доброволно служење војска?

Член од
25 декември 2018
Мислења
15
Поени од реакции
3
Здраво другари.
Сакам да пашам во врска со доброволно служење војка,каде се пријавува?
Какви тестови има?
Дали некој поминал и ако може да сподели овде?
Како се оценува за добровоно служење војска?( каков психолошки тест )?
Благодарам однпаред.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Здраво другари.
Сакам да пашам во врска со доброволно служење војка,каде се пријавува?
Какви тестови има?
Дали некој поминал и ако може да сподели овде?
Како се оценува за добровоно служење војска?( каков психолошки тест )?
Благодарам однпаред.
Повели -> http://www.mod.gov.mk/?page_id=41435
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Дали некој поминал и ако може да сподели овде?
и како се оценува за добровоно служење војска?
Кога беше задолжително, сите бараа начин како да го заобиколат служењето на воен рок. Сега кога не е задолжително - не се надевај дека некој ќе ти даде свежи информации од прва рака. Претпоставувам дека тоа е затоа што на листата со „Работи кои би ги правел во животот“ служењето војска е некаде на дното. За повеќе информации (оценување и тн.) можеш секогаш да се јавиш на 02/328-2535.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Кога беше задолжително, сите бараа начин како да го заобиколат служењето на воен рок.
Никогаш не било задолжително Барем не за време на СФРЈ.:yid: (Така се пласираа информации по светот.) Но ако некој се обидеше да го избегне воениот рок, завршуваше во затвор.
 
Член од
6 декември 2014
Мислења
97
Поени од реакции
6
Собранието на Македонија во рамки на 126-та седница со 63 гласа за и без против и воздржани го донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска образложувајќи го, рече дека влегла во МО за да остари две големи цени – да влеземе во НАТО и армијата да биде ценета, и оти вели, сега може да каже дека овие две цели се постигнати.
Таа додаде дека Законот за служба овозможува подобар систем којшто ќе гарантира подобра армија, но и подобри услови за работа во неа. Законот подразбира реформи и во делот на регрутирање и во делот на задржување на луѓето вработени во Армијат, но исто така законот дава нови шанси многу подобри шанси и за чесно пензионирање на луѓето коишто работниот век го поминале во Армијата.
Со овие нови правила ќе добиеме позадоволни припадници, но ќе добиеме шанси и за подмладување на Армијата и тоа е исто така важна работа која што сакаме да ја псотигнеме со законот, рече министерката за одбрана.
По прв пат со законот се дава шанса Армијата да може да стипендира во тек на образование луѓе коишто понатаму преземаат обврска да работата за Армијата, а тоа е, вели, систем којшто постои во сите сериозни поголеми подобро функционални армии особено во Алијансата. Воедно, рече, со законот Армијата многу пошироко ги отвора вратите за младите коишто сакаат да бидат професионални војници, со тоа што се укинува условот за дополнително доброволно служење на воен рок.
Со законот се регулира и прашањето на војниците коишто завршуват 45 години возраст, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту ќе бидат фрлени во некоја институција без прашање.
Еден дел од 45 годишните професионални војници ќе ги задржуваме во армијата, зошто, затоа што сега постои можноста да ги задржиме како цивилни лица ако можат да бидат механичари, авиомеханичари, ако може да бидат стручни служби за кои не е битно да носат униформа, туку можат и како цивили да ја поддржуваат армијата, рече Шекеринска.
Се покачуваат, рече, и критериумите кои што се однесуваат на напредување на офицерскиот кадар со вметнуваме и на познавањето на англискиот јазик како еден од критеирумите за високите офицерски, бидејќи, ова е вели, веќе армија на НАТО алијансата.
Со законот, меѓу другото, се решава и прашањето на станарината со што секој припадник на Армијата ќе добива надомест за станарина.
На овој начинја правиме нашата армија да биде НАТО армија.Очекувам и се надевам во име на сите припадници дека ќе имаме добра квалитетна и почитувањана армија, рече Шекеринска.
Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе дадат поддршка за законот, но реагираа зошто сега се предлага пред изборите и за начинот на промената на името на армијата.
Според завршните и преодни одредби, законот треба да влезе во сила од март, годинава.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.033
Поени од реакции
34.436
Дали некој поминал и ако може да сподели овде?
и како се оценува за добровоно служење војска?
Проаѓаш психо-физички тестови, после неколку недели во Велес положуваш заклетва, и после идеш на стража. Мислам дека во 3 месеци само еднаш имате пукање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom