Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.792
Syn е во право за се. И дека тој ашлакот одбиваше да игра, и дека не даваше 100% кога се врати, и дека си ја заеба кариерата... Можеше да преќути, да игра и да се продаде добро во некој од топ клубовите. Со се тоа се согласувам.

Сепак, останува фактот дека на крајот клубот ќе го јаде стапот. Познавајќи го Икарди и Ванда, штом знаеја со кого си имаат работа, клубот имаше само една опција, а тоа е да го истрпат до мај и да кешираат. Сега цената му е падната од 110 до некои 40 милиони, значи 70 милиони сме во загуба веќе.

Денес читав дека клубот ќе му дадел на Конте буџет од 120 милиони. Од Икарди ќе ги извадеа.

Неспособни идиоти.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
Имаше многу мангупски начин да се заврши неговото во Интер.
Едноставно требаше да го остаат со смрдената трака до крај на сезона,да ги заташкаат работите и после продавај го кај кур сака.Управата киксна во менаџирање на ситуацијата опасно.
Повише од страшно ќе биде ако отиде за безпари или у некоја дебилна комбинација.

Останува да видиме,мене не ми мириса на арно...



Sent from my SM-G955F using Tapatalk
Ја не знам ти како очекуваше да функционира Интер како екипа, кога они покрај Се би го оставиле да биде капитен на играчи што не го сакаат. :)
Еве објасни ми што тука има мангупско, немаше ни во ЛШ да се пласираме ако клубот застанеше позади него и глумеа мангупи, имаше тежок раздор во екипа, сите против него, ниеден тим не може да функционира во една таква состојба.
Реков погоре, Конте да беше тренер, он немаше да игра, до крај на сезона, а можно е у уште во јануари да го продадеа, и од оваа моментална перспектива тоа ќе беше и најдоброто решение за клубот. Вака оставија некој простор да се средат работите, ништо од тоа не се случи, а Интер практично и да немаше корист од него во вториот дел од сезоната.

Сеа лесно е од оваа перспектива да се анализираат работите, ама тогаш сите се надеваа на друго сценарио, a испаѓа дека најмангупски беше тогаш да се даде, додека сеуште држеше јака цена, ова им беше лоша калкулација, или па, едноставно Никој не го сакаше тој период, бидејќи и летово многу слаб интерес има за него. До душа, ситуацијата ескалираше по Јануари, така да ова сценарио и паѓа во вода.

Иначе за без пари да си иде, ќе треба да чека до 2021 година, кога му истекува договорот, тоа не е сценарио кое него му одговара, нити пак на интер, а да раскине пред време сега за сега нема основа, апсолутно никаква, и не верувам дека Марота and co. ќе му ги сервираат тие услови.

Ја 200 пати иам речено, идеално е да ги среди односите, е тука сеа доаѓаат муабетите за гледање на едната или другата страна, зашто реално не знаеме што навистина се дешава, а ако се водиме по сите информации што излагаат јавно, Конте не го сака, од овде може да се извлече заклучок дека Икарди не е спремен да свитка опашка, да признае грешка и да им се извини на соиграчите. Мене тоа ми е најлогично објаснување, иначе немаше што Конте да се замара, ќе ги консолидираше сместа и немаше да се комплицираат работите, он да се продава, да се бараат замени и слично зашто реално тоа не е баш едноставен процес.

Така да, ако се дава у јуве, мора да го бараат дибала у спротивен правец, а у меѓувреме и лукаку и џеко да дојдат, таа озонска дупка што ќе ја остави икарди вака може да се попуни само, другачие не гледам како.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.915
Syn е во право за се. И дека тој ашлакот одбиваше да игра, и дека не даваше 100% кога се врати, и дека си ја заеба кариерата... Можеше да преќути, да игра и да се продаде добро во некој од топ клубовите. Со се тоа се согласувам.

Сепак, останува фактот дека на крајот клубот ќе го јаде стапот. Познавајќи го Икарди и Ванда, штом знаеја со кого си имаат работа, клубот имаше само една опција, а тоа е да го истрпат до мај и да кешираат. Сега цената му е падната од 110 до некои 40 милиони, значи 70 милиони сме во загуба веќе.

Денес читав дека клубот ќе му дадел на Конте буџет од 120 милиони. Од Икарди ќе ги извадеа.

Неспособни идиоти.
Многу е комплексно кога не ја знаеме конкретната ситуација. Дали клубот можел да преќути, дали Икарди можел да преќути... Ама после лажирањето повреда, Икарди и Интер се две паралели и нема што веќе да бараат едниот од другиот.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.052
Поени од реакции
12.511
Ја не знам ти како очекуваше да функционира Интер како екипа, кога они покрај Се би го оставиле да биде капитен на играчи што не го сакаат. :)
Еве објасни ми што тука има мангупско, немаше ни во ЛШ да се пласираме ако клубот застанеше позади него и глумеа мангупи, имаше тежок раздор во екипа, сите против него, ниеден тим не може да функционира во една таква состојба.
Реков погоре, Конте да беше тренер, он немаше да игра, до крај на сезона, а можно е у уште во јануари да го продадеа, и од оваа моментална перспектива тоа ќе беше и најдоброто решение за клубот. Вака оставија некој простор да се средат работите, ништо од тоа не се случи, а Интер практично и да немаше корист од него во вториот дел од сезоната.

Сеа лесно е од оваа перспектива да се анализираат работите, ама тогаш сите се надеваа на друго сценарио, a испаѓа дека најмангупски беше тогаш да се даде, додека сеуште држеше јака цена, ова им беше лоша калкулација, или па, едноставно Никој не го сакаше тој период, бидејќи и летово многу слаб интерес има за него. До душа, ситуацијата ескалираше по Јануари, така да ова сценарио и паѓа во вода.

Иначе за без пари да си иде, ќе треба да чека до 2021 година, кога му истекува договорот, тоа не е сценарио кое него му одговара, нити пак на интер, а да раскине пред време сега за сега нема основа, апсолутно никаква, и не верувам дека Марота and co. ќе му ги сервираат тие услови.

Ја 200 пати иам речено, идеално е да ги среди односите, е тука сеа доаѓаат муабетите за гледање на едната или другата страна, зашто реално не знаеме што навистина се дешава, а ако се водиме по сите информации што излагаат јавно, Конте не го сака, од овде може да се извлече заклучок дека Икарди не е спремен да свитка опашка, да признае грешка и да им се извини на соиграчите. Мене тоа ми е најлогично објаснување, иначе немаше што Конте да се замара, ќе ги консолидираше сместа и немаше да се комплицираат работите, он да се продава, да се бараат замени и слично зашто реално тоа не е баш едноставен процес.

Така да, ако се дава у јуве, мора да го бараат дибала у спротивен правец, а у меѓувреме и лукаку и џеко да дојдат, таа озонска дупка што ќе ја остави икарди вака може да се попуни само, другачие не гледам како.
Уште првава реченица ти е 50-50.:)
Ја на пример не сум сигурен дека Икарди играчите не го сакаат.
Како и дае,било како другачие да ја менаџираа ситуацијава ќе беше подобро него сеа.Од ова полошо - тешко.
Прибидејќи:))) многу парчиња од мозаикот фалат,да оставиме да видиме на крај што ќе искочи.Мислам дека откако ќе го напушти клубот ќе имаме пореална слика што точно се дешавало.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Ја не приметив дека сите играчи беа против него.

А и да биле, клубот е над играчите, сите полуиграчи што ги имаме во тимот ќе се излезеа и ќе си ја заработеа платата. И јас на работа не поднесувам некој па морам да одам од 9 до 5. Јбг.

Син како и вообичаено пробува да ја одбрани управата, али големината на менаџерот се гледа во справувањето со вакви ситуации, а како што кажа ИО, Интер изгуби во ситуацијата. Или нека даде некој 80мил, или нека се помират дека ќе игра Икарди додека не си ја качи вредноста. ФФП го исполнивме, ама треба да се одржува и конечно да мрднеме од октомвриската: Ај следната сезона.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
Уште првава реченица ти е 50-50.:)
Ја на пример не сум сигурен дека Икарди играчите не го сакаат.
Како и дае,било како другачие да ја менаџираа ситуацијава ќе беше подобро него сеа.Од ова полошо - тешко.
Прибидејќи:))) многу парчиња од мозаикот фалат,да оставиме да видиме на крај што ќе искочи.Мислам дека откако ќе го напушти клубот ќе имаме пореална слика што точно се дешавало.
Ти реков, за некои работи постојат изнесени факти, не е 50-50, зашто проблемите се случија ден откако жена му на телевизија кажа дека ако бира поише пари, или бољи соиграчи на икарди, второто ќе го одбере.
Е тоа беше моментот кога све отиде у курац, у пакет со фактот што подоцна и јавно го прозва перишич.
Батали ти мозаици, гледај што е изнесено како непобитен факт, точно е дека све не знаеме, ама тоа дека Ванда го кажа, го знаеме, дека сместа после тоа му беше тргната капитенската ленга, и тоа го знаеме, тоа дека не беше повреден а рече дека е, исто, го знаеме, и дека одби да патува у Австрија. Дали од 20 играчи 15 му се накурчени јако или 12 или 17 небитно е најискрено.

Работата е што клубот беше ставен пред свршен чин, немаш тука златна средина, немаш повеќе сценарија, имаш едно единствено, кога играчите се против еден фудбалер, а притоа истиот е Капитен, кое е најлогичното решение ? Или колку опции има тука клубот ?

Реални да бидеме, тргањето на капитенската лента беше единствен логичен избор тука, работата е што тоа Икарди го прими многу лошо, и постапките му беа имплусивни и непромислени, да може да го врати сега времето назад прилично сум убеден дека ќе покажеше професионалност, а не да бега од клубот и да лаже дека е повреден. Всушност, веќе еднаш се соочи со таков проблем и реагираше добро, ама вториов пат Не. На крајот од денот, затоа и ти реков, ова негово понашање и она на жена му го чинеа летово премин во Реал Мадрид, знаеме сите што би значел еден таков трансфер за било кој фудбалер на планетава.[DOUBLEPOST=1560692987][/DOUBLEPOST]
Ја не приметив дека сите играчи беа против него.

А и да биле, клубот е над играчите, сите полуиграчи што ги имаме во тимот ќе се излезеа и ќе си ја заработеа платата. И јас на работа не поднесувам некој па морам да одам од 9 до 5. Јбг.

Син како и вообичаено пробува да ја одбрани управата, али големината на менаџерот се гледа во справувањето со вакви ситуации, а како што кажа ИО, Интер изгуби во ситуацијата. Или нека даде некој 80мил, или нека се помират дека ќе игра Икарди додека не си ја качи вредноста. ФФП го исполнивме, ама треба да се одржува и конечно да мрднеме од октомвриската: Ај следната сезона.
Bene, агент на играчот, во случајов и негова жена, ги изруга Јавно сите играчи, у кој свет е тоа нормално кажи ми, збориме за голем клуб, не за фк беласица или академија пандев.
У кој свет играчите ќе поминат врз тоа ? Како да им е капитен ? На крајот од денот, него му беше тргната капитенската лента, а не дека играчите не сакале да играат со него веќе, му тргнаа лента, го викнале на утакмица, не дојде.
Толку, просто ко грав.
Тргањето на лентата беше едиственото решение кое управата можеше да го повлече, башка не беше тоа нивна одлука само, туку тренер плус марота плус сите остали, вклучувајќи го и занети.

Еј абе да жена ми така кажа, ние наместо пари, би одбрале бољи играчи од вас али ок е ја сум ви капитен мора да ме респектирате све е у реду. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.792
Како може да е единствен логичен потег ако те чини 100 милиони? Што ќе се случеше еве, да не му ја тргнеа?
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Како може да е единствен логичен потег ако те чини 100 милиони? Што ќе се случеше еве, да не му ја тргнеа?
Сериозен си?
Шо прашање е ова?
Треба одговор за вакво прашање?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
Како може да е единствен логичен потег ако те чини 100 милиони? Што ќе се случеше еве, да не му ја тргнеа?
Убаво ти пишал трибиани, дали си сериозен.
Чоек, свесен ли си што може да значи таков раздор у екипа, односно, клубот да застане зад некој што кажал дека играчите за кур не ги бива, дека се лоши, значи дека клубот се согласува целосно со тоа нивно тврдење ...
Знаеш уствари што може да значи, штета поголема и од тие 100м евра зашто немаше ни да намирисаме пласман во ЛШ,, ти ако мислиш дека играчите ќе ораа ќе се трудеа а притоа клубот им се насрал, маломорген, 60% од нив ќе чекаа само крај на сезоната и ќе фаќаа патот, резултатите, пласманот на табела у 10ти план ќе им беше. Башка, кои 100м евра, 3 години него толку му е клаузулата, кој ги платил тие 100м евра ? :)
Лани имаше бесна сезона, една од најдобрите, кој ги плати ? Апсолутно никој, точно 0 интерес за некој да плати 110м евра за Икарди.
Сезонава дупло му падна цената, пак, слабо интерес, знаеш и сам зашто, иначе реков и пред 2-3 дена, у ниеден универзум, ако нештата беа нормални со икарди, не би бил лука јович пред него за трансфер у реал.

Најразумната одлука беше донесена од клубот, и тренерот, секоја друга ќе беше дестркутивна и ќе значеше огромни шанси Интер да не биде повторно дел од ЛШ.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Ќе се случеше некое харикири на целата екипа и можност да бојкотираат сите што не се мирисаат со Икарди и клубот да заврши на 6-7дмо место ..кога играч прави онакви постапки а поголем дел од екипата не го поднесваат тогаш немаш друг избор освен да реагираш исто како што изреагира клубот во тој момент.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Како може да е единствен логичен потег ако те чини 100 милиони? Што ќе се случеше еве, да не му ја тргнеа?
Можеби немаше да се пласирате у ЛШ, можеби ќе настанеше уште поголем хаос меѓу играчите, а едно е сигурно клубот ќе изгубеше кредибилитет кај останатите играчи доколку не превземеше ништо, а и ќе си ја нарушеше сликата и имиџот во светот на фудбалот.
Во најдобар случај ќе беа 110мил евра, а сега ќе изгубат некои 40-50мил евра или во најлош случај би го продале за 50-60мил(она со случајот Пандев нема да се деси).

Ќе изгубат можеби 40-50мил евра али за тоа ќе продолжат во иднина како клуб со стабилна средина за играчи, а не како клуб кој на сметка на капитенот им и неговиот агент и тие 40-50мил евра плус од трансфер ќе имаше проблем со останатите 20 играчи од кои доста е хрватите да направеа хаос, можебо тогаш сума сумарум загубите ќе беа поголеми и финансиски и играчки, башка тоа што репутацијата ќе беше падната на клубот со што ќе се појавеа и проблеми при купувањето на нови засилувања итн итн, да не зборам за неиграњето во лш
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.792
Убаво ти пишал трибиани, дали си сериозен.
Чоек, свесен ли си што може да значи таков раздор у екипа, односно, клубот да застане зад некој што кажал дека играчите за кур не ги бива, дека се лоши, значи дека клубот се согласува целосно со тоа нивно тврдење ...
Знаеш уствари што може да значи, штета поголема и од тие 100м евра зашто немаше ни да намирисаме пласман во ЛШ,, ти ако мислиш дека играчите ќе ораа ќе се трудеа а притоа клубот им се насрал, маломорген, 60% од нив ќе чекаа само крај на сезоната и ќе фаќаа патот, резултатите, пласманот на табела у 10ти план ќе им беше. Башка, кои 100м евра, 3 години него толку му е клаузулата, кој ги платил тие 100м евра ? :)
Лани имаше бесна сезона, една од најдобрите, кој ги плати ? Апсолутно никој, точно 0 интерес за некој да плати 110м евра за Икарди.
Сезонава дупло му падна цената, пак, слабо интерес, знаеш и сам зашто, иначе реков и пред 2-3 дена, у ниеден универзум, ако нештата беа нормални со икарди, не би бил лука јович пред него за трансфер у реал.

Најразумната одлука беше донесена од клубот, и тренерот, секоја друга ќе беше дестркутивна и ќе значеше огромни шанси Интер да не биде повторно дел од ЛШ.
Ичкур ништо немаше да се случи, ќе играа и ќе пееја. Ништо полошо не можат да одиграат отколку што одиграа.

Друго, не знам зошто упорно форсирате работи кои не се факт.

1. Не е факт дека Икарди рекол дека играчите за кр не ги бива. Една изјава имаше Ванда и таа се однесуваше на Перо.

2. Не е факт дека 10, 12, 17 или 99 играчи не го сакале Икарди. Се виде на мечот со Џенова колку не го сакаат.

Како што играа со Џенова така ќе си играа до крај. Ќе имаше угоре-удолу како што имаше и после казната и тоа е тоа.

...


Кој ќе бојкотира бе Џони, она е се за греота, нема клуб што ги сака, ќе бојкотирале. Со исклучок на 3-4 играчи тоа другото се можеш со нула да го помножиш.

Јас резултатите ги гледам, а тие се дека пукаме меѓу 70 и 110 милиони. Вие правете си бајрам со умот дека може полошо од тоа.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
Секако ио дека не можеа полошо од ова, да тргнеме од Ханданович кој бранеше како разулавен и како да му зависи животот од конечниот исход.
Што е со Скринијар, па и перишич кој колку толку подигна форма, доволно е една карика да не штима, на пример голманот, и поздрав. На кој би му било до играње ако капитен им е некој кој за нив мисли дека се лоши играчи. Прво тоа е понижување за самите фудбалери, не знам у кој свет живееш најискрено па таму да е нормално ова, капитен да е некој кој преку својот агент јавно ги изругал сите играчи на тимот и е со ставот дека сака бољи, и притоа пази, клубот да застане зад него, и да ги батали останатите..
Ја затоа и тогаш ти реков, еден пример дади каде ова било случај и тој играч останал капитен на екипата. Се знае кои се карактеристиките за еден капитен, Секогаш застанува зад фудбалерите, кои да се, Лидер е, таа лента си носи своја тежина, за Интер правиме муабет, тука занети бил капитен, факети, и сега го имаш икарди чиј агент јавно кажува дека неговите соиграчи за кур не ги бивало. Направи све што се коси со дефиницијата за еден Капитен, ти викаш, абе ако, остајте го, зашо ? Зашо е најбољи фудбалер : ))), не знам као да ти објаснам кое понижување би претставувало ова за Интер како клуб

За играњето со Икарди, никаде не реков дека играчите уценувале он да не игра или пак дека имале проблем со тоа, него му беше тргната само капитенската лента ( тоа што и играчите го сакале ), никаде немаше забрана да не игра, да не тренира, и да не е биран за натпреварите што следат, тоа беше негова одлука, лична и персонална, да не бидел дел од тимот извесен период. Професионалност длабоко навлезена у минус, и класичен курчобол за клубот и неговите навивачи.
Икарди откако се врати на теренот беше дно за неговите стандарди, еден гол од игра не даде, ништо посебно не беше и од сегашна перспектива не знам и зашто воопшто го вратија таков каков што е. Всушност, тренер со муда и авторитет, никад и немаше да го стави у игра.

Изјавата на ванда гласи вака, а се однесуваше на новиот договор, не ни е до пари, ако бираме повеќе пари во Интер, и подобри играчи кои ќе му даваат топки на Икарди, ќе го одбереме второто.
Ова е изјава што Јавно никогаш не смее да се даде, колку и да е точна, а е, јавно ова никад не смее да биде изнесено од некој што е агент на одреден играч. Тоа прозивката за перишич е само бонус.

п.с, Иако со cn не се согласувам сезонава како постапуваа, и со тепачки и со расизмот, ставот нивни за Икарди е тотално на место, зашто икарди со тој негов однос и се има насерено врз капитенската лента која ја носеле низа легенди на клубот, а и врз Интер како клуб, го претвори тимот со неговата жена у риалити шоу,.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.792
Секако ио дека не можеа полошо од ова, да тргнеме од Ханданович кој бранеше како разулавен и како да му зависи животот од конечниот исход.
Што е со Скринијар, па и перишич кој колку толку подигна форма, доволно е една карика да не штима, на пример голманот, и поздрав.
Не знам што врска има ова со Икарди. Скринијар си играше како што си играше, Хандановиќ бранеше како да му зависи животот од тоа затоа што му зависеше :) Перо мрднал малце форма, добро... :)


Капитен, ти викаш, абе ако, остајте го, зашо ? Зашо е најбољи фудбалер : )))
Не, не викам тоа. Од првиот ден па до постот погоре што го пишав истото го викам, мислам дека и досаден станав: требаше да остават уште неколку месеци за да не пукнеме еден куп пари. Како што ќе пукнеме. Тоа ви викам од почеток, целото мое мрсомудење на темава е од истата причина, од Икарди требаше да се кешира, ние секако сме утепани со пари па уште ова можеме да си го дозволиме... Од прв ден ви реков дека таа одлука ќе го чини клубот. Јас цело време ти зборам од финансиска гледна точка а ти ми збориш за Занети и Бергоми... :)

Изјавата на ванда гласи вака, а се однесуваше на новиот договор, не ни е до пари, ако бираме повеќе пари во Интер, и подобри играчи кои ќе му даваат топки на Икарди, ќе го одбереме второто
Изјавата на Ванда ако не се лажам беше дека би играл и за помалку пари ако има соиграч да му упати пристоен центаршут, и ова се однесуваше исклучиво на Перишиќ и така се активира Ex-Yu кланот и тргнаа работите. Точно, не смее да даде таква изјава, да не се повторуваме сега... и казната не мораше да биде таква каква што беше, можеа 100 000 евра да го репнат на пример.

Сума сумарум, да ја завршиме дебатава: имавме одлука за тргање капитенска лента, таа одлука ќе не чини десетици милиони евра. Јас мислам дека тоа е поразително за клубот, дека беше штетна одлука и дека тоа се покажа во пракса. Загрижен сум што сме управувани од луѓе кои носат одлуки кои го чинат клубот многу пари. Вие мислите дека можело и полошо да биде, тоа на крај краева никогаш нема да го дознаеме, а може да сте и во право. Икарди е копито како год да гледаш, и да се надеваме дека некако ќе го продадат и да се фокусираме на идната сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom