Тодор Александров

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Името и делото на Тодор Александров се загатка и контроверза за повеќе историчари.

-Неколку биографски податоци
Тодор Александров е роден во Штип(Ново Село),на 4-ти март 1881г.Мајка му Марија раѓа 12 деца,од кои 7 остануваат живи-шест девојчиња и еден син-Тодор.Татко му Александар Попурушев е потомок на свештеници,бил помошник учителна Јосиф Ковачев.Во 1888г.работи во Радовиш,потоа се враќа во Штип,каде што станува главен учител.Во Ново Селово тоа време учители се Даме Груев и Гоце Делчев.Се препоставува дека Александар е отруен од лекар-гркоман,така што мајка му на Александров останува сама да се грижи за децата.

Најстарата сестра на Александров, Екатерина, инаку учителка во Кочани му помага на брат и да ја заврши Скопската педагошка гимназија.Сите деца си помагаат едни на други така да меќу сестрите и нивниот брат се развива силна поврзаност.

-Учителска дејност-
Во периодот 1900-1902г.Александров е учител во Кратово.Од овој период датираат врските на Александров со Павел Шатев.Двајцата имале многу заеднички средби и разговори.Шатев за Александров ќе запише........За време на мојата дружба со Тодор Александров,тој ми остава впечаток на еден многу рационале ,трезвен ум и готов да се жртвува пред олтарот на ослободителното дело.Ние двајцата добро се разбиравме и по цели часови разговаравме.Јас,независно што бев сосема изолиран од моите другари -гемиџиите,бев полн со вера и надеш дека ќе влезам во врска со нив и сакав да го убедам Тодора да стане наш другар и при првиот повик да гонапушти учителствувањето и да се приклучи на нашиот кружок.Но,Александров и покрај тоа што ја подржуваше нашата борба-терористичка дејност против видни турски великодостојници и атентати против големи банкарски и трговски институции во земјата,-сепак сметаче дека јас не сум реалист дека не стојам на здрава солидна почва...
експерименти:

.....Toj бараше патишта и методи за дејство за да се организираат масите и да се создадат големи организации што би биле раководени од еден центар.Но,иако патиштата ни беа различни тој се стремеше да ни биде од корист.Така минуваа деновите во спорови меѓу нас ,но заемно се трпевме,баравме да си ги разменуваме мислите,без најмалку да се навредуваме при спорењето за некои прашања...

Во 1902г.Тодор Александров бил поставен за учител во Кочани.Тука тој станал Организационен раководител на тамошниот реон на Македонската организација.Кога во пролетта 1903г.во село Оризари,на средбата со Павел Шатев,Глигор Манасиев и Стоил Антов,на Александров му било соопштено дека е донесено решение за кревање на Илинденското востание,тој изјавил дека само за Кочанско се потребни 4000 пушки.Веднаш се зафатил за формирање и екипирање на кочанската чета.

Набргу,на 3ти март Александров е уапсен,и за време на востанието цело време е во затвор.Ослободен е пролетта 1904г.и веднаш е назначен за учител во Ново Село,каде како член на Околинското раководно тело работел во обновувањето на штипската револуционерна околија,заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров.Во Ноември истата година, заради оваа дејност турските власти му забраниле да учителствува,а во обидот да биде уапсен,во Јануари 1905г.животот му станува нелегален и тој заминува во четата на Мише Развигоров каде станал секретар на четата.

Како нелегален деец,Тодор Александров бил делегат на Првиот скопски окружен револуционерен конгрес,кој се одржал од 16 до 22 јануари 1905г.во с.Кнежево,Кратовско.На конгресот тој бил избран за негов секретар.Присуствувале околу 60 делегати и околу 250 четници,кои ги придружувале делегатите и биле нивна заштита,поделени на групи по 30-40 души,распрснати околу местото на одржување на конгресот.Еве што пичува Александров кога ги видел присутните делегати и четници на конгресот,ова воедно е негова прва ракописна и публицистичка оставштина:....Не можеше човек да се нагледа на тие бујни и здрави момчиња,кои од вчерашна раја,од петстотини години робови,организацијата ги претвори во бестрашни борци за слобода и народно обединување..



Тодор Александров -Тодор Александров и Младотурската револуција
Во летото 1908г."левцата" се приклучува на Младотурската револуција и станува дел од ударната сила на"пансоманската воена хуната"-Александров го означува Младотурскиот преврт како револуција-фарса и ги посочува нејзините скриени намери:да се асимилираат со модерни средства поробените народи во империјата.Токму тоа се покажува вистинито.Затоа Александров и Евтим Чучков не се придружуваат на еуфоријата за предавање на оружјето и прават се во Скопско и други реони да се осигури доволно скриено оружје за организацијата.


Во ова време семејството на Александров преживува тешки моменти.Еве што пишува ќерката на Александров Марија Александрова-Коева за еден таков настан:.......Една ноќ турски војници влегуваат во нашата куќа,вршат терор на баба ми пред очите на двете нејзини ќерки и бараат да каже каде е татко ми.Но таа не испушта звук.По три дена Турците ја палат куќата од сите страни.Тие сонливи боси скокаат низ прозорецот.Се засолнуваат кај роднини.Баба Марија гледа дека останувањето во Штип е невозможно и го напушта родниот крај,кој нема да го види никогаш повеќе.Заминува кај ќерка и во Софија

-Формирање на ВМРО-Автономистичка,нејзина активност и државно политички погледи на Тодор Александров-


Во 1919г.Тодор Александров и Александар Протогеров,на територијата на Пиринска Македонија формирале организација позната под името ВМРО-Автономистичка.Заедно со Петар Чаулев,бившреволуционер од Охрид,објавиле дека се членови на ЦК.По примерот на старата ВМОРО требало да се формираат вооружени чети и да се обноват некогашните револуционерни окрузи.Во организацијата се приклучиле и санданистичките дејци Александар Бујнов,Ѓорги Пенков,Алеко Василев и др.Основна организациона база била Пиринска Македонија.Тука се формирале чети кои се испраќале на територијата на Вардарска Македонија(Штипско,Велешко и Скопско)со главна цел атентати врз представници на великосрпската власт.Подоцна активностите се прошириле во Западна Македонија каде што дејствувале четите на Протогеров и Чаулев.

Во сите барања и залагања на Александров,по првата светска војна, на прв поглед се согледува неговата политичката и државно-правната еволуција за идниот слободен статус на Македонија, а особено во меѓусебните односи на Организацијата со Бугарија и Кралството СХС.

Предлозите на Александров се движеле во неколку етапи од автономија до независност на Македонија,и Македонија како рамноправна политичка единица во југословенска или во балканска федерација.Неговата дејност се движела низ сите можни насоки-од масонската ложа на Бугарија,преку српскиот министер за надворешни работи Ниниќ,па се до БКП и Коминтерната.

Уште во првиот Мемоар на новиот ЦК на ВМРО,испратен до претседателот на Париската мировна конференција од 1 март 1919г.Александров и Протогеров изјавиле дека:...се додека не се реши правилно македонското прашање,нема да има мир на Балканот.Тоа може да се оствари ако и на Балканот целосно се применат принципите на американскиот претседател Вилсон.Притоа тие го искажуваат ставот дека:македонското население сака да се зачува Македонија неподелена и во никој случај таа да не се остави под власта на Србија и Грција.Од името на организацијата барале нејзина делегација да присуствува на Конференцијата за да ги изложи барањата"на Македонците [SIZE=+0]да се даде можност сами да ја заштитуваат својата кауза.[/SIZE]

Неколку месеци подоцна на полномошникот на ВМРО на Париската мировна конференција Димитар Наумов му биле дадени инструкции да се залага пред големите сили за прогласување на независна држава Македонија.
.
ЦК на ВМРО на 11јуни 1920г.изработил директива за дејноста на организацијата во Вардарска Македонија,која тргнувала од следната цел:...Извојување на слобода,под форма на автономија или независност на Македонија,во нејзините етнографски и географски граници...Во Македонија под српско ропство си поставила задача да се бори на легален начин за"извојување на федеративно управување на Југославија со Македонија како рамноправен член"За постигнување на оваа цел Александров сметал да се создаде една легална организација,под името Македонски федеративен сојуз,со задача да се оствари соработка со партиите и организациите во Југославија.


Септември 1920 г, Тодор Александров упатил писмо до министерот за внатрешни работи на Бугарија Александар Димитров,во кое му напишал......Господине министер,пред неколку месеци го напуштив Царството,угнетувано од тиранскиот режим,наметнат од вашите другари и од Вас,и заминав за мојата поробена Македонија,за да го исполнам,како што јас сметам,својот долг кон моите несреќни сонародници.

