Ги читам медиумите отасбајле и какви спинови се прават тоа не е нормално. СДС као демек се обидуваат да прикажат победа, а свесни се дека им се преполови подршката секаде од локалните избори, 320.000 и нешто гласа тоа со ДУИ, тоа е мизерија, најнов спин сега што го читам, демек намерно било тоа да се навлечат вмровците да гласаат затоа ДУИ не излегле сега коа ќе излезеле во вториот готово било, 6Д шах од Заев, интелект што да ти расправам. Го релативизраат поразот у Скопје демек со само 600 гласа, а цело време си ги бројат гласовите и на ДУИ, подршката пред 2 години што ја имаат во Г.Баба, Ѓорче, К.Вода, Аеродром никаде ја нема веќе.
Овие другиве пак јасно е дека се дигнаа од мртви, но имаат помалку гласови од загубените локални, кажуваат дека Стево освоил помалку од самиот себе 2014, а Гога има смешен резултат во однос на Иванов, цела вечер објауваа резултати од нивниот центар како победиле вкупно за на крај на ДИК да испадне дека изгубиле (тесно, но технички имаа помалку гласови). Кампањата ја водеа како противници на договорот од Преспа и промената на името, сега ќе мора да си ги омекнат ставовите и да прифатат гласови од партии кои активно го подржаа тој проект, Гога ако сака да се всели на Водно ќе мора да си ги потпише сите закони со РСМ, да си ја каже заклетвата во име на РСМ и таблата со РСМ има сама да си ја закачи во дворот на вилата.
Се на се патетика, најслаба излезност од било кои избори, треба да се исфрли цензусот тотално веќе за претседателски оти за овие избори секогаш има слаб интерес за гласање, затоа и еднаш го намалија на 40%, на државата очајно и фали некаква партија во македонскиот блок која може да заграби десетина пратеници, во цел свет се појавуваат алтернативи, крајни леви, крајни десни, вакви движења, онакви движења, партиите еволуираат, се менуваат, само кај нас се заглавило.
А Блерим Река и Зијадин Села ова утро се најбарани луѓе во државата, телефоните сигурно не престанале да им ѕвонат, шо од партии, шо од амбасадори.