Tие што се ранат правилно и немаат инсулинска резистентност (најчесто) Бебињата во споредбава не се никаков аргумент.
... ајде вака,
се сложувам ако подразбираш под „правилна исхрана“ редовно внесување на храна на секој 4ч во мали оброци најчесто до четири пати во тек на денот,
се сложувам исто така да „правилна исхрана“ биде внес на сите хранливи продукти секој ден различно комбинирано,
... сите луѓе кои јадат количински малку и почесто, а самиот оброк е сиромашен со протеини и јагленихидрти - ДА! кај тие луѓе можно да е застапена помалку поспаност и губење на енергија или концентрација после оброците !
- Зашто?
...затоа што храната богата со протеини ( вклучувајќи ги млеко, јајце, спанаќ, сирење, мисирка, риба) и богата со јагленихидрати (вклучувајќи ги и ориз, бел леб, тестенини, колачи, крофни) ако ги има во нашиот оброк и тоа во поголема количина тие се богати со аминокиселина triptofan која кога е застапена во поголема количина делува на создавање на поголеми количества на серотонин и на хормонот на спиење мелатонин од каде иде причината за поспаност, мрзоволност после таков оброк!
...
затоа што при земање на голема количина храна - ПРЕЈАДУВАЊЕ, а тоа да не бидат протеини и јагленихидрати кои НЕ се богати со аминокиселина триптофан, тука телото „носи“ повеќе крв во дигестивниот тракт за да се вари подобро храната со што доаѓа до мал „недостатк “ на крв и хранливи материи во мозокот и доаѓа до поспаност „на мозокот“ па дури и пад на крвниот притисок и затоа јадењето на помали оброци и чести исто така, може да помогне во зачувувањето на енергијата за да не почувствуваме поспаност после јадењето!
...
затоа што телото ги разложува хранливите материи од храната во дигестивниот систем за да ја претвори во гликоза, која потоа ќе ја претвори во енергија и затоа телото после јадењето ослободува хормони како амилин, глукагон и холецистокинин кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, создавајќи чувство на ситост и лачење на инсулин!
..
.затоа што при оброк ако се конзумира алкохол кој може да предизвика поспаност поради ефектите на аденозин.
...и ДА се сложувам, да кај повозрасни лица или тие што имаат историја на хронични болести доколку често имаат појава на поспаност после оброк, а истиот оброк може во некои случаеви да биде чисто составен од зеленчук и овошје тогаш можеме да се сомневаме за некои состојби кои доведува до влошување на здравствената состојба на телото, а ни сигнализираат со пост оброк поспаност како што се нетолеранција и алергии на храна, целијачна болест, анемија, дијабетес, неактивни тироидни хормони, ама не во ОВОЈ СЛУЧАЈ на млада особа која претерала со бодибилдинг !
