Навистина не ми е јасно која е потребата од вакви прашања.
За да не одиме нашироко те упатувам да појдеш до најблиската продавница со техничка стока па и друго и самиот ќе се увериш. Најголемиот дел од тие стоки беше недостапен за обичниот граѓанин пред да се појави Кина како глобален дистрибутер на тие добра.
Потребата од такви прашања е твоето тврдење.
Во најблиската продавницза за техника има производи од Sony, LG, Bosch, Philips, Samsung, Asus, Indesit, Nikon, Continental и слично, како што имало и порано.
Што сменија Кинезите?
Кој е најголемиот нивен изум, тоалетната хартија? (ова го заклучив од линкот што го наведе како пример за Кинески изуми, кои патем сите се од среден век и наназад).
Еден од проблемите на Кинезите е што целата нивна економија (95%+) се заснова на склопување компоненти во готов производ. Најголем дел од Западни фирми што таму имаат свои фабрики.
Продуктите што се направени од Кинески компании се само копии на продуктите што ги произведуваат инвеститорите. (Кинезите бараат соработка со Кинеска компанија за да инвестираш таму, од очигледна причина, да можат да копираат, накратко).
Без стабилен R&D, без свои дизајни, Кинеските производи нема да бидат квалитетни, а со тоа и конкурентни на пазарот. (постојат исклучоци) Без преориентирање на економијата од масивна производствена лента кон услуги и сл. Кина тешко дека ќе може да се носи со еден Тајван, камоли со остатокот од светот.