Здраво.
Сакам да си направам акаунт на PayPal за да можам онлајн да заработувам. Може ли да ми објасни некој како иде принципот?
Можеш да се регистрираш на словенечкиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Банка, па да си ја испробаш среќата.
https://www.paypal.com/si/home
Некои велат дека и денес им успева, но некои велат дека словенечкиот PayPal открива дека користат не-словенечка дебитна картичка и ги одбива.
Ако успееш да се регистрираш на словенечкиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Банка, имаш годишна граница на средства кои можеш да ги повлечеш, која изнесува 1.500 или 2.000 евра годишно.
Доколку подигнеш повеќе од 1.500/2.000 евра годишно (не ја помнам баш точната цифра), тогаш словенечкиот PayPal ќе ти побара да испратиш дигитална фотокопија од возачка дозвола или од лична карта за да докажеш дека си словенечки државјанин и додека не го направиш тоа, нема да можеш да подигнуваш средства се` до крајот на годината, односно се` до наредниот 1 јануари.
Најпаметно би било, доколку успееш да се регистрираш на словенечкиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Банка, наместо да ги подигнуваш парите, потроши ги на производи кои ќе ти пристигнат во Македонија, па продај ги.
Мој пријател кој си тера бизнис преку германскиот PayPal - успеал некако да извади германска дебитна картичка, иако ниту има германско државјанство, ниту било какво странско државјанство, ниту бил некогаш во Германија - а си игра и со виртуелни валути, повеќе од 4 години не подигнува пари, туку веднаш ја троши заработувачката на производи од типот на мауси, тастатури, слушалки, звучници - поскапи од 50 евра, се разбира, а не евтини играчки - откако ќе му пристигнат во Македонија ги отвора и ги користи еден или два месеца, па потоа ги огласува за продажба. Тоа е многу паметен деловен план - не ти пристигнуваат пари на трансакциска сметка во Македонија, па затоа не плаќаш данок, а на крајот сепак успеваш да си ги вратиш парите.