...важно Тамара ги запамти зборовите на химната на „нашата држава и нашата земја“,,...старо, младо, машко и женско на нозе се кренаја...“ , а тоа „Прауд“ на инглиш беспрекорно на Евровизија вери гуд без мистејк !
...Тамарче чупе ти го сместија, мислам ејјјј испеј и ќути си, не паѓај, честа чувај си ја, ако воопшто ја имаш, не си прваче на „Златно Славејче“ вакви „ грешки“, ова е сериозна работа ХИМНА, ејјјј сопствена химна и тоа на свечен настан со гости од секаков калибар! демек имала емоции и трема...ебаго ...немала трема пред „ милион“ гости во публиката на Евровизија имала пред стотина демек гледај ме и вервај ми!
...и не треба нас Тамара да ни се извини, туку да оди на гробовите на Гоце Делчев, Јане Сандаски да се извини и да им се поклони и цвеќе да положи дека ги избришала од химната, а со тоа и од македонската историја!
( 0:24 од видеото, дури и Цветанка Ласкова испеја Македонија на Македонците ...со Гоце Делчев и Даме Груев, па и некој таму ваму со полуотворена уста, иако повеќемина, со уста затворена како да се пее химна на некоја афричка земја)
... еве како се пее химната на Македонија, драга Тамароооооо!
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!
(Денешна верзија усвоена во 1991)
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
(Оригинална верзија испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски
)