Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
А бројчаникот ставен ли е, врти ?
Вчера пола миљарда задужуење на гладно срце...
 
“Економијата расте” :pos::pos::pos:
Зрее
Од зреење изгледа само долгот си зрее.
Ама ова на мала врата задужувањево, дур се тепаат тука кој бил, чив бил.
Глуп народ сме биле и ќе си останеме...
Ќе се изнакрадат и овие па сакаат ЕУ да влагаат да им враќа дугоите, тешко таа работа
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Пендаровски: Диво Насеље е договорен настан, но во процесот не се зафатени сите клучни актери

Прво и основно, не сфаќам кој кур фактор е претседател на држава да збори за ова, па уште и да изнесува некакви детали и не знам што. Второ, вакви бледи изјави може ќе имаа некакво значење пред 2-3 години, сега звучи патетично и идиотски. Ама ај, кај и да е ќе се обелодени се во врска со овој случај, а кога сме веќе тука пак ќе прашам јас да не знае некој случајно до кај се бомбите за Смилковско. Имаше некоја изјава скоро од една од најдобрите обвинителки од Боговиње дека имаат многу материјали поврзани со тој случај, ама тоа беше некако кажано ради реда и немаше некоја голема еуфорија. Сешто може да си помисли човек после вакви изјави.
 
http://www.minareport.com/2017/05/0...-in-kumanovo-were-in-communication-with-sdsm/
Сигурен е дека е договорено, ама не се знаело кој бил главен :vozbud:
 
Илузии за "ено опшесво" и наднационални држави паралелно управувани од субјекти кои што се одржуваат на власт повторно преку картата на национализмот и етничките поделби, тоа е парадоксот во кој што живееме.
Еното опшесво на Заев значи бинационална држава со две паралелни структури кои што спроведуваат сопствени закони врз етнички поделена територија.

Убивањето на националниот карактер на државата на кој што сме сведоци денес, фабрикување на историски факти и правење огромни отстапки на сметка на илузии за европска идинина е брз рецепт за државно и национално самоубиство.
Национализмот со сите негови маани е неопходна нишка за едно општество и народ биде во можност да преживее во овој турбулентет свет. Западниот свет може да ни продава басни за еднаквост и наднационални општества, меѓутоа национализмот ќе постои и ќе биде дел од нивните општества уште долго време. Впрочем, во услови на евидентна опасност од надворешни влијанија кои што го загрозуваат националниот карактер на државата се случуваат подеми на националните движења и во државите кои што се водат како либерални општества. Пример бегалската криза и политиките на либералните влади кон тој проблем беа тригер за ваквите движења. Видете го Обединетото Кралство во кои гомна се дави после Брегзитот, Трамп е резултат на тој национализам.
Заради стравот од него, Франција, Холандија и Германија, кои што се водени од релативно либерални влади, парадоксално излегоа како најголеми противници на ЕУ проширувањето.

Само ние овде, една шака криминалци тргуваат со националните интереси и изиграваат поголеми либерали од оние кои што го измислија тој поим. Глумат наднационална држава и серат за ено општество, илузија која што ниту еден национално освестен народ нема да ја проголта, оти тоа е најкраткиот пат до државно и национално самоубиство.
Ние преку договорите со Грција и Бугарија, заедно со премолчаната внатрешна територијална поделба на етнички зони на влијанија, си играме руски рулет со државата и националната свест на народот.
 
Чепкањето на МКЦ

Примитивниот напад врз Арбен Бени Шаќири кажува многу за оние кои го потпишаа отвореното писмо

Бреј комуњарава и браќата ама се пуштија во релативизаторски транс деновиве... Се кладам дека не ни припариле, ни па знаат што е МКЦ и кај се наоѓа. Неверојатно, а да не правиме муабет што и самото писмо е патетично, утепано, лицемерно и гзолижачко. Колку да се каже ете демек има реакција, ова она, а во суштина е дел од рубриката „нешто да се дешава“.
 
Колку бе пари ви даваат да оправдувате шљунги и цигани бре???Да ве отруе лебот што го јадете,абе Бени Шаќири ли го браните утро да не дочекате
 
ЕУРОМАКС ПАКУВАЈ КУФЕРИТЕ

Денес премиерот Заев излезе со значајна изјава во која ја кажува вистината дека концесионерот Еуромакс ги немаат завршено обврските од правно формален карактер и најави одлука на влада во врска со одземањето на концесијата на рудинкот Иловица-Штука.

Ние ја поздравуваме оваа изјава како чекор во вистинска насока и сме во очекување на правно формална одлука на влада што треба да се случи овој или евентуално другиот вторник.

Во меѓувреме остануваме на барикадите на патот кон рудникот на Огражден до конечното одземање на концесијата.

На Еуромакс им порачуваме да ја препознаат реалноста и да ја прифатат без непотребни додатни провокации зошто ќе следува жесток одговор од населението.

На работниците на Еуромакс им порачуваме да не подлегнуваат на провокации и буцкања од Еуромакс, а на археолозите да се стрпат до одземање на концесијата по што слободно ќе можат непречено да ги истражуваат значајните арехеолошки наоѓалишта на Огражден.

Во прилог е транскрипција на изјавата на премиерот Заев за неисполнетите правно формални обврски од страна на концесионерот на рудникот Иловица-Штука :

“Во вторник мислам дека веќе имаме подготвено материјал за правните аспекти, работевме многу на правните аспекти, знаете дека бев лично со граѓаните, со концесионерите, со еколошките здруженија, за да извлечеме максимум на сите аспекти, но ние сме влада, на РСМ, најважно за нас е граѓаните зборуваат но истовремено се важни се и правно формалните аспекти, ако биде се завршено можно е овој вторник веќе да се донесе одлуката а ако не веќе следниот вторник ќе се донесе, зависи од правно формалниот аспект на поминување на процедурите низ помошните тела на владата дали ќе стигнат за самиот вторник за одлуката.

Одлуката треба да ја донесе владата јас не би коментирал претходно заради тоа што после ќе излезам со изјава на самата одлука, да ја образложам со сите детали, но отприлика знаат и граѓаните знаат и концесионерите правно формалните можности НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ.”

РУДНИК НЕМА ДА ИМА!
Здрава Котлина

Колку нема везе што рекол Заев, али ај да видиме....
 
Колку бе пари ви даваат да оправдувате шљунги и цигани бре???Да ве отруе лебот што го јадете,абе Бени Шаќири ли го браните утро да не дочекате

Тебе не ти е арно.
Скролам две страни, читам коментари да видам кој го оправдува ова. Не најдов ниту еден пост.
Иди малце излези на воздух лепи, ти се расипал мозокот од многу политика.
 
Тебе не ти е арно.
Скролам две страни, читам коментари да видам кој го оправдува ова. Не најдов ниту еден пост.
Иди малце излези на воздух лепи, ти се расипал мозокот од многу политика.
Ти да не се пронајде тука, па вака дрско?:)
 
Тебе не ти е арно.
Скролам две страни, читам коментари да видам кој го оправдува ова. Не најдов ниту еден пост.
Иди малце излези на воздух лепи, ти се расипал мозокот од многу политика.
Тоа не се однесуваше на тие што постирале уназад две страни, ама човек со твоја професија,од твоја бранша логички е таков закључок да донесе :D
 
Тоа не се однесуваше на тие што постирале уназад две страни, ама човек со твоја професија,од твоја бранша логички е таков закључок да донесе :D

А што, да не не е монтирано против Дудуш?
Чиста штела само за да се сврти вниманието дека сме близу до ЕУ.
Ќе си пукнете заедно со Ваки и Коко.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom