Општина Аеродром или Град Скопје: Чија е уличката? И, ќе се најде ли херој да ја среди?

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Општина Аеродром е надлежна за овој дел, не сум поминал одамна тука (ова е каде што беше Пошта колку што се сеќавам), исто десно на таа улица што оди кон Џевахир не знам дали го срушија објектот поради кој беше стеснета улицата?
Инаку еве ти детален урбанистички како треба да изгледа улицата, треба да има 2 ленти до крај.

Досадувајте им на општината, барем тие имаат пари од комуналии, 100 згради се изградија во неколку години.
не шири дезинформации и стари планови :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Да ги поканиме на форум да се договорат кој е одговорен или заеднички да соберат буџет за асфалтирање 25 метри ако не? :) Пошто кој и да е одговорен, ова е Монти Пајтон материјал.

Не бараме да се пробива до Јане Сандански и не не интересира кога ќе се пробива, бараме да се доасфалтира Васко Каранѓелески. Зошто амортизерите ни знаат.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Да ги поканиме на форум да се договорат кој е одговорен или заеднички да соберат буџет за асфалтирање 25 метри ако не? :) Пошто кој и да е одговорен, ова е Монти Пајтон материјал.
Можеш да дојдеш и до тие информации кои ти се достапни јавно на порталот на Град Скопје во вид на програма за урбано планирање за 2019 година. Таму можеш да провериш дали им влага во план(буџет) пробивање на таа улица, а дека ќе ти дојдат за 25 метри тоа малце потешко. Ако е за до толку иди во оштина во сектор за комунални работи и објасни им ја ситуацијата на терен, тактички ќе зашпараат малце материјал од дргуо место и ќе ти го истурат кај тебе пред зграда :) (иако тоа не е нивна надлежност пак ќе повторам)
Инаку кога станува збор за реализирање на проекти еве ти класичен пример за 50% од гужвата во Скопје :
Ова ти место со најголема фрекфенција во градот, семафорите нефункционални, булеварот тесен и со дупки и кратери, меѓутоа не им чуе да го средат овој дел од Скопје.
 
Последно уредено:

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Можеш да дојдеш и до тие информации кои ти се достапни јавно на порталот на Град Скопје во вид на програма за урбано планирање за 2019 година. Таму можеш да провериш дали им влага во план(буџет) пробивање на таа улица, а дека ќе ти дојдат за 25 метри тоа малце потешко. Ако е за до толку иди во оштина во сектор за комунални работи и објасни им ја ситуацијата на терен, тактички ќе зашпараат малце материјал од дргуо место и ќе ти го истурат кај тебе пред зграда :) (иако тоа не е нивна надлежност пак ќе повторам)
Дури и да успеам некако да ја најдам оваа информација на сајтот, што ќе прави мојата кола која секој ден поминува од тука со неа? Нема да дојдат за 25 метри? Као, испод чест им е да средуваат вакви работи? :))) Зошто тогаш ги оставиле недовршени? И да, не ми е ова пред зграда - но, поминувам од тука со кола за да стигнам до дома и обратно. Не е муабетот дека јас нешто сакам 2-3 лопати пред зграда да ми фрлат, туку да си ја средат улицата која не ја довршиле.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
не шири дезинформации и стари планови :)
официјален сајт на општината е ова, ако тие шират и јас ти ширам ;)
оди ти со катастаров реши ги дезинформациите, пред некој ден преклопував упишани објекти со најнова сателитска, видовити од катастар луѓево, во реалност нива, а упишана 3 катови ;)
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Дури и да успеам некако да ја најдам оваа информација на сајтот, што ќе прави мојата кола која секој ден поминува од тука со неа? Нема да дојдат за 25 метри? Као, испод чест им е да средуваат вакви работи? :))) Зошто тогаш ги оставиле недовршени? И да, не ми е ова пред зграда - но, поминувам од тука со кола за да стигнам до дома и обратно. Не е муабетот дека јас нешто сакам 2-3 лопати пред зграда да ми фрлат, туку да си ја средат улицата која не ја довршиле.
Град Скопје е задолжен за примарна сообраќајна мрежа, за да ја реализира има многу правно-административни срања. За да дојде тебе да ти ја направи улицата мора да има оправдување во смисол на одобрение за градење, за да го добие треба да изработи проект за инфраструктура итн. Ако дојде на диво да троши човечки ресурси и буџетски средства треба да се оправда. Утре ќе се смени власт и ќе ги гонат кривично за проневерување на средства ради нечија желба.
официјален сајт на општината е ова, ако тие шират и јас ти ширам ;)
оди ти со катастаров реши ги дезинформациите, пред некој ден преклопував упишани објекти со најнова сателитска, видовити од катастар луѓево, во реалност нива, а упишана 3 катови ;)
Затоа гледаш и датум на изработка и плански период, а зашто имаш понова планска документација во случајов ГУП (а се надевам дека спремаат и ДУП) доколку не се усогласени правоно поголема важност има ГУП. ДУП-от што го постна е стар, валиден но во поглед на сообраќајна инфраструктура невалиден (проширен булевар кој зафаќа дел од постојните градежни парцели итн.)
Катастарот е од информативен карактер, а и верувам дека она што си го прочитал погрешно си го прочитал.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Град Скопје е задолжен за примарна сообраќајна мрежа, за да ја реализира има многу правно-административни срања. За да дојде тебе да ти ја направи улицата мора да има оправдување во смисол на одобрение за градење, за да го добие треба да изработи проект за инфраструктура итн. Ако дојде на диво да троши човечки ресурси и буџетски средства треба да се оправда. Утре ќе се смени власт и ќе ги гонат кривично за проневерување на средства ради нечија желба.
Уште малку и ќе ми стане незгодно што во 2019 сакам да возам кола по асфалт, а не земја. Нечија желба? Као јас да барам нешто ненормално и нешто што не треба да го има таму (како асфалтот)? :)

Кикс е, глупо е, без разлика чија грешка е - треба да се среди.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Уште малку и ќе ми стане незгодно што во 2019 сакам да возам кола по асфалт, а не земја. Нечија желба? Као јас да барам нешто ненормално и нешто што не треба да го има таму (како асфалтот)? :)

Кикс е, глупо е, без разлика чија грешка е - треба да се среди.
На се разбираме, прво не ги бранам туку ти објаснувам. Второ замисли вие во кајгана од вашиот буџет одвоите и го дадете на некој што ќе ви го побара од улица онака ради Х причина за да немате до крајот на годината после средства за да работите (грубо би била таа споредба). Град Скопје работи по програма и плански, или ќе дојде и ќе ја реализира цела улица или ќе се борите да влезе во наредната година во програма или ептен со врски ако си му роднина на Шилегче па да дојде да ги среди тие 25 метри (од црн буџет). Градот има поголеми и покатастрофални проблеми од инфраструктура, претпоставувам ги двојат проблемите по тежина и на нив им даваат приоритет.
Автоматски споено мислење:

 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Град Скопје е задолжен за примарна сообраќајна мрежа, за да ја реализира има многу правно-административни срања. За да дојде тебе да ти ја направи улицата мора да има оправдување во смисол на одобрение за градење, за да го добие треба да изработи проект за инфраструктура итн. Ако дојде на диво да троши човечки ресурси и буџетски средства треба да се оправда. Утре ќе се смени власт и ќе ги гонат кривично за проневерување на средства ради нечија желба.

Затоа гледаш и датум на изработка и плански период, а зашто имаш понова планска документација во случајов ГУП (а се надевам дека спремаат и ДУП) доколку не се усогласени правоно поголема важност има ГУП. ДУП-от што го постна е стар, валиден но во поглед на сообраќајна инфраструктура невалиден (проширен булевар кој зафаќа дел од постојните градежни парцели итн.)
Катастарот е од информативен карактер, а и верувам дека она што си го прочитал погрешно си го прочитал.
Абе во нормален свет тоа што е на сила е јавно на чело, а тоа што не важи стои информативно како архива, оди види ги како функционираат во Холандија. Згора на се ако одиш да бараш извод од ДУП и ќе ти го продадат истиов што е застарен.
Катастарот од информативен карактер? Па имотен на оссп може да си нарачам, како може централна база за недвижности да е од информативен карактер? Добро знам што имам видено, а и ти знаеш каков хаос е таму и колку глупости се направени особено во Западна, али тоа е што е.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Абе во нормален свет тоа што е на сила е јавно на чело, а тоа што не важи стои информативно како архива, оди види ги како функционираат во Холандија. Згора на се ако одиш да бараш извод од ДУП и ќе ти го продадат истиов што е застарен.
Катастарот од информативен карактер? Па имотен на оссп може да си нарачам, како може централна база за недвижности да е од информативен карактер? Добро знам што имам видено, а и ти знаеш каков хаос е таму и колку глупости се направени особено во Западна, али тоа е што е.
што си видел ? лист за предбележување, пописен лист со незапишани права, имотен лист ? Не можеш да споредуваш сателитска снимка со објекти кои се запишани во одреден координатен систем, нормално дека нема да се поклопуваат. Дај катастарска парцела и ќе ти проверам. Инаку да, дека има хаос во катастар има, поготово од нестручните браќа планинари кои немаат појма зашто земаат плата.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
што си видел ? лист за предбележување, пописен лист со незапишани права, имотен лист ? Не можеш да споредуваш сателитска снимка со објекти кои се запишани во одреден координатен систем, нормално дека нема да се поклопуваат. Дај катастарска парцела и ќе ти проверам. Инаку да, дека има хаос во катастар има, поготово од нестручните браќа планинари кои немаат појма зашто земаат плата.
Имотни, а за координатните:wms 6316 подлоги, wms Google hybrid 4326 on the fly репроекција На сервисот во epsg6316 со специфични параметри за тие изоколи, разликата во аголот на снимање кај сателитските е занемарлива и не ни земам во предвид граница на објект туку цели објекти.
Како и да е, уживај за друго е темата, други треба да го оправаат ова.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ако сите станари имате имотни листови, значи комуналиите се подмирени. Градот ја прави распределбата на парите и таму не е можно да настанат проблеми. Многу веројатно е парите за изградба на улицата да се веќе искористени за друго, што се случувало порано. Со општината многу одамна не раководи нормален лик, почнувајќи од оној лудион Киро, преку гробарот на Аеродром, залижаниот конобар кој еба мајката со ДУПовите и секоја барака ја претвори у облакодер, па се до овој патолошки лажго, кој ништо не реализираше од тоа што вети (а ќе стопираше дополнително уништување).
Мој совет е да го разгледате планот за финансирање на општината преку некој советник, ако има некој читав у главата и да поднесете официјално барање да ви се разгледа на совет на општина за да влезе во планот за наредна година. Ако ви се подмирени комуналиите, веројатно имате основ и на суд да идете ако ве одбијат. Не знам како е распоредот на советниците и дали се само од двете мафијашки структури или има и некој залутан од помалите партии. Медиумско привлекување на внимание некако нема многу фајде што се виде во случајот со зградата кај Мајчин дом.
Инвеститорот ако ги има сите станови продадено, го боли стапот за вас - јас и него би го фатил за гуша за да се уклучи у барањето.
Инаку, во „новиве“ делови на Аеродром не би живеел ниту да добијам поклонет наместен стан. Зградите се непотребно високи, грди и толку блиску една до друга, што нема трева каде да се посади, а не некое дрво.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да се бара решавање на некоја комунална потреба од најкорумпираната опчина во Севердонија е прилично утописки потфат.

Плус, новите згради, посебно оние вдолж булеварот „III Македонска....„ се проектирани од најнеспособните проектанти во Севердонија, кои не само што се неподносливо грди, туку и наменети за уште поголем прилив на доселеници во Шкуп...

Аеродром од наводно нова и најурабнизирана, станува најгрдата населба во Вселената. Такви ја водат...

Уште само малку треба па целата „наша земја„ ќе биде сместена во градов.

А шилежето веќе има намера да го шири Шкуп на север...Согласно сета негова неспособност.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Ако си ги кршат колите и толку им значат, место да си прават штета, нека отидат преку Коста Новаковиќ до 3та Македонска Бригада и за 90 секунди ќе се таму кај што треба да се. И обратно. Aко го фатиш семафорот, за 30 ќе бидеш таму. Нека си стават на вага што им е побитно, минута или потенцијална штета на возилото. Тоа во скоро време нема да се реши, зошто таму е планирана голема улица, а тоа скоро тешко.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom