Зборот ми беше да не знаеш до кога ке трае ова проклество и дали треба да се вратам...
Не и зависи.
Здраво дали навистина можат да се контролираат сонови и како оди тоа?
Да, се нарекува lucid dreaming и ако го усовршиш е можеби најдоброто искуство што постои во овој наш свет.
Потребен е ментален фокус и самоубедување секоја вечер дека ќе се обидеш да ги запамтиш своите сонови. Повторувај си пред спиење „Ќе го запамтам сонов“.
Имај си соновник, веднаш после будење имај тетратка до себе во која ќе запишуваш се што памтиш од сонот. Ако во текот на денот ти текне нешто дополнително од сонот, допиши го.
Обиди се да најдеш нешто што се повторува во твојот сон, фокусирај се на тоа и следен пат кога ќе го видиш во сонот речи си дека ова е сон.
Кога не си во сон (а и кога си во сон уствари), неколку пати во денот прашај се себе си дали сонуваш и убаво перцепирај ги сите работи околу себе.