Вака дечки... Се занимавам со програмирање, па вечерва напишав програмче што ги проверува преписките подадени по конзулски пат. Не е ништо посебно, програмата се однесува исто како да сум кликнал на копчето "Провери" за секоја преписка одделно, само милиони пати побрзо (очигледно!). Убавото е што при секоја проверка ги зачувува најновите податоци, ги споредува со претходно зачуваните, и ми кажува на колку преписки им е променет статусот. Денес, 29.05.2019, ги имам првите податоци за преписките меѓу 7812/2017 и 9500/2017. При наредната проверка, на пример утре, ќе знам точно колку преписки добиле потпис и на колку им се сменал статусот, па ќе имаме црно-на-бело информации дали работата се движи, или Брунхи е во право. Можам да ви кажам дека во Указ 56 моментално има само 7 среќни добитници. Секако не знам од кога биле на положително, меѓутоа сите се образувани кон крајот на јули 2017. Последната од нив е од 24 јули 2017, поточно преписка 7867.