ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува само на парламентарни избори, со едно единствено ветување. Промена на Устав, со цел промена на уставно име во Република Македонија.
Доколку освои над 60 пратеници, треба да им предложи на албанските партии или да гласаат враќање на старото име, или да распише нови избори веднаш после конституирањето на Собранието, и така до недоглед. Доколку биде победен од СДСМ и тие формираат коалициона влада, не треба да учествува во работата на таа институција.
Се друго е гола борба за власт и можам да прифатам дека е легитимна. Ама во тој случај треба ВМРО-ДПМНЕ да се распушти, и да се формира нова десна партија, што “ќе ја прифати новата политичка реалност“ и ќе се бори за да стане власт во Република Северна Македонија.