Ако во човекот има душа, тогаш каде се наоѓа таа?

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Го знам ја ова. Ова е прилично саентолошки приод.
Оноа, кога ќе умрат душите некој свемирски брод - правосмукалка има околу Земјата и ги усисува унутра, па не одат кај Господ (или нешто слично беше).
Не бе, одат да им суди Исус. Ако се стари и изнемоштени он со правосмукалка ги усисува еден по еден и им суди.
Овој поглед го знаеш ли?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.994
Не бе, одат да им суди Исус. Ако се стари и изнемоштени он со правосмукалка ги усисува еден по еден и им суди.
Овој поглед го знаеш ли?
Не баш.
Ова е твоја некоја митологија. Има секакви. Има со исус Јапанец, има со Исус вонземјанин. Па зашто и ти да немаш право на своја перспектива?
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.278
Поени од реакции
791
некој со научен метод да објасни .
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.072
@Хептаграм XI
Дали тоа , ти не каниш да бидеме дел од тајно друштво?

Како тоа не променети, па вие сте од прошлиот век...тазе создадени кои проповедате некој нов еон.
Душата на човека е иста и непроменета во своите фази од многу оддамна, тоа е она што нема да се промени.
Само ќе се разликуваат, термините , приказната и зборовите.

Суштината останува иста , да се доживеат сите промени ИСТОВРЕМЕНО , а тоа ќе го завијат во мистика со божеста, богови, универзуми , еони и што уште не за да се држи под контрола човештвото во еден стадиум.
Тао, Христијанство, Ислам , Будизам , мистични тајни друштва итн.

Ах таа душа човечка , колку само се расцепка во желба да постои вечно.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694

@Хептаграм XI
Дали тоа , ти не каниш да бидеме дел од тајно друштво...
Не. Иако сакаш да бидеш поканет, но не оди тоа така, од она што го јас знам во врска со тоа...

Јас само искоментирав да намалете со цитати од „светото писмо“ на христијаните (уште помалку да ја толкувате еврејската мисла бидејќи сте неписмени во тој дел) бидејќи заборавате дека тоа е еврејски закон со примеси од егзотеричните учења на постари тајни учења(нема да те учам кои се тие учења, школи итн итн, извини).
Извинете што постојат ствари кои се чуваат тајни.Па видете вие од едно егзотерично обожување очи ќе си извадите не пак нешто побитно да ви се каже!

Седнете учете за „стариот завет“ но подалеку од христијанските размисли за тоа „што е стариот завет“.

Јас реков:
„Ќе докажете уште малку како христијанството со нивните „свети книги“ се апсолутна вистина, а сето друго е лага... :)
И тоа само заради еден „нов завет“ во кој што евреите се криви што „не препознале месија“ иако тие го создадоа тој симбол на обединување...

Не ги заборавајте исламските философи и мистици... кога веќе се заморувате со ова. Ниту пак далечниот исток... “

Исто кажав и ова:
Грците и нивните богови се поматија, неуки дрдорковци исковаа пранги и религиии зборувајќи глупости и лаги за учењата кои не ги разбраа ниту сега ги разбираат и изградија егзотерични традиции за кои вие сега тука цитирате и глаголате на големо како „големи вистини“ за човекот и боговите...
Но, ок - и тоа е нешто, добро е да се знае до каде е „чергата под ова поднебје“, иако помладите генерации ова(„светото писмо“) и те како го разбираат како нецелосно во однос на релацијата човек-бесконечност and beyond.

Затоа и реков дека од христијанството ќе направите како да крие големи вистини, а постојано заборавате од каде дојде новиот завет и на што стои - ЕВРЕЈСКИ закон!
Ништо повеќе ништо помалку!

И преку тоа докажувате за душа, па дури и за тоа каде се наоѓа... не оди така. Смештно е...
Христијанството како и исламот се четиво за учење за да можете да ги поминете и одите уште наназад, од каде црпеле размисли и пракси и да осознаете која вистина е непроменлива!
Што ќе пренесеме на идните генерации после 500 или 1000 години? Христијанство? Ислам? Будизам? Таоизам?
Сето тоа ќе постои како и денес, но заборавате дека постојат тајни „школи“. Едноставно постојат и опстојуваат непроменливи во сржта, но ги менуваат праксите заради промените на човештвото.
„Душата е непроменлива по суштина, но бара се повеќе искуства за да го исполни универзумот до крајни граници!““

Нема тука покана за ништо. Освен покана да се присоберете малку и да не зборувате глупости.
До некаде ми се допаѓа што постојат многу луѓе како тебе кои си додаваат и одземаат од светите книги на стариот еон и така од внатре го касапат и цепкаат, но да се има мерка и за тоа, ептен заминавте...

