Не ми е јасно како сеуште, после толку години работење не станаа сериозни во поглед на техничкиве работи. Огромни проблеми на кратки периоди како овие е недозволиво.
- Еве веќе 2-3 недели мерачите и цел систем за тоа им е колабиран тотално. Во ред, ајде имало проблем ќе се среди, се случува. Но најтрагично нема никакво известување ни ништо, башка имаат многу корисници кои веќе поради таа нивна грешка им се со намалена брзина, па се од ново треба цел процес да оди, да се жалиш, да проверат па тоа трае ден-два па и повеќе за кој како па да досаѓаш итн итн важно ќе ти ја намалат брзината и никому ништо. До кога им бев корисник исто кај мене имаат често проблеми со реонот, некад во ред покажуваа, некад воопшто не работеа, некад упола покажуваа, некад дупло како ги начекаш.
- Периодов, да, имаат проблеми и со роамингот во некои земји исто веќе одреден период, и исто си стои на чекање работава.
- Скоро имаа исто поголем испад со нет услугата дали со ДНС или со што беше господ знае.
- Мобилнава денес како што гледам повеќе корисници се жалат на испад.
- Од лично искуство проблеми имаат и во кабелската мрежа, имаат пригушувања што им се одразува на аплоуд брзините најмногу, ретко каде до 5 стига. Цел месец не можеа да го средат ова во мојот реон и на крај дигнаа раце, во одредени периоди од денот беше како што треба, после пак паѓаше... И пред тоа, чести проблеми со оптички приемници за реонот, што проблеми во централа кај нив, со рутирање кон надвор, со ДНСите и ги откажав целосно.
Да не зборам и за други системски проблеми, што со билинг системот нивен, големо доцнење со евидентирањето на уплатите...