Темните облаци се растргнуваат
https://www.mkd.mk/kolumni/temnite-oblaci-se-rastrgnuvaat
По ред:
Квази патриоти на чело со Киро Глигоров, кои до последниот момент се бореа за зачувување на некаква асиметрична федерација, конфедерација или нешто трето што би се викало Југославија.
Млади, слабо обрзувани, неискусни, но крајно безобразни млади политичари (СДСМ,) кои себе се продаваа за авангарда која државата ќе ја води напред, го реализираа најголемиот грабеж на државата, наречен трансформација на општествениот капитал во приватен.
Умрежена група на социјалистички директори и членови на ДБК, како новопечени газди на општествениот капитал, себе си се прогласија за успешни бизнисмени и промотори на економскиот развој на државата. Во реалноста, највулгарен криминал.
Полтичка партија (ВМРО-ДПМНЕ) се прогласи како единствен заштитник на националните интереси на Македонија и македонскиот народ и вети расчистување со криминалната приватизација и лустрација на државниот административен апарат, а во реланоста допродаде и доограби, онаа што претходните не го ограбија.
И едните и другите под мотото за повеќе демократија, воведуваат пропорционален изборен модел, во кој граѓаните не гласаат за луѓе, туку за политички партии.
И едните и другите под мотото за поголема децентрализација прават нова територијална поделба на државата, што всушност е формирање на национални кантони за спроведување на концептот на национална, а не на граѓанска демократија.
Под мотото квалитетна и ефикасна администрација како сервис на граѓаните, во суштина се формира најголемото претпријатие за вработување на партииските членови - послушна гласачка машина.
Доаѓа на власт Груевски со негов тим, како ново поглавје во Македонија, со мотото 24/7, посветеност, работа, инвестиции, подршка на земјоделците, пензионерите... во суштина спроведување на моделот на, држава со тотална партиска диктатура, во која учествуваат трите најголеми партии (ВМРО-ДПМНЕ; СДСМ; ДУИ).
Шарена револуција, „бомби“, нема правда нема мир, живот за сите, нови слогани за подобро утре, во суштина полтички театар, непочитување на Устав, ново име, и тие што десет години јадеа послаба храна како опозиционери, да може да пробаат торта.
Правдата важи за сите. Се апсат или под истрага се „големи риби“ блиски до власта. Во суштина скандал од невидени размери. За милиони евра во кеш се зборува како за сто денари. Рекетари и рекетирани, на кои би им позавиделе и најбогатите рапери или драг дилери во светот.
Заедничко, од почетокот до крајот на оваа продажба на илузии, се само финасиските интереси и алчноста на мала група на луѓе, кои ја држат во заробеништво целата држава веќе цели три децении. Таа група на луѓе ја сочинуваат врвовите на трите политички партии и транзициските богаташи, потпомогнати од мрачните структури на ДБК. Сѐ останато се само послушни извршители (обвинители, судии, полицаијци, инспектори...).
Како и во секоја работа, оваа мала група на луѓе почнаа за себе да мислат дека се мали богови и дека им се може сѐ. Тука започна крајот на продажбата на илузии. Граѓаните ги видоа соголени до коска сите т.н. „успешни бизнисмени“, „борци за правда“, „новинарска авангарда“, „паметни и посветени политичари“. Граѓаните видоа, дека овие луѓе во суштина се дното на македонското општество и затоа нема да дозволат овој илузионистички циркус да продолжи и понатаму.
Граѓаните ќе спроведат активности за промени и тоа конкретни промени. Промените ќе бидат реализирани преку три основни чекора:
- Формирање на експертска Влада
- Промена на изборниот модел во мнозински
- Економска лустрација
Темните облаци на македонското небо полека се растргнуваат. Граѓаните повторно ќе можат да почнат да жнеат.
Да сте здрави и живи. До наредното читање.
Ангел Наков
-------------------------------
Кој е Ангел Наков ?