Фан клуб - РК Вардар

Михајло им рече на ракометариве да чекаат до 10 мај. Еве, 10ти сме. Немам никакво соопштение денес.

ОБНОВЕНО:
Вечер во 22 часот на 1ТВ ќе бидат гости Марко Савовски и Нацева од управата на Вардар.
http://vardarfans.mk/index.php/rk_v...kaL1XhycvfwbBzfD4QaPgVl05JZX6jZxl2yPEn8ssiyZI
 
Последно уредено:

Мое мислење е дека Вардар со ваква моќ барем у наредни 2-3 години нема да видиме, затоа што играчите како што си кажал Дибиров за руски медиуми се веќе слободни играчи. И да ги преземе Михајло не верувам дека ке се на тоа ниво на кое што беа додека тука беше Самсоненко. Сепак не верувам ни дека ке му се случи распад систем, но нема да бидне толку убедливо јак како сега.
 
Koлку е висок овој Скубе? Никад не сум видел толку низок играч на среден бек, ок Наумче Мојсовски, ама мислам дека он беше 1,85 што е ок висина за среден бек.
 
Ја гледав емисијата на 1ТВ. Овој Марко Савовски вика дека има некое раздвижување во врска со тоа што го кажал Михајло, али уште нема ништо дефинитивно. Да не го држиме за збор за тоа 10 мај, не морало баш на 10ти. Играчите се замолени за трпение да почекаат уште некоја недела. Некако не делуваше како да е голем оптимист.
 
Koлку е висок овој Скубе? Никад не сум видел толку низок играч на среден бек, ок Наумче Мојсовски, ама мислам дека он беше 1,85 што е ок висина за среден бек.
Метро 77-78, мање више иста висина како Зарабец од Кил.
 
Вардар не само што ќе биде спасен од колапс, туку и повторно ќе има мултимилионски буџет со кој ќе може достојно да се носи со ракометните гиганти ширум Европа. Мина 10 мај, датумот што Михајло Михајловски го посочи во желба за трпение од актуелните играчи, иако потоа Тимур Дибиров обелодени дека управата на чело со Сергеј Самсоненко веќе им дала одврзани раце на сите ракометари. И сценариото воопшто не е „црно“ за актуелниот македонски првак.

Разговорите за „новиот Вардар“ се веќе влезени во завршна фаза, се дискутира за детали, но едно е повеќе од јасно – буџетот воопшто нема да биде мал и треба да овозможи „црвено-црните“ да останат сериозна сила на европската ракометна мапа. ЕКИПА дознава дека буџетот во првата сезона по заминувањето на Самсоненко ќе изнесува околу три милиони евра. Ќе се оди на принципот на акционерско друштво при што неколку моќни компании ќе купат најмалку по 10% од вкупните акции, а не се исклучува ниту можноста за „државна помош“ како што тоа беше случај и со претходната власт. Еден од акционерите ќе биде Михајло Михајловски, како втор се споменува моќна македонска банка, а во игра се уште неколку моќни компании. За претседател ќе биде именуван Михајловски, но се уште се преговара околу тоа кој би бил директор на клубот, задолжен за вкупните финансии на „црвено-црните“.

lg.php

Единствен проблем во целиот план останува статусот на Сергеј Самсоненко, поточно долговите што Русинот ги има кон актуелните играчи, кои девет месеци немаат земено ниту една плата, како што обелодени Роберто Парондо по големиот успех против Пик Сегед. Постои сериозна опасност доколку Русинот не ги подмири, овие трошоци да одат на товар на новата управа, која преку тужби од играчите би морала да ги покрие долговите на Сергеј, па токму затоа во следниот период ќе се интензивираат заложбите најпрвин ситуацијата да дојде „на нула“, Русинот да ги подмири старите трошоци, па новата управа да дојде и да почне да го формира играчкиот ростер.

Едно е сигурно, со сериозен буџет од околу три милиони евра, со „стар лисец“ како Михајловски за претседател и верната скопска публика, Вардар повторно ќе има што да каже и покаже на европската ракометна сцена.
https://ekipa.mk/vardar-ke-bide-spasen-i-pak-ke-ima-multimilionski-budhet/
 
Се надевам дека овие екипа не лупаат од ракав само заради читаност и прегледи. Знам од лични информации дека има дебели разговори и преговори ама уште нема ништо официјално. Јас лично од почетокот верував дека ќе биде вака и се надевам дека стварно се вистинити овие најави .
 
Да се задржат Дибиров, Чупиќ, Скубе, Криштопанс, Дисингер, Столе, Милосављев, да се купат 2-3 балкански таленти, на пример Шипиќ пикерот од Нексе итн. и другото да се пополни со наши играчи, тоа би било солиден тим.

Најтешко ќе е да се замени Карачиќ, играчиште.
 
Карачиќ е симболот на Вардар!
 
Да се задржат Дибиров, Чупиќ, Скубе, Криштопанс, Дисингер, Столе, Милосављев, да се купат 2-3 балкански таленти, на пример Шипиќ пикерот од Нексе итн. и другото да се пополни со наши играчи, тоа би било солиден тим.

Најтешко ќе е да се замени Карачиќ, играчиште.
Дибиров не останува па не знам, Бил и Мелинда Гејтс да го преземат Вардар :)
 
3 милиони не е мал буџет за балканска екипа. Но, не е многу голем. Пик Сегед има 8 милиони буџет. Веспрем кој знае колку има. Но, сепак, чим Металург можеше со милион и нешто буџет да биде во топ 8 неколку години, зошто да не и Вардар со 3.

Мене русиве исто ми се сомнителни. Не би ме чудело и да се реализира ова сите да си отидат.

Да се задржи Милосављев, Стоилов, Дисингер, Чупиќ, Скубе, Криштопанс уште една година. Па за други да се отиде во некој балкански шопинг, да се собере плус некој наш репрезентативец. Да се создаде респектабилна екипа. Па после од 2020/21 ќе градиме нова.
 
Дибиров не останува па не знам, Бил и Мелинда Гејтс да го преземат Вардар :)
Разичарување ќе е штом е така, да има можност да остане, а да замине. Нели државјанство доби сега брзо, како така да бега од домовината :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom