Развод на "стари"години

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Разводот е многу честа појава и не е веќе скандал како порано, во некои си времиња како што го гледавме и мислевме:) но сепак се шокираме кога ќе чуеме дека еден пар кој живеел заедно триесет-четириесет години, одлучиле да се разведат:confused:

Сакам мислење, совет, што мислите за ваков развод, дали може да биде добра одлука иако доаѓа на стари години:( може ли да се побара повторно среќа или касно е веќе:(
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
А зошто би се шокирале доколку некој брачен пар решил да се разведе?
Нивен живот, нивни проблеми, немаме потреба да им се чудиме на луѓето за нивните сопствени одлуки. А бе типична македонска работа.

Без разлика дали разводот се случува на стари или млади години, доколку нештата не фукнционираат онака како што треба да функционираат, тогаш подобро развод отколку несреќен брак. Еднаш засекогаш луѓето треба да мислат на своите животи, а не на тоа што ќе рече околината, што ќе речат луѓето. Кој нема попаметна работа секако дека ќе се шокира и ќе озборува, наместо да си го гледа сопствениот живот и двор.

Никад није касно, во светот е најнормална работа да се има партнер. Ако си се развел не си умрел :icon_mrgr:
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Разводот е многу честа појава и не е веќе скандал како порано, во некои си времиња како што го гледавме и мислевме:) но сепак се шокираме кога ќе чуеме дека еден пар кој живеел заедно триесет-четириесет години, одлучиле да се разведат:confused:

Сакам мислење, совет, што мислите за ваков развод, дали може да биде добра одлука иако доаѓа на стари години:( може ли да се побара повторно среќа или касно е веќе:(
Каталино, нема шо да се мислеш, разведи се. Уште немаш 50 тако да није касно за нова среча ;)
 

brnjomkd

cobragt
Член од
23 ноември 2017
Мислења
222
Поени од реакции
93
абе проблемот е за децата свои, а внуците пак некој со душа чека внуци
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
абе проблемот е за децата свои, а внуците пак некој со душа чека внуци
Мислиш дека треба поради деца и внуци да останеш во брак кој одамна не функционира како треба?:rolleyes:
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
реков дека е проблем не дека да функционира поради нив
Па се е проблем у живото! Значи шо подразбираше ти коа рече дека е проблем? Тоа аутоматски асоцира на "Поарно да остане бракот ради децата, внуците".
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Брат на дедо ми се разведе со жената на 75 години некаде. Имаат 2 ќерки кои неколку години пред разводот се преселија во Америка. Овие двајца си патеа во посебни станови и баба ми требаше да слуша муабети од типот на „таа ме маѓепса, јас никогаш не ја сакав“ и „овој е ваков и таков и онаков“. Женава отиде во Америка да живее кај едната ќерка. Овој остана тука и патеше. Виде не виде, и он отиде во Америка, на 80+ едвај некако му дадоа виза. Сега живее кај другата ќерка. И многу им е незгодно и глупаво на ќеркиве пошо не можат еднаш асално да се соберат пошо овие двајца не сакаат да се видат.

Брат на баба ми, на 80 е во процес на развод со жената. По скорешен разговор со него, ми рече „Види, јас имам факултет а она има основно. Тука е јазот“. Тој сега живее у своето село, она у нејзиното.

Јас и другиот брат на баба ми (душа човек, помага на сите све), се сретнавме со друг (не оној од најгорниот пасус) брат на дедо ми. Двајцата се разведени, ама одамна, на 40 некаде. Душава пошо оваа го вараше, а другиов не знам. Многу ретко имаат комуницирано меѓу себе во последните години.
Братот на дедо ми му вика на братот на баба ми „а бе ти одамна се разведе, сега, што не си најдеш некоја?“
и овој му вика, „да бе, да и ги перам гаќите“
овој му враќа „не бе, она ќе ти ги пере, а бе жена сака да и сржеш, да и стропаш на маса“.

Со братот на баба ми (душа човекот) шетавме во село и поминавме покрај куќа на еден овчар, он само што ги вадеше овците на пасење. Се вклучи во нашата прошетка. Дојде до муабет за братот на баба ми (оној со факултетот) и му вика на душава „а бе прости вака што ќе ти кажам ама, будалаштини бе на стари години прават“.
И тука овчарот ги сахрани буквално сите. Ова беа најпаметните неколку зборови што у кратки црти опишуваат сФе.

TL;DR Овчарите се ѕверови. Луѓето се канцер сами по себе. Со жена не излагаш на крај ниту добар ако си, ниту алфа ако глумиш.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Народот секако ќе озборува, секогаш ќе суди затоа што уживаат да се мешаат во туѓи животи, за жал не можеш да им ги затвориш устите, секогаш ќе се појави некој нов кој ќе сака да соли памет.

За тоа дали е добра одлуката, ќе покаже времето.
Доколку не е како што треба, доколку имало караници и била поголема причината подобро е секој по свој пат отколку да бараат изговори за да останат заедно.

Општо за разводите, никогаш не сум разбирала кога некој ќе рече дека не може да се разведат за да не страдале децата.
Децата секако страдаат, или на еден или на друг начин.
Во нефункционални бракови разводот е само прашање на време.

Кога се оставија вујко ми и вујна ми по 15 години брак , луѓето не престанаа да озборуваат. И по неколку години тоа е уште тема на разговор, секогаш ме прашуваат, секогаш ми кажуваат некои работи кои не сум ги знаела, па си додаваат свои причини за разводот.
Искрено, јас бев шокирана за тоа, бев мала но веќе разбирав кој е проблемот, ми објаснија на благ начин.
Децата им живеат во туѓина, едната ќерка си остана идиот (братучеда ми е, моја крв но искрена сум за тоа каква личност е) другиот си го среди животот и секој по свој пат.

Е сега знам и други примери каде што останале во брак, жената бега од мажот, во село, па по некое време се враќа назад, така неколку пати, се тепаат еден со друг, децата исто така тргнаа по лош пат, нормално, родителите им беа пример за лошо однесување.
Пред мене се случувало мажот од примерот да ја вреѓа жената, да измислува работи за нејзе, а мене ми беше многу незгодно бидејќи сето тоа се случуваше пред мои очи и не знаев како да реагирам затоа што едниот од нив беше агресивен.

Сега уште се заедно, како функциунираат не знам, но знам дека доколку не се разделат, еден од нив ќе заврши лошо со оглед на тоа колку агресивни еден кон друг се.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ќерко сама си го бираше, е сега ќе го трпиш. :pipi:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Па сите се менуваме со тек на години, некогаш кон подобар, некогаш кон полош карактер. Погледнете си ги родителите, сетете се какви биле на млади години. Прашајте се вие дали колку сте исти од пред 10-20 години. Перманентни стресови и нервози во борба со, за и во семејството. Па климактериуми па длабока старост (изразот старчево као мало дете) па свенешто, материјалот се заморува. Е сега, некој и млад бил таков, на старост тоа е поизразено. Некогаш човек ќе "пукне", традиционалното е во овие случаи лошо. И амортизерот по 10 години протекува не па луѓето. :vozbud:И така
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не знам, според мене не е прашање на никакво “трпење“....ретко некој станува пијаница у подоцни години или насилник...
Инаку е глупа работа по сите параметри.
Ај сфаќам ти докурчило, ама шо си чекал 15-20 години.
Најпатетично е кога некој на 50+ ќе сфати дека е „ебач“ или за жената дека е не знам што, ваљда инфлуенсерка со фолоуери.
Практично сите луѓе што ги познавате у тие години ви се заеднички (освен страната на швалерот, а некогаш и таа ви е заедничка) и после чинот следи маратонско објаснување со сите: „зошто?“, „нели можевте да изгурате некако?“ исл. Не би го праел тоа у тие години, поише ради трачари и оговарачи.
Тие што јас ги познавам, мислам дека глупо изиграа со разводите. Познавам и такви што живеат толку независен и одвоен живот, што е бетер од тоа да се разведени, само го немаат формално чинот направено, веројатно за да не ги зборат по градов. У секој случај, мислам дека најсрање е за децата, а под „деца“ у оваа ситуација подразбирам веќе возрасни над 18 години....ете, на пример, студираш и у тие години треба да се ебааш со проблемите на твоите родители (тука не ги вклучувам финансиските и здравствените проблеми - тоа е нешто друго).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom