Како што сите знаете веќе година ако не и повеќе господата од вмро-бнд си легнаа на брашното и никаде ги нема да скокаат за дополнителните проверки и отказите како што правеа порано. А и бројката на откази не беше екстремно голема, но затоа многу преписки беа заглавени или на дополнитела или на потпис кај вицепрезидентката. Последните 6 месеци отказите имаат достигнато критична точка како што беше во два три периоди пред неколку години но ова е врв - 1681 одбиен предмет за шест месеци, плус многу преписки се враќаат на дополнителна и се чека за потпис повеќе од година, и на пат е целосно блокирање на процесот. Масовно се потпишуват укази само на Молдавци и Украинци...
Сега под притисок они се осеќаат повикани да реагираат затоа што нели тие го држат бизнисот и "се борат" за б'лгарштината во македонија од каде им се финансира партијата. Реакцијата им е индиректна преку свикување заседание во Комисијата за бугарите во странство и конечно изнесуваат јавно (на нивна штета) после долго време дека Советот за државјанство не ги признава потврдите и одбива кандидати кои аплицирале само со потврда од здружение. Ама мора да реагираат затоа што толку откази за 6 месечен период немало никогаш и им удира јако по бизнисот. Плус отказите се главно на кандидати од маќедонија.
Дека ова ќе смени нешто чисто се сомневам ама мислам дека ќе изнесат интересни податоци кога ќе го објават стенограмот од расправата.