаптоп 2.5mbps , до сега многу малце го користев лаптопот затоа не се замарав , ама сега имам потреба од него , што можи да биди прпблемот , Sony vaio 14A flip ,Windiws 10 . ако има некој дс го реши проблемов бујрум :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom