Ако одиме по таа твоја логика, тогаш не излегуваат ни сите тинејџери и 20 годишници. Еве на пример јас. Не дека воопшто не сум излегувала, сум излегувала, ама многу ретко.
И уште нешто, зошто да и’ помага за учење и тестови? Мислиш не може сама да научи? И тоа како може. Не си свесна колку паметни, интелигентни и зрели девојки и момци има што се средно или факултет. За помош постојат професори. И исто така и колегите/соучениците си помагаат меѓусебе. Дечкото во случајот 10тина години постар од неа, голема е веројатноста да ги има заборавено поголемиот дел од работите што ги учи таа. Или обратно, ако девојката е постара толку години.