Мене ми е сасвим океј тоа што Малдини и Бобан држат некоја цврста линија кога се работи за трансфериве. Не се залетуваат со преплаќање и поставуваат ултиматуми, 'земи или остави' понуди им даваат. Барем што може да се заклучи од медиумиве и информациите коишто ги имаме, ипак не сме им во канцеларија, ама мене ми е тоа сасвим океј. Сеа можеме да анализираме како сакаме ама на крај на лето ќе видиме дали тоа е така затоа што немаме пари или затоа што одлучиле така да тераат, имаат алтернативи во тетратката за трансфери и си пичат. Сенси им се виде многу, се повлекоа и го затворија Бенасер. Читаме дека имале ултиматум и за платата негова и за понудата за Верету.
Мислам дека после неколку продажби, без разлика дали тоа ќе биде Донарума, дали ќе бидат Сусо/Кеси или некои четворица пониско буџетни, ќе пробаат да донесат позвучно име до крајот на меркатото.
Што се тиче среден ред, ако го сметаме Бенасер за затворен трансфер, мислам дека ќе носат уште двајца. Верету + 1. Дотолку појше ако си оди Биља или уште некој. Е сеа дали ќе биде тоа полушпиц или класичен средњак, зависи од тоа каде Ал Пачино планира да ги игра Пакета и Чалханоглу.
Со ова што читаме дека бараат централни дефанзивци од по 20+милиони значи дека бараат првотимец централен дефанзивец. Значи Ал Пачино не го смета Мусачо за првотимец и тоа е добро. Мусачо е само солиден бекап и толку. Калдара е прашање кога и каков ќе се врати, ама мислам дека ако е поштеден од нови повреди ќе биде одличен и таков нека се бори за први 11, тоа е фер. Е сеа каков играч да бараат за таму, не сум сигурен. Млад и талентиран, тоа е океј, се уклапа во новите замисли на управата, ама не знам колку е корисно. Мислам дека на Ромањоли барем уште една сезона му треба некој посигурен до него. Види ги тандемите низ Италија: Де Лихт (?) - Киелини, Шкринијар - Годин, Кулибали - Манолас.. Реално, Милан моментално е со драстично најслаб централен тандем, барем на хартија. Некој а-ла Годин би било топ опција за да се спари со Ромањоли. Барем на една сезона додека го почекаат Калдара, а Мусачо го заменат со некој млад и талентиран.
Живо ме занима што ќе се дешава со нападот и навалната линија затоа што ако стварно Ал Пачино планира да игра со 4-3-1-2, тогаш има брдо играчи за продавање. Сусо и Кастиљехо прво, Борини заедно со нив, Кутроне и Силва исто. Еве да речеме Пјонтек останува, Кутроне/Силва не се за негови партнери, туку за негова замена имајќи предвид дека се многу сличен тип на играчи. Тогаш треба да се земат уште барем двајца као за втор напаѓач профил на играчи. Или да се глупираме со Сусо на таа позиција и да умреме од нервоза во октомври.
Очигледно тешко им оди продавањево играчи што и не е чудно имајќи предвид кој све треба да се продава. Не знам каков тренер треба да бидам и во каков тим за да им речам на управата: Еј газди, јас планирам една формација и тип на играч кој би ми требал за мојата игра е еве на пример нешто као Борини од Милан. Го знаете? Да? Епа донесете ми го. Или Саличе па тек.
Сусо? Дај нека се најде некој што ќе искешира за него, јас нудам превоз од Миланело до кај сака тој, само нека даат 30-40 милиони. Ми се чини дека од продажбите зависи доста во нашето меркато ова лето и едвај чекам да видам што и како ќе изведат Малдини и екипата до септемврии каков тим ќе му состават на Ал Пачино. Заеби ти напаѓачка игра и пресинг ако тоа мора да го праи со Саличе, Борини, Биља, Мусачо и слично. Полошо од досега тешко дека може да биде, така да, ајмо, весело!