Ај најпресно искуство да ти кажам, со формално образование член од најтесно семејство беше на пракса до скоро, 8-9000денари е праксата со можност демек за да те вработат, кај нив испадна дека се откажа проектот што го имаа и за кој беа викнати сите 4ца кои почнаа во ист моменти и опцијата беше да продолжат пак со „пракса“ и понатаму за таа сума и да помагаат на другите проекти или да си одат (на другите проекти им даваа амалските задачи, некои рандом квериња, чистење на базата од чкарт податоци и сл. скоро и да не може да научиш нешто паметно).
Еве сега пак бара, секаде се тие опциите за почеток, 8-9к пракса 3-6 месеци, потоа вработување со 200-300 евра плата.
На првово место работеше javascript и angular поголем дел од времето, MsSQL, C# иMicrosoft CRM, еве веќе 2 и пол месеци откако заврши со праксата и бара работа со овие технологии погоре, но во поголемиот дел од случаите не се ни јавуваат да те викнат на интервју, некаде пак те викаат и одиш на две-три интервјуа и тестирања со ред, ти кажуваат дека си во најтесен круг и ги нема повеќе, на едното место дури беше зборот не барај работа ќе те вработиме ние супер помина на тестовите, поминуваат 16 денови ни арно ни лошо ги нема за контактирање, им се јавува „абе знаеш ние те заборавивме да те известиме дека се сменија барањата на клиентот и ќе ни треба сениор а не џуниор“, еееј за вакви работи јадам гомна дека комплет комуникацијата меѓу вработениот и работодавецот треба да оди преку официјален систем во пишана форма, две и пол недели прекина да гледа и огласи и се со надеж дека веќе има најдено работа. Е ваквите газди ти се прокондурени сељандури кои заслужуваат катанец и казни од инспекции секојдневно.
А од досегашново патешествие испаѓа дека поголем дел од маливе програмерски фирмички се апла несериозни во поглед на однос кон вработени, и како оди течи едно интервју и однос кон вработен, од тоа што ми го кажува како ги третираат искрено се чудам како воопшто некој клиент има волја да работи со газди како овие, несериозност левел 99.
Така да без разлика какво пусулче имаш, најтешко е додека да почниш, после 1-2 година веќе ќе почнеш да ги уживаш бенефитите на овој занат (што во принцип важи и за други, само што на другите места напредокот е многу помал).