Значи овие од матичниве служби се ужас. Неуслужливи, згрешиле се на времето и сега и не сакаат да ги поправат грешките. А мислам дека намерно им е кажано да прават опструкции за да не добиваат луѓето БГ паасоши, затоа што уште кога ќе кажеш што бараш те гледаат на попреку и се мрштат и одбиваат да средат. Сакам да поднесам повторно документи до правосудие затоа што од ДАБЧ не сум сигурен дали ги однеле во правосудие, интервју бев 06-2018, на задолжителна сум и не сакам да чекам да ме одбијат поради немање документи во правосудие. Имав патешествие, и уште трае. Татко ми е роден во еден град, живеел во друг во кој и јас, а воедно дедо ми (на татко ми татко) е роден во трет град. Во на татко ми изводот, дедо ми го пишува со друго презиме, а во неговата посмртница си го пишува како што треба. И во трите града не сакаат да го сменат (а на времето поднел барање да го сменат). Кај на татко ми сестра (тетка ми) изводот од татко и (на татко ми татко-што е згрешен) во на тетка ми изводот си е таман, и идиотите не го мењаат. На нотар заверив со сведоци дека се работи за иста личност,+ од општината каде што е роден ми дадоа потврда дека е иста личност. НО ПОГОРЕ во некој пост прочитав дека такви изјави од МК нотар не важат во Бугарија, не знам дали ова ќе важи од општинава. Да не има некој овакво лошо искуство да каже мислење???