А во едно друго писмо од 21 октомври 1920г.до инспекторот на полицијата во Ќустендил,Милев,Александров напишал.......Впрочем,тука е местото да Ви кажам дека организираното население во Македонија ќе успее да се справи со сите кои ќе се обидат да се спротивстават на неговиот благороден стремеж да се бори за зачувувањето на своето национално сознание,на своето народно име и извојување барем на свои училишта цркви и минимум слобода за поднослив живот,барем под форма на автономија под југословенска федерација.

Својата почит кон великаните на Организацијата Александров ќе ги искаже при прибирањето на коските на Гоце Делчев.Во таа пригода е писмото до Чаков....Пријатен долг ми е да Ви искажам голема благодарност од името на другарите-борци за независноста на Македонија и од мое име за патриотската идеја да ги најдете и приберете светите коски на нашиот голем учител-Гоце Делчев,еден од основачите на ВМРО и за вашата грижа да го погре*ите како светиља во неговиот дом,со што заслуживте признание на денешна борбена и утрешна независна Македонија

-Својот однос кон македонското ослободително дело и неговата политичка ориентација по Мајскиот манифест,Тодор Александров ги изложил во писмото до Јанко Пеев,претставник на ВМРО во Цариград,од 19 јули 1924.....ВМРО е независна и ќеоди заедно со Богдан(псевдоним на Александров)ни на лево ни на десно,туку напред,како национална револуционерна организација со целото поробено население.Грешат сите оние кои сакаат да ја прават комунистичка,народна или заговорничка-чие и да било орудие.За мене другари и пријатели се сите кои чекорат чесно,несе*ично и смело на патот на ВМРО,што е веќе зацртан со потоци крв,а непријатели се сите кои застрануваат од тој пат и сакаат да му наштетат на ослободителното дело...
 
Интересна биографија, но само со светлите настани.

1. А што со неговото откажување од потписот од Мајскиот манифест?!?

Според тоа што го прочитав досега Александров бил толку моќен што никакви закани од бугарите не би можеле да го премислат, но сепак тој се откажал од Манифестот.

2. А што е со убиството на Ѓорче Петров?!?
 
A кој вели дека го откажал потписот од манифестот - Бугарите?!

За Ѓорче е сигурно тој е убиен по наредба на Тодор. Но тоа не го прави бугарофил.
ВМРО е сложена организација со свои тајни. Некои од нив ќе си останат тајни за век и веков.
 
Само сакам да ми се разјасни претставата за Т.А. Читајќи го формуов дознав многу работи што до сега не ми беа познати.

Со прашањава што ги поставувам не се обидувам да го оцрнам, нити пак да го величам до небеси, зошто е очигледно дека има петна. Само си ја разјаснувам сликата за ВМРО во тој тежок период од македонската историја.

П.С. Дали има тема за Ѓорче Петров. Ме интересира како се нашол во бугарската влада и како останал неискомпромитиран досега во нашата историја каде што очигледно жестоко се напаѓаат тие што соработувале со бугарската влада.
 
Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: “Тодор ќе минува оттука.“

( генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год.)


Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање

(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)


Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.

(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1024 год.)

Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.

(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)


Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот ме”у сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.

(Париски Журнал, септември 1923 год.)

Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.

(Од Спомените на професор Ханс Јубербергер)

Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега го разбираме смисолот на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит и благослов го шепоти името на “СТАРИОТ” на верниот свој водач. А за младите: ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот.

(Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943)

Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина

Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.

(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)

Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.

Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор

(Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 год.)
 
Проект за спогодба помеѓу ВМРО и советската Влада



„Внатрешната македонска рволуционерна организација која ги претставува македонските борци за национално самоопределување, политичка слобода, самоуправување и најголема можна социјална правда има за цел: Обедеинување на Македонија раскината помеѓу Бугарија, Србија и Грција во 1913 година по Букурешкиот договор за мир и на Нејскиот во 1919 година во една политичка единица, која во иднина ќе биде рамноправен член на една Балканска федерација или барем во нејзината прва етапа рамноправен член на една југословенска федерација.

За постигнување на оваа цел ВМРО смета:

а) на своите борбени сили;

б) на секоја држава, без оглед на нејзиниот систем, чиишто интереси се совпаѓаат со идеите на ВМРО;

в) на сите општествени организации што се борат за национално самоопределување, човчки права и слободи како за траен мир во светот.

Тргнувајки од овие свои начела, ВМРО, водејки сметка за официјалните изјави на Руската советска република дека ќе соработува за ослободувањето на потиснатите народи, ја прифаќа следната спогодба со Руската советска република:

1. ВМРО се задолжува заедно да работи со другите револуционерни организации на Балканот за федерирањето на балканските држави во нивните етнички граници, чиишто добро сфатени политички и економски интереси се совпаѓаат со тие на Руската Советска Република;

2. Руската Советска Република ја признава ВМРО како единствен изразувач на суверената воља на Македонија;

3. ВМРО и РСР контактираат преку свои редовни полномошници кои ги имаат својствата на дипломатски и воени претставници;

4. Двете страни, запазувајки ја својата самостојност во внатрешната и надворешната политика, можат да преземат, со општа согласност во зависност од политичките прилики, конкретни заеднички акции;

5. ВМРО со благодарност би ја примила материјалната, дипломатската и моралната поткрепа на РСР“



Договорот е потпишан во декември 1923 година во Москва. Делегацијата на ВМРО ја сочинуваат Тодор Александров и Михаил Монев.
 
Не го знам вашето гледиште, но секогаш каде и да читам низ некои артикли за него, тој е представен како Македонец а не Бугарин... да не пропушќам нешто? :toe:
 
Мартине, ценам шо си ја отворил темава. Треба да се знае вистината и никој не може нас, на Македонците, да ни тврди нешто во што сакаат да го уверат светот. На сите форумџии, а посебно на тие кои одговаа на темава им препорачувам две книги за да дознаат повеќе за вистинските задкулисни ситуации во Македонската историја:
1. "Репресијата и репресираните во најновата македонска историја"
2. "Предавствата и атентатите во македонската историја".
Автори на двете книги се Виолета Ачкоска и Никола Жежов - компетентни личности за да зборуваат за такви теми.
Во првата книга се дадени податоци и објаснувања за ситуацијата во Македонија од периодот на Втората светска војна па се до денес и убиствата на најважните предводници на вистинската македонска ослободителна идеја. А во втората книга се изнесени факти за убиствата на македонските владетели уште од античкиот период и на значајните дејци на Македонија.

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМ АКО НЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ, БАРЕМ ДА ГИ РАЗГЛЕДАТЕ, ЗАТОА ШТО НЕКОИ РАБОТИ ВРЕДАТ ДА СЕ ДОЗНААТ. НЕКОИ ОД ИМИЊАТА ВО КНИГИТЕ, МОЖЕБИ И ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ГИ СРЕТНЕТЕ, НЕ ЗАТОА ШТО БИЛЕ ПОМАЛКУ ВАЖНИ ОД ДРУГИТЕ, ТУКУ ЗАТОА ШТО НА НЕКОГО МУ БИЛО ОД ПОЛЗА ДА ЈА ЗАТАЕ МАКЕДОНСКАТА ИДЕЈА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ.


"ЈАС НЕ ПОЗНАВАМ НАРОД КАКО МАКЕДОНСКИОТ КОЈ ПОВЕЌЕ СТРАДАЛ ОД ПРЕДАВСТВАТА НА СВОИТЕ СИНОВИ-ИЗРОДИ" - Гоце Делчев.
 
Обично не се дискутира дека Тодор Александров ја нападнал Бугарија и го завземал Ќустендил откако бугарскиот цар се оглушил од ветувањето за автономија на Македонија.

Александров со писмо го известил тогашниот Бугарски министер за одбрана заради кое владата на тогашниот Бугарски премиер паѓа, а Александров добива документ со јасни заложби за Македонски училишта, Македонски свештеници во Пиринска Македонија и започнување на нов договор со Грците и Србите за Македонско обединување и независност.

Мајскиот манифест е пример како Александров се изјаснил за независна Македонија, а посебно јасна е клаузулата каде што Александров одбил секаква соработка или зближување со Бугарите оквалификувајки ги како смртен непријател - исто како што се Србите и Грците.

На 29 април 1924 год. Централниот комитет на ВМРО, во состав на П. Чаулев и Т. Александров, издаваат ПЛАТФОРМНА ДЕКЛАРАЦИЈА за обединување на македонското револуционерно движење - Македонија на Македонците. На 30 април 1924 год, во Виена, истиот комитет и во истиот состав составуваат ПРОТОКОЛ за обединување на македонското револуционерно движење.

На 6. мај, а публикувано за јавноста во број 1 на весникот “Балканска федерација“ на 15 мај 1924 год. МАЈСКИОТ МАНИФЕСТ на ВМРО (Обединета), потпишан од ЦК во состав на А. Протоѓеров и П. Чаулев а за Т. Александров неговите ополномоштени П. Чаулев и А. Протоѓеров.

Бугарската влада на чело со Цанков а со помош на Протоѓеров, го инсценирала убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 год. Со помош на Протоѓеров од бандата на Ванчо Михајлов, убиени се и Димо Хаџи Димов и Арсен Јовков. Со овие настани привремено се оневозможи обединителниот конгрес, како што било замислено во споменатиот Протокол.

Сепак, во октомври, 1925 год се одржа оснивачката конференција на ВМРО (Об.) на која што се донесени нејзиниот Устав, изработен врз принципите на Манифестот. ...
 
Aми блгарски училишта блгарско свидетелство...постојано го гурате овоа свидетелство кое не докажува ништо.


СЛАВА МУ
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Јас завршив на руски факултет, вујко ми дипломираше во торонто, братучедите во лерин учат грчко средно, пијатели македонци во берлин и рим, а брат ми тука во Македонија...

И?
 
Ај некој нека го напише овде на кирилица, презимето што е на свидетелството. (убаво запазете, буква за буква)
 
Ај некој нека го напише овде на кирилица, презимето што е на свидетелството. (убаво запазете, буква за буква)

Колку што гледам а очиве добро ме служат пишува Александриев.
 
Тодор Алекснадорв го почитувам и ми еднаков со сите македонски револуционери кои како и да ја воделе својата борба, сонувале за независна македонија. сите подеднакво имаат заслуги и гревови. ниеден помалку или повеќе. до смртта на алескадров. после тоа мојот разум нема капацитет да свати кој, кого, зошто, како, кога...колку и да сум размислувал и обидувал да најдам логика тешко идело..

Времето било жива мизерија, условите незамисливи за денешни услови, совршено комплицирано.

Во низата херојски дела на Тодор, има и црни дупки. Не мислам овде на атентатите. Неговите заложби за слободна и независна Македонија не може да ги види и прочита само некој ако единствено е ќор.

Еве што ме мачи, на пр.:

МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ И ПОЛОЖБАТА ВО МАКЕДОНИЈА
Меморандум
преставен од Внатрешната револуционерна македонска огранизација пред Петтата асамблеја на Друштвото на народите и пред владите на сите земји. Август, 1924
МАКЕДОНСКИТЕ БАРАЊА
Историски преглед - сегашна состојба

...сега текстот е малку подолг, ама ќе го извадам оној дел што е карактеристичен. Не е никакво вадење од контекст, целовитоста на мислата е неспорна:

...Србија и грција не сакаа да биде создадена автономна слободна Македонија, бидејќи тоа би значело крај на нивниот стремеж за територијална експанзија. Всушност, тие ја сакаа поделбата на земјата. И Србија и Грција тврдеа дека давањето на автономија на Македонија ќе доведе до нејзино присоединување кон Бугарија. На тој начин, тие премолчано признаваа дека мнозинството од македонското население е бугарско, по чувства и по потекло (раса), бидејќи само мнозинството моќе да прогласи и да острвари анексија.

Навистина, словенското население во Македонија, по потекло и дух е бугарско. Тоа зеде активно учество дури и преовладуваше, во борбата на бугарскиот народ за еманципација од духовното ропство на грчката рцква кон средината на деветнаесетиот век. Тоа го претставува и мнозинството во земјата (спроти 1912 г. се искачи на 1.095.355 души, односно на 48%) Но националната свест на бугарите во Македонија не им попречи да се стремат кон политички режим независен од Бугарија, бидејќи тие ги претпоставуваа компликациите и опасноста од разделување кои можеле да се појават при една анексеионистичка политика. Денес, идејата за автономија е длабоко вкоренета во душите на луѓето, во неа веруваат сите Македонци.
...
ЦК на ВМРО


Во неколку наврати и Мисирков споменува бугарско население, но кај него немам дилема бидејќи убаво појаснува што тоа значи за него, и јасно одвојува. Додека овде ми е многу нејасно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom