Точно е дека треба да се однесат пак документите (изводи, потврда од здружение) Но не сте се разбрале убаво, после случувањата во ДАБЧ на многу луѓе не им се префрлени документите во правосудие и ги одбиваат иако имале доставено во ДАБЧ за происход, на некој им се префлрени но ризик е да не се однесат повторно во правосудие и да се чека само и да се добие дополнителна, дополнително различно од порано е и тоа што сега внимаваат и на буква, запирка, грешка во извод на пример грешка во презиме на дедо,прадедо и слично, сега мора да се исти презимињата за да е сигурно, а порано не загледувале на тоа и потпишувале, јас голгота имав додека сменив презиме на дедо ми во на татко ми изводот, матичниве се лудница во МК, прочитав луѓе што ги одбиле поради тоа после случувањава во ДАБЧ, па не ризикував. Ова точно и самите посредници не го знаат затоа што пред хаосот во ДАБЧ друго беше, сега е друго (мојот не знаеше, јас го информирав, он се распраша и ми потврди дека е така, нормално си однесов повторно во правосудие за да не ме стават на дополнителна, човекот не ми побара пари освен за превод 5еу од извод). Ама твојов посредник или не разбрал убаво, пошто ти секако не можеш веќе да носиш дополнителни документи, или знае ама сака пари да ти земе, на две е тоа, е сега дали да го обвиниш или не...твое е. Сепак треба да се има предвид дека посреднициве не се правници, туку таксисти, само знаат која институција каде е, што треба да се однесе и тоа прават, возат. Исто ко во МК да вадиш државјанство и пасош, не ти треба посредник пошто се си знаеме ние тука. У секој случај има можност да е недоразбирање. Али ти е гајле, ти си чекаш потпис и тоа е тоа.