,,Ние сме демократи и по реакциите во јавноста за одлуката државата да плаќа операции за промена на полот ретериравме, вели министерот за здравство, Венко Филипче"
https://fokus.mk/filipche-po-reaktsiite-vo-javnosta-reteriravme-od-odlukata-za-operatsiite-za-promena-na-pol/
Демократи биле и го слушале мислењето на јавноста, исто како што го послушаа мислењето на јавноста искажано на референдумот за промена на името. Тоа е тоа нивно поимање за демократијата. Штом има геј паради и фикс идеи за финансирање на промена на пол од државен буџет, по дифолт тоа мора да е демократија и држава која што негува европски вредности. Занемарлив е фактот што во таа наводна демократија која што, нели, "негува" европски вредности, луѓе умираат од банални причини на хируршки маси и пари за операции се збираат преку СМС. Толку сме демократични што во 21 век има зони каде што владеат закони од 15 век, пандани на С. Арабија, шеријатски закони и малечки невести, а на 15km од шеријатот се организираат геј паради.
Демек сме Скандинавија, па сите егзистенцијални, социо-еконономски прашања ни се решени, на пат сме да ги исфрлиме фосилните горива од употреба и одиме на еко обновливи енергии, лансираме сателити во вселената а наши научни установи и институти работат на изнаоѓање лек за ракот, имаме хуманитарни фондации под името MK aid кои што праќаат државна помош во име на македонскиот народ до афрички и балкански вукојебини...па дојдовме до степен да се занимаваме со лгбт права и дискусии за државно финансирање на промена на пол.