Но секако, ако не зборуваш за „светото писмо“ и ако не се повикуваш на него, за што ти би зборувал? За ништо. :) Сето твое „искуство“ е библијата на христијаните и само тој светоглед го имаш и ни го пласираш со некои твои додатоци собрани од секаде, за да изгледа „мистично“ и ново, неповрзано со ништо...
Авторитет сам по себе ;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, нигде не реков дека Адам бил бездушен, дадов забелешка дека веднаш создадениот Адам со возрасно тело на душата и недостасуваат низа промени за да образува силна врска со телото.
Бидејќи душата во човека доаѓа чиста, не гибната, без "меморија" , книга со празни листови кои со тек на промените и времето впива од настаните и доживувањата кои следат.
Бог го создава првиот човек , а под поим човек се подразбираат сите промени.Те разбирам дека и поинаку неможеш да веруваш , но ако било така и самиот бог ќе прескокнел денови и директно на 5 ден ќе отишол.

Мики , овде сме да си споделиме размислувања, а не да се фалиме со нив.
Може да ти кажам како гледам јас на битие.
Создавањето на светот е напишана во "огледало" каде пред читателот стои перде на очите искажано со термини и поими кој не му дозволуваат да види , а всушнос се работи зс секоја човекова промена гледана од позиција на човек и што се доживува.

Поединечно во денови, првиот за новороденче (нека биде светлина и ја оддели бог темнината од светлината) само и тоа го разликува новороденче.
Сводот вториот ден- положбата и фиксирање на очите , што е горе, а што доле.
Третиот ден времето со своите спротивности, сонцето и месечината, расте и ги забележува разликите...како што се мајка и татко.
Четвртиот ден , веќе оди-трча ја осознава природата и животните.
Во тој ден најмногу осознава.
Петиот ден , добива животворен дух...може да создава нов живот ..пубертет, тука доаѓа опомената која се однесува за забранетиот плод.
Шестиот ден е во тек за секој созреан човек.
Седмиот ден кога ќе одиш во пензија да се одмориш.

После со децата на Адам се прават други поделби за човештвото во духовна смисла.(тоа е друга тема)

И така бог го создаде светот за седум дена - седум човечки промени.
Гледај од позиција од сите етапи од човековото постоење, а не од тоа што си сега.

Светот не би постоел , ако нема кој да сведочи за него.

Не само Мојсе и други како Данаил и Јован го гледале истото 7 периоди на човекот , но секој на свој начин го искажал.Мојсе како создавање на светот, Данаил му го толкувал сонот на царот (човештвото преставено со еднина -цар).Јован , седумглав звер со десет рога.(прстите од рацете)

Знам дека за верник е тешко да се раздели од бајките во кои верува, таму каде бог е на една страна ,а човек на друга , сепак овде сме да споделиме размислувања.
Има многу вистина во цитатот "Јас реков , вие сте богови".
alf,

начелно, не читам долги постој па тоа го чинам и овој пат. Но, можам ти посочам само една работа: уживај во своите убедувања, барем тие се‘ уште не се забранети со закон, туку се дури и пожелни за одредени центри на моќ.

Личните ставови, што ќе рече заблуди, не можат да прејдат во општо важечка вистина, туку се погубни. За среќа, секому од нас му се дава прилика да се разбуди (и покае) од своите ставови-барем додека е жив...

За „после„-тешко...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.072
Не Хепта , не сакам никаква покана ниту имам желба да бидам дел од било каква тајна група или догма.
Едноставно, имаме различни расудувања , а основната е , не може човек (во општа смисла) да припаѓа или следи закон, правило, филозофија која ја измислил човек(повторно во општа смисла)
Кој на кого припаѓа?
Човекот на филозофијата, догмата, верувањето или тие нему?

Како традиција стана тоа , да мора да се "венча" човек за закон.Без тоа незамисливо е да црпат "храна" за да го издржат патот во себеосознавање.
Други деца "флаширај "ги со етикети.
Што сака да кажеш со ова...
цитирам
Христијанството како и исламот се четиво за учење за да можете да ги поминете и одите уште наназад, од каде црпеле размисли и пракси и да осознаете која вистина е непроменлива!
затворен цитат

Збори бре да те разбере човек, што во завиени форми како да треба мисли да ти читам , се изразуваш.
Која вистина? Вашата?
Наназад во утробата или наназад во времето на човештвото?
Гледаш ли колку е несовршен човечкиот говор за да се пренесе информација...ајде дообјасни се што кажуваш.

Ако јас зборам за назад во утробата од каде што црпеле, а ти за назад во историјата , различни вистини ќе добиеме.

Тука зборувсме за душата на човекот, Мики повлече кон битие.
Од тоа што го напишав , никого не го присилив дека тоа е негова вистина, само разменивме мислења, ти имаш некој проблем и ми вагаш која книга повеќе ја толкувам?

Ја толкував и таа вашата, сме збореле за тоа.[DOUBLEPOST=1561245593][/DOUBLEPOST]
alf,

начелно, не читам долги постој па тоа го чинам и овој пат. Но, можам ти посочам само една работа: уживај во своите убедувања, барем тие се‘ уште не се забранети со закон, туку се дури и пожелни за одредени центри на моќ.

Личните ставови, што ќе рече заблуди, не можат да прејдат во општо важечка вистина, туку се погубни. За среќа, секому од нас му се дава прилика да се разбуди (и покае) од своите ставови-барем додека е жив...

За „после„-тешко...
Мики, го смени мислењето , па нели душата после смртта постои и понатаму , со истите дејства како кога била во телото.

За какво после-тешко, зборуваш?
Вечна е човековата душа, нели погуби не е исто што и убие?

Или кој не е со нас, тој е против нас и за него не важи тоа. :(
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, го смени мислењето , па нели душата после смртта постои и понатаму , со истите дејства како кога била во телото.

За какво после-тешко, зборуваш?
Вечна е човековата душа, нели погуби не е исто што и убие?

Или кој не е со нас, тој е против нас и за него не важи тоа. :(
Уопште не сум го сменил мислењето.

Посочив дека времето за покајание и за добочинство е само ова време, ова кое го живееме, оти после телесната смрт, со што „личното„ време престанува да тече, започнуваат настани кои за душата или ќе бидат спасоносни или ќе бидат трагични.

Душата ќе продолжи да битисува или во вечен живот или во вечно умирање.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.072
Уопште не сум го сменил мислењето.

Посочив дека времето за покајание и за добочинство е само ова време, ова кое го живееме, оти после телесната смрт, со што „личното„ време престанува да тече, започнуваат настани кои за душата или ќе бидат спасоносни или ќе бидат трагични.

Душата ќе продолжи да битисува или во вечен живот или во вечно умирање.
Мики, сакаш да кажеш дека треба секој човек кои има лични ставови во однос на библијата, треба да се покае и да прифати колктивни ставови од христијанството?
Во спротивно, после телесната смрт неговата душа или ќе битисува во вечен живот или во вечно умирање.
И исходот е колективен став на христијанството.

Разбирам дека сржта на христијанството е да се биде спасител на човекот , но со верување во бајки и нивно пласирање за да се прифатат како спасение е спротивно од самата тематика во христијанството, поправилно би било да се понудиш ти како жртва за да спасиш друг.

До кога Мики, друг ќе умира/ страда за да вие живеете во бајките?:(
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Колку повеќе ги читам Алф, Хепта и Мики, толку повеќе разбирам, дека, всушност ЈАС НИШТО НЕ РАЗБИРАМ:vozbud:

Како заздравува душата, како зараснува рана на душата?
Како некој или нешто може да ја храни душата, кога душата не е орган, не е тело, ниту знаеме каде се наоѓа и дали ја има вооппшто, не може да ја опипаме, да ја ограничиме,да ја локализираме?

Но, душата постои и мислам дека секој ке се сложи со тоа.:)

Душата има некој свој живот, сокриен од нашите сетила ама од нејзиниот живот зависи сето она што на човекот му е најважно во животот, поважно дури и од телесното, физичкото здравје...а тоа е внатрешниот мир, спокојот, исполнетоста, вољата за живот, радоста...:)

Кога душата е ранета, сето ова е "раздрмано" во човекот, ништо веќе не му вреди, ништо веќе неможе да го утеши, ниту доброто физичко здравје, ниту големо материјално богатство.:(
Е како ќе зарасне таа рана на душа ако сте вие спремни да кажете дека НЕ ПОСТОИ ДУША:confused:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694
Не зборвам завиено или скриено, само не ме разбираш што зборувам бидејќи не ти се познати учењата на кои се повикуваш (бидејќи тебе не те интересира традицијата од каде доаѓаат работите и што означуваат во еден систем, туку ти сам си толкуваш во целиот тој твој хаос како ти се чини дека треба и се трудеш да си бидеш сам на себе пророк и да ни кажеш дека ти најдобро ги разбираш светите книги , иако за некои книги е кажано дека не може да бидат толкувани на друг) и сам си носеш заклучоци од твоите искуства што си ги имаш низ животецот...

Постои една вистина и таа не е достапна за мноштвото... :(
Не е твоја моја на христијаните на муслиманите, ниту пак на ескимите или на оние племиња од Амазонските шуми...

Бидејќи мноштвото за жал е злобно и самобендисано и единката што е дел од тоа мноштво, која не дала завет да молчи и да работи, да надмине и да каже онолку колку што треба, лесно потпаѓа под влијание ако и се даде моќ која доаѓа од таа вистина, која тука не е кажана ниту ќе биде кажана ... колку и да се пените дека имате некое разбирање или искуство, бесцелно е.

Сешто се изначитав и освен расправии кој е во право кој не (нормално пак на основа на христијанството како религија), кој најдобро разбира за душата кој не - ништо не дознав повеќе.
Не ни може да се знае поеќе, но обидувајте се, за вас нема ништо свето бидејќи разбирате малку :)
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.072
Хепта , независно која од постоечките религии и филозофии се коментира , сите обработуваат една тематика - ЧОВЕК, се разликуваат само во тоа која човекова промена ја земале за основа околу која формирале верување , филозофија или догма.

За да бидат нештата уште по недофатливи , секоја од нив околу своето постоење направиле мрежа од лавиринти , некој со тешко сватливи приказни со божества , ангели чувари , јоги , пракси ,други со давање бројчани вредности на зборовите, некој со симболи , цртежи , клучеви и разноразни умствени слагалици. Сето тоа добро да се замаскира основен и толку едноставен поим ЧОВЕК.
Секој на свои начин допира до себеси ,ако за тебе е од корист да дознаеш од каде потекнува еден збор , од која традиција , која му е бројната вредност и која е неговата спротивност...истражувај бре Хепта.Тоа е твое патување, но не и на секој.
Никој нема да ти раскаже за душата која ја носиш бесцелно , тоа треба сам да го направиш.Твојот лавиринт е само твој.

Овде не се коментира за да се понуди цел , може да ги искажеме своите мислења, различни толкувања и разбирања за светот и она што го има секој човек - душата, тебе ако не ти се допаѓаат - не ги читај, знаеш каде е вратата можеш да излезеш.:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694
Без разлика што обаботува (штом за тебе е ЧОВЕКОТ, нека ти биде), ти сам си толкуваш симболи кои имаат универзално значение бидејќи ужасно си наплашен немој некој друг што дознал повеќе бидејќи имал време и можност да помине повеќе да ти одговара неговото толкување и да ти помага како патоказ низ животот (ако имаш живот кој што води кон божественото), но и малку помалку познато... и твоето толкување никако не можеш да прифатиш дека е глупост за другиот кога се работи за свети книги...
Кога се работи за хиероглиф како „душа“, „бог“ итн итн...

Егзотеричните религии прават лавиринти! Да ме читаш што ти зборувам немаше да ми зборуваш за човекот преку христијанската догма или како да се однесува човекот во однос на се преку нив или исламот... но ете те тебе ми цитираш евреите а поима немаш до кои граници оди јазикот и размислата на евреите! Бидејќи си неук! Ти се плашеш да учеш од другите бидејќи ќе дознаеш дека не знаеш ништо полезно ниту нешто значајно...
Не може да ставеш пракси во ист кош со религиите кои ти се тебе блиски бидејќи тука ги имаме на тони!

Носи си ја душата кај сакаш (твојата можеби и плаче во некој ќош гледајќи како се палиш и зборуваш сешто за работи кои не се баш така), но намали да расправаш со другите што означува оној или овој стих од некоја света книга... не знам од кај ти потребата да толкуваш за други свети книги или книги кои содржат универзални пораки кај кои означуваат секогаш различно!
Ти не знаеш што значи стихот, ти само сакаш тоа да означува токму тоа што ти мислиш, бидејќи нели... кој па сега ќе се заморува со истражувања на хиероглифите и историјата начовештвото, иако тие книги нели го третираат човекот, но онаа знаеш, многу силната страна на човекот :)

Овде не се коментира ништо, овде бладате и како што реков кревате кал во и одамна матната вода на стариот еон... и постојано се обидувате свесно или несвесно да ги враќате тие религии назад како да содржат не знам какви тајни за човекот!
Постојано да се повторувам: неуки сте и ништо не ви е свето. Не знаете да молчете.

Ако ви се толку зборува за овие симболи и вадете цитати од евреите, фатете ги евреите и нивните философии, не цитирајте глупости од типот ха-Адам (да сакаше да истражуваш за зборовите, не ќе бладаше вакви глупости) каков бил кога го создале и како немал искуство да му раснат млечни заби... што трескате бре зелени, не сте 20 годишни ниту пак оние теоретичарите на заговори заљубени во мистиката на светот :)
 
Што е човекот и дали има душа....кратко јасно може?
Постови од по 1000 збора а ништо суштинско на темава :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom